fbpx

ФИБРОГЕЛ – за поуспешно и полесно СЛАБЕЕЊЕ!

tonus

Многу често на нашиот блог ги спомнуваме растителните влакна, бидејќи сметаме дека тие се еден од нутриентите кој е најчесто занемаруван и игнориран. Тие не се популарни како витамините, минералите и останатите нутриенти, а сепак имаат незаменлива и исклучително важна улога во нашето тело.

Преку производот „Фиброгел“ ние се обидуваме да ја подигнеме информираноста за растителните влакна, но и да помогнеме кај лицата кои недоволно ги внесуваат преку секојдневната исхрана. На нашиот блог има повеќе статии кои ги објаснуваат позитивните ефекти на псилиумот – познат и како „Фиброгел“. Дел од нив се: позитивно влијание на цревната перисталтика, контрола на шеќерот и холестеролот, намалена надуеност и сл.

Во денешната статија, ќе погледнеме и дискутираме за псилиумот односно „Фиброгел“ и неговото позитивно влијание во поглед на намалување и регулирање на телесната тежина.

"“Online”/

 

Што претставува Фиброгел?

Фиброгел (Fybrogel) е целосно природен производ, добиен од лушпите од семето на растението Plantago ovata. Ова растение може да расте ширум светот, но најспецифично е за индискиот полуостров. Секоја поединечна билка има потенцијал да создаде и до 15 илјади мали семиња, oбложени со гел, материја од која потоа се добиваaт лушпите на псилиумот – содржина особено богата со растителни влакна или фибер. Овие влакна, како и сите други видови на растителни влакна, се недигестибилни, односно нашиот организам нема соодвенти ензими за нивна дигестија. Но, Фиброгел е воглавно извор на вид растителни влакна наречени – растворливи влакна. Името укажува дека овој вид влакна се раствораат во вода, а притоа во цревата формираат и еден вид на желатинозна, гел структура. Ова е многу важно, бидејќи овој тип на влакна имаат сосема други здравствени бенефити во споредба со останатите, нерастворливи влакна. Повеќе на оваа тема може да прочитате во наша претходна статија.

Инаку Фиброгелот помага и при регулирање на високиот холестерол, триглицериди и шеќер во крвта. Холестеролот се регулира преку механизам на негово врзување при самото движење на растителните влакна во цревата.

Дополнително, псилиумот допринесува за подолготрајно чувство на заситеност и помага при регулирање на апетитот. Тоа пак допринесува кон полесна и подобра контрола врз телесната тежина. Една студија од 2011 година, покажува дека псилиумот внесен во форма на суплемент и во комбинација со исхрана богата со влакна, допринесува кон значителна намалена тежина и вредности за BMI (Body mass index) кај испитаниците.

Бидејќи е недигестибилен, псилиумот помага да се создаде поголем волумен на столица. Тоа одлично делува при нејзиното регулирање и е одличен начин да се реши проблемот со констипацијата. Телото воглавно добро реагира на псилиумот и истиот не формира никаков тип на зависност, за разлика од некои други лаксативи.

 

Како Фиброгел помага при слабеењето?

Еден од главните ефекти на растителните влакна е нивното заситувачко дејство. Тие допринесуваат за чувство на заситеност по оброкот, а го регулираат и апетитот во периодот меѓу оброците. Таа гел структура што ја градат растворливите влакна во цревата е главно заслужна за ваквото чувство и за побавното движење на храната низ цревата. Ваквата регулација на апетитот е особено важна и корисна за лицата кои сакаат да ослабнат. Исто така, влакната споменавме дека помагаат за нормалната функција и празнење на цревата. Ова е особено важно за целокупното здравје и индиректно може да помогне при слабеењето.

Друг доста важен ефект на Фиброгелот е неговото позитивно дејство врз нивоата на  холестерол и општо, кардиоваскуларното здравје. Позади ваквите тврдења постои низа на научни студии, кои покажуваат дека овој тип влакна може да помогнат да се намали LDL нивото на холестерол и да се подобри нивото на вкупниот холестерол. Преку подобрување на кардиоваскуларното здравје, доаѓа до подобрување и на сите други аспекти кои можат да го направат слабеењето полесно – олеснета и подобрена физичка активност, поздраво срце итн.

[Поврзано: ФИБРОГЕЛ  за намалување на холестеролот!]

За крај, Фиброгелот помага и да се одржи константно, стабилно ниво на шеќер по оброкот, ефект кој го постигнуваат сите растителни влакна. Ваквиот ефект е особено видлив со внес на растворливи влакна, кои го регулираат метаболизирањето на шеќерите од оброкот и допринесуваат за нивно побавно, континуирано и стабилно испуштање во крвотокот. Редовното земање на само една лажичка псилиум и слични вискозни растителни влакна, може да резултира со намалување на тримесечниот просек, но и на подобрување на останатите параметри важни за лицата со дијабет. Ова може навистина да помогне при процесот на слабеење и да биде особено корисно за лицата со дијабет, каде често покачената тежина е проблем.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор