fbpx

Може ли ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ да го намали ризикот за ДЕМЕНЦИЈА?

tonus

Луѓето често ја избегнуваат физичката активност бидејќи мислат дека за истата е потребно многу слободно време, но и физичка подготвеност. Но, за физичка активност се сметаат и секојдневни активности како: работа низ домот, пешачење, работа во градина, возење велосипед и сл. Бенефитите од овие активности се многубројни, а денес ќе дискутираме за студија која го поврзува пешачењето со здравјето на мозокот и намален ризик за деменција

Зошто е важно да сме физички активни?

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

"“Online”/

      Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.

      Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.

      Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.

      Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.

      Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност.

Зошто е важна физичката активност кај постарите лица?

Проценките се дека луѓето над 65 години, во просек, поминуваат 10+ часа во денот, во седечка или легната положба. Ваквата неактивност има значаен ефект врз нивното здравје. Ризикот од пад, срцеви заболувања и предвремена смрт се зголемува поради ваквиот начин на живот.

Со самото стареење, евидентно е дека телото мора да се раздвижува доколку сакаме квалитетен  живот. Најобичните секојдневни активности, како прошетки, пазарење или дружење со пријателите може да бидат отежнати или спречени поради недоволната активност. Можно е да се јават болки во делови од телото што претходно не ни претставувале проблем.

Истражувањата се неоспорни и навистина бројни се придобивките од физичката активност, како за старите лица, така и за сета останата популација. 

Како пешачењето може да помогне со здравјето на мозокот и да го намали ризикот за деменција?

Статистиката вели дека околу 55 милиони луѓе ширум светот страдаат од деменција. Со стареењето на популацијата и продолжување на животниот век, ваквите бројки се проценува дека дополнително ќе растат. Добрата вест е што физичката активност може да допринесе за намалување на ризикот. Токму ова било областа на една неодамнешна студија, која ја проучувала поврзаноста меѓу пешачењето и ризикот од деменција.

Во студијата биле вклучени околу 78.400 испитаници, на просечна возраст од 61 година. Сите биле здрави, без нарушено кардиоваскуларно здравје и без деменција на почетокот на студијата. Перидот на следење бил околу 7 години. Во тој период тие носеле специјален уред на нивниот зглоб кој го мерел нивото на физичка активност. Во текот на студијата, околу 866 испитаници или 1,1% развиле деменција.  

Што покажале резултатите?

Студијата покажала дека бројот на чекорите, како и интензитетот на пешачењето, директно влијаат врз ризикот за деменција. Најдобри резултати – околу 50% намален ризик за деменција, имале испитаниците кои пешачеле околу 10.000 чекори на ден. Над овој број на чекори, значителен пад на ризикот не бил воочен. Добрата вест е што испитаниците кои пешачеле околу 4.000 чекори дневно (бројка која е изводлива и лесна за секого), имале за 25% намален ризик. Научниците од студијата потенцираат дека никогаш не е доцна за започнување со било каква форма на физичка активност, а за истата навистина не е потребно многу труд или време. Ваквите резултати се надоврзуваат на претходни истражувања и студии, кои физичката активност ја поврзуваат со подобрено ментално здравје и когнитивни функции, како и намален ризик за Алцхајмерова болест.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор