fbpx

НОВА СТУДИЈА – Како растителните влакна во ФИБРОГЕЛ помагаат за подобра контрола на шеќерот

tonus

Во повеќе од претходните статии зборувавме за ФИБРОГЕЛ, односно за псилиумот и заклучивме дека тој има најефикасна примена кај констипацијата и проблемите со дијареа.

Како и да е, бројни истражувања утврдуваат исклучително позитивно дејство на овие растителни влакна и за најразлични други состојби, вклучително намален холестерол, помош при хемороиди, превенција од малигни промени на дебело црево, од кардиоваскурални заболувања, превенција од вишок килограми и помош во процесот на слабеење итн.

Денес, нешто повеќе околу една студија според која растворливите, вискозни растителни влакна можат да придонесат за подобра контрола на шеќерот во крвта.

"“Online”/

 

Што е ФИБРОГЕЛ (псилиум)?

 

Fybrogel е целосно природен производ, добиен од лушпите од семето на растението Plantago ovata. Ова растение може да расте ширум светот, но најспецифично е за индискиот полуостров. Секоја поединечна билка има потенцијал да создаде и до 15 илјади мали семиња, oбложени со гел, материја од која потоа се добиваaт лушпите на псилиумот – содржина особено богата со растителни влакна или фибер.

Во светот се среќава и под други имиња: испагула, исабгол и сл.


Растворливите растителни влакна можат да ја подобра контролата на дијабет?



Луѓето со дијабет што суплементираат растворливи растителни влакна, имаат пониско ниво на шеќер во крвта во однос на дијабетичарите кои ја немаат оваа навика. Ова се вели во едно истражување од 2019-тата година.

Истражувачите се фокусираат на суплементи што содржат вискозен фибер, тип на растворливи растителни влакна што формираат еден вид  гел кога се помешани со вода. Храната како мешунките, аспарагусот, овесот, лененото семе и слични продукти, содржат ваков вискозен фибер. Од суплементите, вакви се на пример гуар гумата, пектинот и псилиумот, односно растителните влакна на ФИБРОГЕЛОТ.

[Поврзано: ПЕКТИНИ – што се, каде да ги најдеме и ЗОШТО?]

Нешто повеќе околу студијата



За да ја испитаат врската помеѓу растворливите влакна од суплементите и крвниот шеќер, истражувачите анализираат податоци од 28 претходно спроведени клинички студии, со над 1300 испитаници што страдаат од дијабет. Испитаниците биле случајно избрани да користат вискозен фибер од суплементи, да користат суплементи што не содржат вакви растителни влакна или воопшто да не суплементираат никаков фибер.

[Поврзано: Како до подобра контрола кај дијабет?]

Половина од лицата што суплементирале вискозен фибер, како псилиумот (ФИБРОГЕЛОТ), секојдневно земале доза од 13g, во период од 3 недели, до 1 година. Во споредба со волонтерите што не го правеле ова, тие покажале поуспешна контрола во однос на крвниот шеќер. Што значи ова?

Испитаниците што редовно суплементирале псилиум, имале пониски нивоа на хемоглобин А1c, параметар што укажува на просечните нивоа крвен шеќер во период од три месеци. Тие исто така покажале пониски нивоа на шеќер во крвта на празен стомак, познато како ниво на глукоза при гладување.

[Поврзано: Тримесечен просек – извонредно важен тест кај дијабет!]

 

На што упатуваат добиените резултати?



Редовното земање на само една лажичка псилиум и слични вискозни растителни влакна, може да резултира со намалување на тримесечниот просек, но и на подобрување на останатите параметри важни за лицата со дијабет.

Не е нешто ново ако се каже дека поголемиот внес на растителни влакна е важен за секој човек, а особено за лицата со дијабет. Сепак, знаеме дека за жал западниот, модерен начин на исхрана како по правило подразбира дефицит од растителни влакна. Ваквиот дефицит или недостаток може директно и индиректно да се поврзе со низа т.н. заболувања на модерното време.

[Поврзано: НОВА СТУДИЈА – ФИБРОГЕЛОТ може да помогне при НАДУЕНОСТ и ГАСОВИ?]

Заради овие причини се наметнува и потреба од суплементирање со природни растителни влакна. Иако сите точни механизми според кои растителни влакна делуваат на смалување на крвниот шеќер не се целосно јасни, истражувачите сметаат дека тоа главно се одвива преку: нивното делување на ензимите во стомакот, односно спречувањето на нивната работа, со што се намалува гликемискиот индекс на храната; но и преку подобрувањето на микробиомот на дигестивниот систем.

[Поврзано: Што треба да знаете за особено важниот поим ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС?]

Фибер суплементите имар влијание врз повеќе параметри поврзани со дијабетичните нарушувања


Вредностите над 6,5 за хемоглобин А1с, укажуваат на дијабет. Суплементацијата со псилиум низ истражувањата се поврзува со намалување на тромесечниот просек за 0,58%, што е повеќе од 0,3% – минимум побарувањето на американските здравствени власти за да означат одреден лек/супстанца за антидијабетичен/а.

[Поврзано: Како предијабетот да не премине во дијабет?]

Покрај HbA1c, најдено е дека суплементацијата е корисна и за други маркери за дијабет, вклучително глукозата при гладување и инсулинската сензитивност.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – Сè почест проблем!]


Фибер суплементација за дијабет?



Иако се потребни многу повеќе истражувања, со подобра методологија, може да се каже дека постоечките податоци укажуваат дека можеби фибер суплементацијата треба редовно да се препорачува како дел од третманот и контролата на дијабетот тип 2.

Повеќе информации се потребни и во однос на ефектот на различните вискозни растителни влакна, како и за оптимизирање на начинот на ,,вградување” на фибер суплементацијата во секојдневните навики за исхрана.

[Поврзано: За што сè е добар ФИБРОГЕЛОТ?]

Извор:

,,Should Viscous Fiber Supplements Be Considered in Diabetes Control? Results From a Systematic Review and Meta-analysis of Randomized Controlled Trials”, Diabetes Care 2019 May

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор