fbpx

Дали ви се има случено? Чувство на ЕУФОРИЈА за време на ТРЧАЊЕТО. Како се случува?

tonus

Дали некогаш сте почувствувале дека и по повеќе истрчани километри, слободно и со задоволство би можеле да истрчате уште најмалку толку? Пријатно чувство на еуфорија кое ви помага да се релаксирате, смирите, па дури и целосно да заборавите на болките во мускулите поради предолгиот тренинг.

 

Ако сте ја имале среќа да го искусите ова чувство, треба да знаете дека всушност станува збор за т.н. трчачко чувство на еуфорија или трчачка еуфорија.

 

[Поврзано: Придобивките од редовната физичка активност не се само физички!]

"“Online”/

 

Но, не секој го има задоволството да го искуси ваквото извонредно искуство. Во продолжение, прочитајте многу повеќе околу чувството на еуфорија при трчањето, односно како и поради кои причини се појавува, како и зошто не е така лесно да го искусите.

 

Што поточно претставува т.н. трчачка еуфорија?



Трчачката еуфорија претставува релативно кратка и длабоко релаксирачка состојба на еуфоричност. Еуфоријата претставува чувство на екстремно задоволство и радост. Во овој случај, таа е поттикната од поинтензивното или пак долготрајното вежбање.

Физички активните луѓе што почувствувале трчачка еуфорија, имале намалена анксиозност и особено намалени болки веднаш по тренингот.

 

Како што веќе споменавме, не секој што трча ја има среќата да дојде до споменатата еуфорија, а исто така таа е тешка за ,,мерење”, бидејќи станува збор за субјективно чувство. Она што со сигурност знаеме е дека ваквото чувство за жал не е толку честа појава.

 

За да дојдете до трчачката еуфорија, потребно е  да трчате повеќе километри, веројатно повеќе пати. Почетоците се секогаш тешки и многу е поверојатно на почетокот да имате силно чувство на тежина по истрчани неколку километри, отколку да почувствувате некакво задоволство. Но, не треба да се откажете.

Сè што треба да направите е да бидете трпеливи и да не ги правите најчестите грешки. Многу повеќе на темата трчање, односно како да започнете и кои се најчестите грешки што треба да ги избегнете, прочитајте во една од нашите претходни статии: Што треба да знаете пред да почнете со џогирање? Трчање – корисни совети за почетници!

 

[Поврзано: Практични совети: КАКО да ЗАПОЧНАМ со физичка активност?]

Што се случува со нашето тело, но и со мозокот при трчањето?



Трчачката еуфорија не е единствениот психички бенефит од трчањето и физичката активност воопшто. Имено, постојат повеќе психички и физички корисни ефекти предизвикани од излачените хемикалии при трчањето и не секоја од нив е поврзана со кардиоваскуларниот систем.

 

[Поврзано: Физичката активност е можеби покорисна за мозокот, отколку за телото?!]

 

Трчањето и општо, т.н. аеробни вежби, поттикнуваат излачување на поголеми количества ендорфини во крвта. Се работи за хемикалии што често се нарекуваат и хемикалии на среќата, бидејќи водат кон интензивно чувство на задоволство и среќа.  Тие помагаат да чувствуваме помала болка при самото трчање, односно делуваат како природен аналгетик, помагајќи ни да издржиме подолг и поинтензивен тренинг.

 

Долги години истражувачите сметаа дека токму ендорфините се најодговорни за трчачката еуфорија, но сепак последните научни податоци укажуваат на една друга група компоненти – ендоканабиноиди.

 

[Поврзно: Физичка активност и превенција од малигни заболувања]

 

Овие молекули делуваат на нашиот ендоканабиноиден систем. Станува збор за истиот систем на кој му влијае THC молекулата или активната компонента на канабисот.

 

На сличен начин како ендорфините, вежбањето поттикнува излачување на вакви ендоканабиноиди во крвниот систем. што  ја прави возможна трчачката еуфорија.

 

[Поврзано: Зошто физичката активност нè расположува и ни го подобрува менталното здравје?]

 

Ендорфини

 

Ендорфините се неврохемикалии природно синтетизирани и излачувани од нашето тело. За нивната синтеза е задолжен нашиот централен нервен систем и хипофизата.

 

Тие делуваат на истиот дел од мозокот на кој што делуваат опијатите, како морфиум. Затоа се често се наречени хемикалии на среќата. Нивното излачување може да биде поттикнато од вежбањето, чувството на болка, стрес или пак при јадење или секс.

 

[Поврзано: Дали сексот се брои за физичка активност и колку е ризичен за срцето?]

 

Се работи за поголеми молекули, во споредба со другите телесни хемикалии. Ваквата големина го отежнува нивниот премин низ крвно-мозочната бариера – особено важен механизам на одбрана на телото од патогените и штетните молекули.

 

Заради овие причини, се смета дека ендорфините не можат да бидат одговорни за чувството на еуфорија при трчањето – мора да станува збор за нашто друго.

 

[Поврзано: Пешачење за СЛАБЕЕЊЕ – колку и како?]

 

 

Ендоканабиноиди



Тоа ,,нешто друго” всушност се споменатите ендоканабиноиди. Се работи за молекули што се доволно мали да ја поминат споменатата крвно-мозочна бариера и да делуваат на рецепторите на ендоканабоидниот систем – истиот систем што е активиран од THC, активната компонента на канабисот.

 

Анандамидот, тип на ендоканабиноид е најден во поголеми количества во крвниот систем на луѓето, непосредно по завршеното трчање. Постојат истражувања што директно ја поврзуваат оваа компонента со трчачката еуфорија. Ефектот на анандамидот води кон краткотрајни психоактивни ефекти, како намалена анксиозност, чувство на еуфорија и чувство на длабока смиреност.

 

Како и да е, значајно е да се каже дека истражувањата на тема мозок и ендоканабиноиди се сè уште ограничени.

 

[Поврзано: Зошто физичката активност е најмоќниот антиоксиданс?]

 

 

Други бенефити од редовното практикување на трчањето

 

Без разлика дали сте почувствувале или дали некогаш воопшто ќе почувствувате чувство на еуфорија поради долготрајното трчање, оваа активност има бројни корисни ефекти за нашето здравје на краток и долг рок. Затоа е важно да бидеме редовно физички активни, без разлика која активност ќе ја практикуваме и со кој интензитет.

 

[Поврзано: 5 изненадувачки придобивки од ПЕШАЧЕЊЕТО!]

 

Околу општите бенефити од редовната физичка активност, вклучително и од трчањето, дознајте повеќе со кликнување тука.

 

[Поврзано: Како седечкиот начин на живот БУКВАЛНО ни го скратува животот?]

 

 

Некои од најчестите корисни ефекти од трчањето се:

 

[Поврзано: Како до подобра КОНЦЕНТРАЦИЈА]

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор