fbpx

Физичката активност е ПОЕФЕКТИВНА за СЛАБЕЕЊЕТО кога вежбаме на поладно време. ЗОШТО?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Имате намера да загубите килограми? Можеби ладните денови пред нас ќе ви бидат моќен сојузник!

Веќе подолго време е познато дека ладните температури придонесуваат за трошење на дополнителни калории. Во едно поново истражување уште еднаш се потврдуваат ваквите наводи.

Имено, во него се вели дека изложеноста на ниски температури допринесува за транформирање на типот на масното ткиво што се формира во нашето тело, но и за потенцијално поголемо ,,трошење” на калории од нашите вишоци или резерви.

"“Online”/

[Поврзано: Што всушност претставуваат калориите и колку треба да внесуваме на дневно ниво за да слабееме?]

 

Нешто повеќе околу истражувањето

За потребите на истражувањето, истражувачите диференцирале матични клетки (клетки што имаат потенцијал да станат било која друга клетка) во масни клетки. Процесот го спроведувале на нормална, телесна температура, а потоа и на нешто пониски температури.

Утврдиле дека кога температурите се пониски, клетките формираат тип  маснотии познати како кафени масти. Зошто е ова значајно?

Вакиот тип маснотии имаат потенцијал да му овозможат на телото да согорува повеќе калории со цел да ја задржи нормалната температура при поекстермни надворешни услови.

 

[Поврзано: Кои масни наслаги се поопасни, оние на струкот или пак на бутовите!?]

Секој човек има масно ткиво

Секој од нас има масно ткиво во одреден степен. Возрасните во најголема мера имаат т.н. бело масно ткиво, кое е цврсто и инертно и  служи како класична резервна енергија. Всушност, огромниот вишок масно ткиво е составено токму од белото масно ткиво.

Од друга страна, кафеното масно ткиво ,,служи” за забрзување на метаболизмот, што имплицира трошење повеќе калории за соодветно загревање при ладни надворешни услови. Всушност тоа е начинот според кој бебињата ја регулираат својата телесна температура, бидејќи немаат доволно мускулно ткиво кое би вибрирало за да ги загрее.

 

[Поврзано: Масти – постојат добри, лоши и најлоши! Што е разликата?]

 

Претходно се сметаше дека кафеното масно ткиво целосно го губиме со текот на годините или после периодот на детството, но според последните податоци сега знаеме дека барем мали количества од овие маснотии се застапени и кај возрасните луѓе.

Ваквите сознанија даваат надеж дека научниците ќе најдат начин како поинтензивно да го активираат, па дури и да го зголемат растот на ваквото кафено масно ткиво во нашите тела. Тоа би било особено важно за дополнително согорување на калории, вклучително на ,,складираните” калории во белите масни наслаги околу нашиот струк. 

Споменатото истражување нè води чекор поблизу кон оваа цел.

 

[Поврзано: ДЛАБОКО масно ткиво, можеби невидлив, но ОПАСЕН НЕПРИЈАТЕЛ!]

Искористување на моќта на кафеното масно ткиво


Како што веќе споменавме, постојат бројни податоци дека изложеноста на пониски темпреатури ја поттикнува синтезата на кафените масти, но самиот механизам според кој се одвива ваквиот процес засега е непонат.

Како и да е, се смета дека промените одговорни за синтезата најверојатно се поттикнати од нервниот систем и од нашите навики за исхрана кога ни е ладно. Студијата која ја дискутираме покажува дека и помалите промени во температурата, можат да поттикнат активирање на матичните клетки и синтеза на кафени маснотии на целуларно ниво.

Ова откритие се покажува како многу ветувачко во однос на три работи.

Прво, помага во утврдувањето на поконкретниот механизам што води кон продукција на кафено масно ткиво. Второ, покажува дека и помалите температурни промени се доволни (во студијата кафените маснотии почнуваат да се продуцираат веќе на 32 степени) во поттикнувањето на синтезата. Трето, истражувачите укажуваат дека продукцијата на кафени маснотии зависи во одредена мера и од промените во средината и не е нужно поврзано со специјализираните клетки кои секогаш ги продуцираат ваквите маснотии.

Добрите вести од споменатата студија што ги нагласуваат нејзините креатори се дека нашите клетки не се природно програмирани да формираат бело масно ткиво и дека матичните клетки можат позитивно да одговорат во оваа смисла, ако им влијаме соодветно преку здравиот начин на живот.

 

 

Причина плус да бидете физички активни и кога времето е поладно и понепријатно за вежбање!

Истражувањето не ни покажува точно на колкава температура и во колкав период е потребно да се изложуваме за да продуцираме кафено, наместо бело масно ткиво.

Тоа ни укажува дека има одредена научна основа да веруваме дека изложувајќи се на поладни температури ќе си помогнеме во намерата да се ослободиме од вишокот масни наслаги.

Затоа, добро е, ако ги немаме, да создадеме навика за редовна физичка активност кога надвор времето е поладно или да продолжиме да сме активни и кога е ладно.

Значи, ладното време не треба да ни биде оправдување за останување дома, туку напротив.

 

[Поврзано: Практични совети: КАКО да ЗАПОЧНАМ со физичка активност?]

 

Кои се потенцијалните корисни ефекти од туширањето со ладна вода, дознајте на следниот линк: Туширање со ладна вода, дали има научна основа за здравствени придобивки?

Fibro Gel

Извор:

,,Low temperature exposure induces browning of bone marrow stem cell derived adipocytes in vitro” , 21 March 2018 Nature

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X