fbpx

Редовната ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ значи помалку лекови кај МЕТАБОЛНИОТ СИНДРОМ – Нова студија

tonus

Иако во последно време сè повеќе се зборува за него, многумина не знаат што всушност претставува метаболен синдром. Означувањето на оваа состојба како засебна дијагноза е предмет на дебата и помеѓу докторите, односно многумина се на ставот дека метаболниот синдром не може да биде сметан за засебна дијагноза.

Како и да е, општо прифатена дефиниција е дека метаболниот синдром е кластер или збир од повеќе метаболитички нарушувања (ризик-фактори), кои се појавуваат заедно, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијбетес тип 2. Некои го нарекуваат и синдром на инсулинска резистентност.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – Сè почест проблем!]

"“Online”/

Под збир од метаболитички нарушувања се подразбираат висок крвен притисок, зголемено ниво на глукоза во крвта, повишени маснотии и холестерол во крвта, обезност и некои други состојби. Имањето на една од нив, не значи дека имате метаболен синдром, но тие многу често се јавуваат во комбинација.

Сè почест проблем

Имајќи ја предвид мултисистемската природа на оваа состојба, лесно може да се заклучи колкава би била нејзината распространетост. Дополнително, јасно е дека овие лица често би морале да земаат лекарства, некогаш и повеќе од неколку едновремено. Статистиките од САД велат дека повеќе од ⅓ од лицата со метаболен синдром, земаат два или повеќе лекови во текот на денот.

Лекарствата често се неопходност, но тие неретко создаваат и несакани ефекти, а дозирањето се зголемува со текот на годините, со што се зголемуваат шансите од споменатите несакани ефекти.
Бројните лекарства се и товар за здравствениот систем на заедницата.

Затоа, имплементацијата на ,,лајфстајл стратегиите” не само што придонесува за превенција од заболувањата, туку води и кон намалување на потребата од лекарства кога веќе состојбата постои, без притоа да се изгуби ,,контролата” над ситуацијата. Така, здравиот начин на живеење силно допринесува и на индивидуално, но и на колективно ниво.

[Поврзано: ЛАЈФСТАЈЛ МЕДИЦИНА – Што значи и со што се занимава?]

Редовна физичка активност – навика за која телото дефинитивно ќе ви биде благодарно

Помеѓу неколкуте најзначајни лајфстајл добри промени е почнувањето со редовно практикување на физичка активност. Низ претходните статии видовме колку најразлични бенефити можеме да имаме од неа.

[Поврзано: Утринските прошетки можат да имаат терапевтско дејство при покачен крвен притисок]

Во продолжение, повеќе околу една студија што испитувала дали физичката активност може да помогне за намалување на потребата од лекарства при метаболен синдром.

[Поврзано: ФИБРОГЕЛ за МЕТАБОЛЕН СИНДРОМ]

Повеќе околу истражувањето

Испитаниците во оваа студија биле средовечни луѓе со метаболен синдром и препишана терапија. Поголемиот дел од нив мажи на возраст околу 50-тина години. Најголемиот дел од нив не биле воопшто физички активни. Истражувачите случајно ги распределиле во две групи, едната група практикувала програма со физичка активност (трипати неделно поинтензивно возење на статичен велосипед), додека другата била контролна група. Програмата траела 4 месеци во текот на годината, во интервал од 5 последователни години.

Следењето на волонтерите траело повеќе од 5 години и подразбирало: мерење на телесната тежина, крвниот шеќер, инсулинската сензитивност, притисокот, липидниот профил (триглицериди и холестерол), обемот на струкот, содржината на масно ткиво (висцерално) итн. Во анализирањето на податоците, во предвид била земена и навиката за исхрана (квалитетот и внесените калории).

Добиените резултати се ветувачки

Целта на истражувањето била да се процени ефективноста и ефикасноста на редовната физичка активност при третирањето на метаболниот синдром и дали таа може да делува на потребата од лекарства.

По минатите 5 години, волонтерите од групата која не практикувала физичка активност, имале двојно зголемување на потребните лекарствата за контролирање на метаболниот синдром. Физички активните пак, немале потреба од нови лекови и зголемувања на дозите од старите.

Ова е само едно во низата истражувања што конзистентно покажуваат дека лајфстајл промените можат да поттикнат намалување на потребата од лекарства, но и намалување на лекарствата што веќе се користат.

Ова особено важи за лицата со покачен крвен притисок и оние со нарушен шеќер. Имено, една понова мета-студија укажува на тоа дека редовната физичка активност кај лицата со покачен крвен притисок може да делува слично на намалувањето на притисокот, како и самите лекарствата за хипертензија.

[Поврзано: Што претставуваат изометриските вежби и зошто се поврзуваат со намален крвен притисок?]

Како главен заклучок од ова истражување може да го наведеме следното:

Редовната физичка активност има СИЛЕН потенцијал да ја намали потребата од лекарства кои инаку би биле неопходни кај метаболниот синдром. Ваквите намалувања што ги покажува истражувањето биле независно од тоа дали испитанците слабееле и без разлика на типот на исхрана што го имале. Тоа би значело дека доколку се смени и исхраната, споменатиот позитивен ефект би можел да биде уште посилен.

Oвие заклучоци можат да најдат силна примена во секојдневнието на огромен број луѓе, имајќи предвид дека метаболниот синдром е силно распространет, а уште пораспространети се нарушувањата што тој ги обединува.

Извор:

,,Exercise Reduces Medication for Metabolic Syndrome Management: A 5-Year Follow-up Study”, Med Sci Sports Exerc. July, 2021

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор