fbpx

Храни за повеќе ЕНЕРГИЈА!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Се чувствувате уморно, поспано и без енергија? Она што се наоѓа на вашата чинија може да биде една од причините за ваквата состојба.

Но, за среќа, може да биде и едно од решенијата.

Тоа што го јадеме има моќно влијание на општото чувство на енергичност, а енергичноста пак, влијае на тоа со каква ефикасност и ефективност ќе ги извршуваме сите поставени предизвици во текот на денот.

"“Online”/

Така, со паметно одбирање и комбинирање на времето и составот на оброците и ужините, можеме да си помогнеме во избегнувањето на чувството на безенергичност и поспаност во текот на денот.

8 совети за зголемување на нивото на енергија во текот на денот:

1) Jaдете почесто, но во помали количини.

Обемните оброци предизвикуваат лачење на поголеми количини на инсулин. Тоа предизвикува поголеми намалувања на нивото на глукоза во крвта, што пак води кон замор и поспаност. Прескокнувањето на оброци не е решение, тоа само ќе предизвика пообемно јадење во следниот оброк. Затоа, зачестеното јадење помали оброци или здрави ужини, може да го одржи нивото на глукоза во крвта постојано и да нè одржи сити и енергични во текот на целиот ден.

2) Пијте вода!

Дехидратацијата е честа причина за замор. Затоа, пијте доволни за вас, количини на вода во текот на целиот ден. Ова особено важи за оние што се физички поактивни, бидејќи трошењето на вода кај нив е поголемо. Заменете ги алкохолните и кофеинските пијалоци со вода или вода со лимон. Алкохолот и кофеинските пијалоци не само што можат да придонесат за полесна дехидрација, туку на еден начин ја исцрпуваат и енергијата.

3) Внимавајте со типот на грицки и ужини.

Избегнуваајте ги различните типови на колачиња, засладени газирани сокови, енергетските барови, лиснатите производи итн. Ваквите производи имаат поголеми количини на рафинирани шеќери, масти и други непожелни компоненти како на пример солта. Тоа прави да имаат голема енергетска вредност и да предизвикуваат големи подеми, а потоа и падови на нивоата на глукоза во крвта.

Овие падови предизвикуваат силно чувство на глад, па јадеме и кога не сме навистина гладни.
Наместо ова, оборците и ужините треба да бидат составени од сложени јаглехидрати, протеини и здрави масти. Јадењето ваква храна овозможува постепено апсорбирање на глукозата во крвта, а со тоа и продолжено чувство на ситост. Затоа идеална храна се полнозрнастите житарки, јатките и мешунките.

4) Внимавајте дали консумирате доволно витамин С

Повеќе студии покажале дека луѓето со повисоки нивоа на витамин С во крвта, имаат повеќе енергија од оние со пониски нивоа. Ова може да е случај заради тоа што витаминот С влијае на продукцијата на L-карнитин, аминокиселина која му помага на телото да согорува масти за енергија. Најдобар извор на витамин С се цитрусните овошја, кивите, јагодите, брокулите, пиперките итн.

5) Консумирајте што повеќе мешункаста храна!

Мешунките како грав, грашок, леќа, наут и други, се особено богати со растителни влакна. Растителните влакна ја успоруваат работата на дигестивните ензими и на тој начин предизвикуваат поспора деградација на сложените јаглехидрати во шеќери. Ова пак води кон постепена и продолжена апсорпција на глукозата во крвта што значи помали излачени количини на инсулин, оптимизирано ниво на глукоза во крвта и продолжено чувство на ситост и енергичност.

6) Почесто консумирајте овес!

Овесот, освен што е исклучителен извор на квалитетни растителни влакна (кои видовме зошто се значајни за енергетските нивоа), содржи и низа на витамини од В групата. Оваа група на витамини е значајна за катаболизмот на глукоза, односно метаболизмот на создавање енергија од согорување на глукоза.

7) Јаткасти плодови – енергетска бомба!

Јаткастите плодови се пакувани со различни корисни и здрави маснотии. Сепак, треба да се внимава со количините, бидејќи и калориската вредност кај нив е голема.

8) Бананата – крал на овошните закуски!

Бананата е помеѓу ретките овошки кои содржат поголемо количество на сложен јаглехидрат. Ова значи дека поспоро ќе се дигестираат, особено во комбинација во присустните растителните влакна. Освен што заради овие причини ќе ни обезбеди продолжено чувство на енергичност, бананата содржи и еден многу значаен минерал – калиумот.

Fibro Gel

При вежбањето освен што трошиме поголеми количества енергија, трошиме и од овој минерал. Затоа, особено ако често вежбаме, бананата е идеална ужина. Но, и во секој друг случај таа е идеална поради тоа што е природно соодветно пакувана и е лесно пренослива, без да се оштети.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X