fbpx

Прележавте корона? Како безбедно да се вратите на физичката активност?

tonus

За некој месец пандемијата со коронавирусот ќе трае полни 2 години, а значен дел од населението веќе го има ,,поминато” вирусот. Овој факт, како и многубројните активни случаи на Ковид-19, несомнено ја наметнуваат потребата од повеќе информации за самиот тек на болеста, но и секојдневнието непосредно по прележувањето корона.

[Поврзано: 10-те НАЈЧЕСТИ прашања од пациентите со Ковид-19 и нивните блиски]

Заради овие причини, решивме да посветиме повеќе статии на оваа проблематика. Во продолжение, како постепено да се вратиме во нормала со нашите навики за физичка активност, по прележана корона?

"“Online”/

Зошто е важно да сме редовно активни?

На оваа тема сме зборувале навистина многу. Што е најважно да се запамети?

Редовната физичка активност е еден од клучните елементи на она што се подразбира под здрав начин на живот. Редовната активност, помеѓуостанатото, ќе ни помогне:

Повеќе на оваа тема, дознајте на следниот линк: Придобивки од физичката активност!

Позитивниот тест на коронавирусот во најмала рака значи неколку неделна изолација, што имплицира и немање физичка активност. Kај симптоматските случаи неретко се јавува хроничен замор, истоштеност и ,,залеженост”. Најдобар лек за справување со нив е враќањето на физичката активност во нашето секојдневние.

Дополнително, знаеме дека чест проблем при Ковид-19 инфекцијата се нарушувањата во згрутчувањето на крвта и проблемите со дигестијата. Познато е дека редовната активност со низок интензитет ја намалува можноста за згрутчувања во венскиот систем и го подобрува варењето на храната.

[Поврзано: Ковид-19 и згрутчување на крвта. Што се тоа D-димери?]

Многумина се загрижени да не си направат штета доколку почнат да вежбаат набрзо после болеста, се прашуваат колку време треба да одмораат по прележувањето и како повторно да се вратат на вежбањето или рекреацијата што им била навика.

Нормално е дека постојат ризици, но тие највеќе важат за лицата што имале тешка кличничка слика. Така на пример, ако имало воспаление на срцевиот мускул, се препорачува мирување во времетраење од 3 до 6 месеци.

Важно е да се каже следното: генерално земено, може да се заклучи дека многу повеќе треба да ни биде ,,страв” од пандемската форма на физичка неактивност помеѓу населението, отколку од некакви евентуални последици од вежбањето по прележан Ковид без посериозни компликации (како што е во најголемиот дел од случаите).

[Поврзано: Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето? И веројатно е лошо колку и пушењето!]

,,Распоред” за постепено враќање на физичката активност по Ковид-19

Секако, додека трае болеста, силно се препорачува изолирање од сите луѓе, но и соодветно мирување, односно одмор, добро хидрирање, користење препорачана суплементација и терапија, како и правилна исхрана.

[Поврзано: 3-те најкористени суплементи за Ковид-19]

Временскиот интервал што треба да помине пред да започнете или да се вратите на редовните навики за физичка активност главно зависи од тоа колку тешка клиничка слика сте имале или колку ви биле тешки симптомите.

Заради тоа што сè уште не постојат цврсти докази за формирање протоколи што треба да се следат во однос на враќањето на физичката активност после Ковид-19, мораме да се потпреме на мислењата на експертите, односно на формираниот нивен консензус кој засега постои во однос на физичката активност по Ковид-19. Според нивното мислење, враќањето треба да почне најмалку една недела по завршувањето на симптомите, да биде постепено и индивидуализирано.

Доколку сте биле хоспитализирани или пак сте имале тешки симптоми, како недостаток од здив, болки во градите, палпитации, неправилна работа на срце или пак тежок, хроничен замор кој не поминува со поминувањето на другите симптоми, задолжително обратете се на медицинско стручно лице пред да имате било каква физичка активност.

Фази за безбедно враќање на физичката активност после прележан Ковид-19 според Американската Кливеленд Клиник и thebmj:

По позитивниот тест потребно е целосно да се мирува 10 денови, дури и ако не се појават никакви симптоми. Ако веќе се појават било какви симптоми, за да почнете со било каква активност, потребно е да поминат најмалку 7 денови во одмор.

1. Фаза: Лесна активност (се препорачува оваа фаза да трае околу 7 денови)

– По поминувањето на споменатите 10 денови или повлекувањето на симптомите (ова не важи само за изгубениот мирис!), можете да почнете со практикување со лесни вежби, како вежби за истегнување, дишење, прошетки, возење статичен велосипед, работење во градината, извршување домашни работи итн. Вежбите со тежина и поинтензивните активности во оваа фаза сè уште не се препорачуваат.
– Траењето на активноста се препорачува да биде до 15-тина минути
– Интензитетот се препорачува до 70% од максимумот на пулсот.

2.Фаза: Лесна до умерена активност (се препорачува оваа фаза да трае најмалку 7 денови)

– Пешачење, лесно возење велосипед, лесни вежби со тежина, склекови, џуџњеви и слични вежби со сопствената тежина.

– Траењето на активноста се препорачува да биде до половина час.

– Интензитетот на вежбите пак, до 80% од максимумот на пулсот.

3. Фаза: Умерена до слабоинтензивна активност (се препорачува оваа фаза да трае најмалку неколку дена)

– За оние што имаат навика или за оние што сакаат, веќе може да почнат со лесни тренинзи: одредени понезахтевни спортови, брзо пешачење, возење велосипед, вежби со тежина.
– траењето на активноста да не биде повеќе од 45 минути.
– интензитетот на вежбите се препорачува да биде до 80% од максимумот на пулсот.

4. Фаза: Умерена до интензивна активност (се препорачува оваа фаза да трае најмалку неколку денови)

– брзо пешачење, џогирање, покомплексни тренинзи, позахтевни спортови, вежби со тежина и слично.

– траењето на активноста да не биде повеќе од 1 час.

5. Фаза: Враќање во ,,нормала”. (се препорачува оваа фаза да трае најмалку 2 тренинзи)

  • Ако претходно сте биле редовно физички активни, попосветено или рекреативно, време е да направите тренинг како пред соочувањето со Ковид-19.

6. Фаза: период по минатите минимум 2 дена од 5-тата фаза, во кој можете да почнете да размислувате за напредување, односно за прогресирања во тренинзите, што и да значи тоа во вашиот случај.

Пред да почнете со било какви активности:

  • Задолжително консултирајте се со лекар доколку сте имале потешки симптоми или сте биле во болница.
  • Бидете сигурни дека сте ментално и физички подготвени за активност.
  • Ако во било кој момент, едноставно не се чувствувате добро, запрете со активноста. Активностите во сите фази (освен 6-тата) треба да делуваат пријатни во секој момент.
  • Бидете свесни дека болките во мускулите се нормална работа после долгата неактивност, но не треба да траат повеќе од неколку денови.
  • Немојте да очекувате веднаш да се чувствувате како претходно.

Целосното враќање во нормала или враќањето на претходното ниво на концидиција, може да биде спор и фрустрирачки процес. Кај некои луѓе враќањето оди глатко и брзо, кај други многу потешко, па заради овие причини, потребно е:

  • Да бидете трпеливи – немојте да вршите ,,притисок” на организмот кој можеби се уште не е целосно опоравен. Дајте си време.
  • Да си го слушате телото – Ако почувствувате било какви симптоми, без разлика дали во текот на вежбањето или во деновите по првичното исчеснување на симптомите, не се колебајте веднаш да ја прекинете активноста и да се консултирате со лекар. Можни несакани симптоми: болка во градите, неправилен ритам на срцето, главоболка, вртоглавици, гадење, недостаток од здив и слични специфични симптоми. Немојте да се ставете себеси во ризик. Вирусот е сè уште нов и не знаеме какви потенцијални импликации би можел да има на подолг рок.
  • Да не претерувате со интензитетот – Нема потреба да брзате за да се вратите на ,,претходното ниво”. Дајте си време и постепено напредувајте, следејќи ги споменатите 6 фази. Поминувајте што е можно повеќе време во секоја од првичните фази.

Извори:

https://www.bmj.com/content/372/bmj.m4721

https://my.clevelandclinic.org/?_ga=2.108064580.730658409.1615639881-2115951644.1615200604

https://news.hss.edu/hss-experts-release-evidence-based-guidelines-for-returning-to-recreational-exercise-after-covid-19/

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор