fbpx

4 начини на кои ПСИЛИУМОТ Ви помага да СЛАБЕЕТЕ + најчести прашања

tonus

Многу често на нашиот блог ги спомнуваме растителните влакна, бидејќи сметаме дека тие се еден од нутриентите кој е најчесто занемаруван и игнориран. Тие не се популарни како витамините, минералите и останатите нутриенти, а сепак имаат незаменлива и исклучително важна улога во нашето тело.

Преку производот „Фиброгел“ ние се обидуваме да ја подигнеме информираноста за растителните влакна, но и да помогнеме кај лицата кои недоволно ги внесуваат преку секојдневната исхрана. На нашиот блог има повеќе статии кои ги објаснуваат позитивните ефекти на псилиумот – познат и како „Фиброгел“. Дел од нив се: позитивно влијание на цревната перисталтика, контрола на шеќерот и холестеролот, намалена надуеност и сл.

Во денешната статија, ќе погледнеме и дискутираме за псилиумот односно „Фиброгел“ и неговото позитивно влијание во поглед на намалување и регулирање на телесната тежина.

"“Online”/

Што претставува Фиброгел?

Фиброгел (Fybrogel) е целосно природен производ, добиен од лушпите од семето на растението Plantago ovata. Ова растение може да расте ширум светот, но најспецифично е за индискиот полуостров. Секоја поединечна билка има потенцијал да создаде и до 15 илјади мали семиња, oбложени со гел, материја од која потоа се добиваaт лушпите на псилиумот – содржина особено богата со растителни влакна или фибер.

Растителните влакна имаат калориска вредност приближна на 0!

Овие влакна, како и сите други видови на растителни влакна, се недигестибилни, односно нашиот организам нема соодвенти ензими за нивна дигестија. Следствено на тоа, нашето тело не може да ги претвори во егенрија или наслаги.

 Но, Фиброгел воглавно е извор и на вид растителни влакна наречени – растворливи влакна. Името укажува дека овој вид влакна се раствораат во вода, а притоа во цревата формираат и еден вид на желатинозна, гел структура. Ова е многу важно, бидејќи овој тип на влакна имаат сосема други здравствени бенефити во споредба со останатите, нерастворливи влакна. Повеќе на оваа тема може да прочитате во наша претходна статија.

Инаку Фиброгелот помага и при регулирање на високиот холестерол, триглицериди и шеќер во крвта. Холестеролот се регулира преку механизам на негово врзување при самото движење на растителните влакна во цревата.

Најчестиот недостаток во исхраната се растителните влакна

Хранливите влакна се дел од нашата исхрана безразлика дали ги внесуваме преку суплементи, како што е ФИБРОГЕЛОТ. Наједноставно кажано, растителните влакна се дел од структурата на растителната храна, всушност тие и го даваат обликот. 

[Поврзано: Јавниот здравствен проблем наречен недостаток на растителни влакна во исхраната]

Сите сме загрижени дали внесуваме доволно од нутриентите како протеини, масти, јаглехидрати, но растителните влакна некако се игнорираат. И тие мора да бидат внесувани секојдневно и тоа во поголеми количества – 30-40g.

Модерната исхрана подразбира многу процесирана, а се’ помалку свежа и растителна храна. Тоа води кон најчестиот недостаток – растителните влакна. Тука како многу важна се наметнува улогата на суплементирањето растителни влакна.

Како псилиумот поконкретно ни помага во намалувањето на телесната тежина?

  • Ја врзува водата во дигестивниот тракт – наједноставниот начин според кои растителните влакна (водорастворливите) придонесуваат во намалувањето на тежината. Врзувајќи ја водата, тие набабруваат и го зголемуваат волуменот во стомакот, промовирајќи сигнали кон мозокот што значат заситеност. Ова значи дека кога внесуваме доволно растителни влакна, полесно и побрзо се заситуваме.

  • Нема калориска вредност – телото нема начин да ги претвора растителните влакна во енергија и резервна енергија.

  • Придонесува за раст на добрите бактерии од корисната цревна микрофлора – ова значи подобро дигестивно здравје, како и подобар имунитет, превенција од заболувања итн. Но, растот на одредени корисни бактерии допринесува и за полесно намалување на телесната тежина. На пример, една класа на корисни бактерии, кога е добро ,,нахранета” со овој фибер, синтетизира т.н. кратковерижни масни киселини наречени ацетати. Тие влегуваат во крвотокот и стигнуваат до хипоталамусот – регион во мозокот што помеѓу другото го регулира чувството на заситеност. Ацетатот претставува сигнал за заситеност и запирање со јадење.

  • И можеби најважното: Псилиумот помага и да се одржи константно, стабилно ниво на шеќер по оброкот – ваквиот ефект е особено видлив со внес на растворливи влакна кои го регулираат метаболизирањето на шеќерите од оброкот и допринесуваат за нивно побавно, континуирано и стабилно испуштање во крвотокот.  

Најчести прашања:

    • Колку псилиум треба да се зема во текот на денот?

      Генерално, возрасен човек треба да консумира од 25 до 40g на ден (зависно од полот, возраста итн.). Дел од нив се внесуваат со храната, па 2-3 лажици псилиум прав на ден би биле доволни (не повеќе од 30g псилиум на ден). Многу е важно да започнете со помали дози, па потоа да зголемувате.

    • Кога е најдобро да се консумира псилиумот за слабеење?

      Како што рековме, тој нема калориска вредност и нема да води кон зголемување на шеќерот во крвта, така што може да се употребува и да биде корисен во било кое време. Сепак, во однос на слабеењето, најдобро е да се зема непосредно пред јадењето и да се зема во периодот кога внесувате храна во текот на денот. На пример ако јадете од 10 до 8 часот, најдобро е да земете 15-20 минути пред доручекот и 15-20 минути пред ручекот (и вечерата, ако земате 3 пати).

  • Дали може да се готви со псилиумот?

    Всушност, најдобриот ефект псилиумот го има кога се внесува заедно со оброците. Во следните статии ќе дадеме и примери како полесно да го вклучите псилиумот во различните рецепти. Пробајте да го направите нашиот ФИБРОГЕЛ ЛЕБ.

    [Поврзано: Рецепт за ФИБРОГЕЛ ЛЕБ]

    Псилиумот нема вкус, па така нема да ви пречи во ниеден контекст во вашите рецепти. Лесно може да се користи како замена за јајцата (емултароен ефект), може да се прават пудинзи, каши, смути напитоци, супи, касероли, па дури и да се додава на мелено месо итн.

  • Кои се можни несакани ефекти?

    Псилиумот е сосема природен продукт. Едноставно кажано, станува збор за лушпи од растение. Сепак треба да се внимава на дозирањето и распоредувањето. Ако го земате заедно или непосредно пред оброците, немојте да го правите тоа секогаш и со сите оброци. Некогаш земете и час, час ипол пред оброкот.

    При внесување на дози што се поголеми од 30g можни се одредени влијаниа врз апсорпцијата на одредени минерални нутриенти, како железо, калциум и цинк. Исто така, кај лицата кои претходно имале дефицит од фибер, можни се појави на помали дигестивни непријатности.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор