fbpx

Емоционалната исцрпеност – како да ја препознаеме и третираме?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Секојдневните ситуации, обврски и проблеми се понекогаш и очекуван извор на стрес. Тоа е сосем нормален дел од сечиј живот. Но, при подолги периоди со изложеност на стрес, може да се појават знаци за негово акумулирање и самото тоа да се манифестира преку промени и нарушувања во нашето здравје. Исцрпеноста се смета за изразен и чест проблем на денешницата. Таа може да биде физичка, но во продолжение ќе ја објасниме и дефинираме емоционалната исцрпеност – како да ја препознаеме и зошто доаѓа до истата?

 

Што претставува емоционалната исцрпеност и кои се првите симптоми?

 

Емоционалната исцрпеност претставува состојба при која се чувствуваме емоционално потрошени, односно уморни од константната изложеност на стресни ситуации. Луѓето кои проаѓаат низ ваков период често чувствуваат дека немаат контрола врз ситуациите во нивниот живот и имаат чувство на заробеност или заглавеност во проблемите. Доколку ваквата состојба трае подолг период, односно е хронична, може да предизвика сериозна штета врз здравјето – ментално и физичко.

Ниско ниво на енергија, лош сон или намалена мотивација се дел од симптомите, а и од ситуациите кои може да го отежнат пребродувањето на ваквата состојба.

"“Online”/

Дополнителни, чести симптоми се:

  • Надразливост
  • Физички замор
  • Чувство на безнадежност
  • Отсутност
  • Проблеми со концентрацијата
  • Нервоза
  • Намален апетит
  • Апатија

 

Што ја предизвикува ваквата состојба?

 

Како што споменавме, дневните ситуации е нормално и често може да се извор на стрес, но доколку тоа е за време на подолг и константен период, истото може да предизвика проблеми.

Емоционалната исцрпеност следува по пролонгирана изложеност на стрес, но важно е да се напомене дека стресот различно делува и различно го доживуваат луѓето. Дали некоја ситуација ќе предизвика стрес кај некого е индивидуално и не секогаш исто за останатите.

Fibro Gel

 

Најчестите извори на стрес и емоционална исцрпеност се:

  • Работно место кое вклучува работа под притисок
  • Стрес при школувањето
  • Долги и стресни смени
  • Принова во семејството
  • Финансиски проблеми
  • Семејни проблеми
  • Проблеми во врската

 

Здравствени проблеми кои може да се јават поради емоционална исцрпеност

 

Стресот поради кој доаѓа до ваквата состојба, може да предизвика и низа други здравствени проблеми. Хроничниот стрес делува негативно на имуниот систем, работата на срцето, метаболизмот и општата благосостојба.

Емоционалната исцрпеност го зголемува ризикот за:

  • Хипертензија
  • Настинки и ослабнат имунитет
  • Зголемена телесна тежина
  • Несоница
  • Анскиозност и депресија

За среќа, ваквата состојба се смета за состојба која лесно може да се третира. Најчесто се започнува со елиминирање на изворот на стрес, а доколку тоа не е можно, подобро и насочено справување со таквиот стрес.

 

 

Промени во секојдневието што може да помогнат со емоционалната исцрпеност

 

1 . Елиминирајте или намалете го стресот

Иако целосното елиминирање на стресот не е секогаш возможно, обидете се бар да ја намалите изложеноста на стресни ситуации. Исто така, начинот на кој се справуваме и гледаме на ваквите проблеми може многу да влијае на нивото на стрес. Некогаш нашите реакции се неосновани и прекумерни, а проблемите се не секогаш толку значајни и сериозни.

Одвојте време за себе, за пријателите и блиските, како и за некое ново хоби или активност. Сето ова може да помогне за полесно справување и намалување со стресот.

 

2 . Хранете се здраво

Здравата исхрана богата со овошје, зеленчук, житарки, извор на протеини и здрави масти – може да допринесе кон оптимално функционирање на нашиот организам. Како и остатокот од телото, мозокот има потреба од бројни нутриенти за негова правилна функција. Добрата исхрана исто така може индиректно да помогне со емоционалната исцрпеност со тоа што ќе го подобри сонот, нивоата на енергија, дигестијата, мотивираноста и сл.

 

3 . Физичка активност

Речиси нема област од менталното здравје каде физичката активност не се покажала како ефективна и корисна. Било каков тип на активност може да допринесе кон лачење на ендорфините и серотонинот. Науката ја има потврдено нивната позитивна улога и влијание врз расположението и менталното здравје на човекот. Вежбањето исто така го намалува стресот, ни помага да го тргнеме умот од проблемите и може да го подобри квалитетот на спиењето.

 

4 . Не го заборавајте сонот

Спиењето е исклучително важен дел од емоционалното здравје. Здравата „хигиена“ на спиење може да го подобри расположението и секојдневното функционирање. Обидете се да воспоставите редовни часови за спиење и тие да бидат во опсегот од 7-9 часа.

 

5 . Дадете си време за пауза и за социјализација

Fibro Gel

Повремено, одвојте време за да ги оставите обврските и проблемите зад вас и посветете си неколку часа на себе. Практикувајте некоја активност која ве релаксира или пак искочете на прошетка во природа со некој близок. Ваквите „мали“ секојдневни задоволства може навистина да ви помогнат да го намалите и контролирате стресот. Слободното време треба да биде за „обнова“ на самите себе и време кога се релаксираме и уживаме.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X