fbpx

ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ го продолжува животот на ВОЗРАСНАТА ПОПУЛАЦИЈА!

tonus

На нашиот блог доста често зборуваме за важноста од редовна физичка активност. Тоа важи за секого, а особено за повозрасните, каде физичката активност навистина може многу да допринесе за одржување на здравјето и подвижноста. Поради тоа, во продолжение ќе зборуваме малку повеќе за физичката активност, а ќе издвоиме и една студија која покажува колку таа може да биде корисна, па дури и да го продолжи животот на повозрасните.

Зошто е важно да сме физички активни?

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

"“Online”/
  •     Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.
  •     Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.
  •     Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.
  •     Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.
  •     Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност и токму за ова ќе зборуваме во продолжение.

Зошто е физичката активност особено важна за повозрасната популација?

Без разлика на возраста и физичката подготвеност, никогаш не е доцна да се започне со вежбање. Како што старееме, сосем е нормално нивото на енергија и еланот за било каква физичка активност да се намалува. Но, ова не значи дека треба трајно да се откажеме од вежбањето и бенефитите кои истото ги носи.

Кај повозрасните лица, бројните здравствени проблеми, зголемената телесна тежина, намалената енергија и подвижност може да се главен фактор за нивната неактивност. Ваквите околности не треба да доведат до обесхрабрување, бидејќи навистина и најмалата активност е корисна за нашето здравје.

Проценките се дека луѓето над 65 години, во просек, поминуваат 10+ часа во денот, во седечка или легната положба. Ваквата неактивност има значаен ефект врз нивното здравје. Ризикот од пад, срцеви заболувања и предвремена смрт се зголемува поради ваквиот начин на живот.

Со самото стареење, евидентно е дека телото мора да се раздвижува доколку сакаме квалитетен  живот. Најобичните секојдневни активности, како прошетки, пазарење или дружење со пријателите може да бидат отежнати или спречени поради недоволната активност. Можно е да се јават болки во делови од телото што претходно не ни претставувале проблем.

Истражувањата се неоспорни и навистина бројни се придобивките од физичката активност, како за старите лица, така и за сета останата популација. 

Студија – редовната физичка активност може да го продолжи животот на повозрасните, без разлика на гените

Целта на оваа студија била да се согледа дали физичката активност може да го продолжи животниот век на повозрасните, без разлика на нивните генетски предиспозиции. Во студијата биле вклучени над 5000 повозрасни жени (над 63 години), а нивната состојба била следена во период од 8 години. Во студијата фокуссот бил на степенот на физичка активност, кардиоваскуларното здравје и ризикот од повреди. Резултатите исто така овозможиле научниците да направат поврзаност меѓу физичката активност и ризикот за смртност, рак, когнитивното здравје и сл.

Студијата покажала дека физичката активност (лесна до умерена) била поврзана со намален ризик за смртност, додека жените кои претежно седеле и не биле физички активни, имале зголемен ризик. Интересно е што овие резултати биле валидни и покрај вклучување на генетските фактори и предиспозиции на испитаничките. По утврдување на генетските ризик фактори, 36% од испитаничките имале висок  ризик, 33,1% имале умерен, додека 30,9% имале низок ризик. Оние со низок ризик, всушност биле и помлади, поактивни и биле повеќе физички активни. Ваквите резултати би значеле дека дури и за оние кај кои генетските фактори би довеле до пократок животен век, физичката активност може да влијае позитивно на неговото продолжување. Научниците нагласуваат дека гените имаат голема улога, но тие не се во целост нашата „судбина“. Со позитивни животни навики: здрава исхрана, редовна физичка активност, поактивен живот и сл. – ние можеме да го продолжиме нашиот живот. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор