fbpx

НОВА СТУДИЈА – ФИБРОГЕЛОТ може да помогне при НАДУЕНОСТ и ГАСОВИ?

tonus

Низ повеќето претходни статии зборувавме за многубројните извонредни ефекти на ФИБРОГЕЛОТ, односно природните расителни влакна псилиум.

 

[Поврзано: Кои се придобивки се можни од редовното користење на ФИБРОГЕЛ?]

 

Fybrogel е целосно природен производ, добиен од лушпите од семето на растението Plantago ovata. Ова растение може да расте ширум светот, но најспецифично е за индискиот полуостров. Секоја поединечна билка има потенцијал да создаде и до 15 илјади мали семиња, oбложени со гел, материја од која потоа се добиваaт лушпите на псилиумот – содржина особено богата со растителни влакна или фибер.

"“Online”/

Во светот се среќава и под други имиња: испагула, исабгол и сл.

Во продолжение ќе ги разгледаме резултатите од едно ново, интересно истражување на тема псилиум.

Псилиумот има потенцијал да ги намали гасовите и надуеноста?

 

Природните растителни влакна псилиум ги намалуваат гасовите кај пациентите со синдром на нервозни црева, поттиканти од инулинот – тип на растителни влакна. Ова се вели во новото истражување објавено во Neurogastroenterology и се додава дека овој процес на намалување не се одвива преку директно спречување на ферментацијата на инулинот во цревата.

 

[Поврзано: ,,Нервозни црева” – како да го препознаете овој синдром?]

 

Инулинот, тип на растителни влакна од групата фруктани, многу често се промовира како компонента со здравствени бенефити, односно компонета што ќе овозможни зголемување на внесот на растителни влакна во модерната исхрана кај која најчесто  недостасуваат.

[Поврзано: Како да препознаете недостаток од растителни влакна?]

 

Како и да е, едноставната линеарна структура на инулинот, во споредба со другите типови фибер е значително поположна на ферментативните процеси, што значи многу често овие влакна водат кон негативната појава – стомачни гасови. Ова е особено непријатно за лицата со синдром на нервозни црева (IBS).

 

[Поврзано: ГАСОВИ – 10 практични совети како да се ослободите од нив!]

 

И покрај клинички докажаните бенефити од ниско-ферментабилните олиго, ди и моносахаридите во однос на IBS, нашата корисна цревна микрофлора има потреба од ферментирање на продукти означени како пребиотици. Недостатокот на соодветно ферментабилни компоненти во исхраната, може да води до намалување на колониите корисни бактерии, нешто што навистина не сакаме да се случи, бидејќи може да има свои бројни негативни последици по општото здравје. Заради овие причини, потребен е одреден алтернативен пристап во третирањето на IBS.

 

[Поврзано: ПРИЧИНАТА за инстантното подобрување на цревата со ФЕРМЕНТИРАНАТА храна]

 

Истражувачите од споменатата студија употребуваат специјализирана технологија за да покажат како отворената мрежа од полимери на псилиумот ја ,,заробува” водата во тенкото црево и ja подобрува контролата на водата во дебелото црево, создавајќи еден вид лаксативен ефект.

 

 

Нешто повеќе околу истражувањето


За волонтери биле избрани пациенти со IBS (19 индивидуи, 15 мажи и 4 жени, сите на возраст од 19 до 65 години), регрутирани од системот на примарното англиско здравство и преку отворен повик за учество.

 

Испитаниците биле ставени на исхрана со низок внес на фибер ден пред и на самиот ден на истражувањето. На секој од нив му бил даван одреден стандардизиран пијалак со фиберна содржина. Биле поделени во 4 групи, првата група добила 20g инулин, втората 20g псилиум, третата по 20g инулин и псилиум, а четвртата 20g декстроза и служела како контролна, т.н. плацебо група.

 

MRI скенирања се извршени веднаш по пиењето на течностите, а потоа испитаниците биле следени во рок од 6 часови. По 210 минути, секој од испитаниците добил оброк од околу 340 калории (оризов пудинг, џем и сок од портокал). Потоа, на секој од нив му бил земен примерок од столицата за понатамошни анализи.

 

[Поврзано: Што може да ни каже изгледот на изметот на нашето здравје?]

 

Што велат резултатите?

 

Добиените резултати укажуваат на мал ефект на инулинот во тенкото црево, но брза ферментација во дебелото, што води кон зголемување на присуството на гасови. Резултатите исто така сугерираат дека гасовите во дебелото црево поттикнати од инулинот, можат да бидат инхибирани (спречени) во голема мера при конкрентната дигестија со псилиум влакната.

 

Изненадувачки, во ин витро студиите (лабораториските, на посадени бактериски колонии), комбинирањето на инулинот и псилиумот всушност води кон зголемување на продуцираните гасови. Тоа не е случај во ин виво истражувањето.

 

Главниот заклучок на истражувачите е следен: Спроведената мала студија покажува дека додавањето на псилиумот на инулинот, ја намалува продукцијата на гасови кај пациентите со IBS. Ова води кон заклучок дека избирајќи исхрана која вклучува соодветни количества вискозен фибер, пациентите можат да ја задржат добрата навика за внесување на храна богата со пребиотици (растителни влакна), без да имаат дополнителни проблеми со симптомите на IBS.

Потребни се повеќе клинички студии на оваа тема, за да се потврдат горенаведените претпоставки за механизмите според кои псилиумот ја има споменатата способност.

 

[Поврзано: 6 конкретни здравствени придобивки од ПРЕбиотиците!; Пребиотици за подобар сон?!]

 

 

 

Извор:

 

,,Psyllium reduces inulin-induced colonic gas production in IBS: MRI and in vitro fermentation studies”, 05.08.2021, Neurogsatroenterology

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор