Нашето секојдневие често има динамично темпо, па тоа ги диктира и нашите навики на јадење. Појадокот е оброкот за кој некако најмалку имаме време, а кој од друга страна е клучен во стартувањето на денот. Тој го активира метаболизмот, ни дава енергија и ни овозможува лесно и фокусирано да го започнеме денот. Но, често поради брзање или поради јадење на појадокот надвор, се одлучуваме за некои не толку здрави опции. Во продолжение ќе ги издвоиме еден интересен хранлив рецепт
Што значи добар и здрав појадок и зошто е истиот важен?
Појадокот е првиот оброк во денот и е првата храна која ја внесуваме по спиењето, односно по ноќниот „пост“. Тој го „буди“ нашиот метаболизам и дигестија и ги обновува нивоата на шеќер во крвта. Сето тоа ни дава енергија за да може денот да ни започне. Покрај тоа, тој ја подобрува будноста и концентрацијата и обезбедува низа на нутриенти потребни на организмот.
Појадокот бил тема на бројни истражувања и истите утврдиле одредени бенефити од неговото практикување. Се смета дека појадокот допринесува кон подобра регулација на телесната тежина, намален ризик од појава на тип 2 дијабет и срцеви заболувања.
Шарена фритата
Покрај полнозрнестите житарки, нискомаслените млечни продукти и свежата храна, јајцата можат лесно да се вклопат во она што значи здрав доручек/вечера.
Затоа во продолжение ќе дадеме интересен рецепт – Шарена фритата.
За овој рецепт, потребно ќе ви биде:
- 5 поголеми јајца
- до 200ml јогурт или грчки јогурт
- Неколку покрупно исецкани чери доматчиња
- 1 црвен кромид, ситно исецкан
- Неколку ситно исецкани или изрендани моркови
- Неколку црвени и зелени пиперки, ситно исецкани
- Околу 100g спанаќ
- Oколу 100g фета сирење, ситно издробено
- Малку сол, бибер, балсамико и ладно цедено маслиново масло
- Зелени тревки за гарнирање, суви или свежи (босилок, магдонос, копар или слично)
Начин на подготовка:
- Најпрво загрејте ја рерната на 180 степени.
- Во меѓувреме, на една рамна тава напрскајте го маслиновото масло, а откако ќе се загрее, додајте ги зеленчуците – најпрво црвениот кромид, потоа пиперките, морковите, доматите и санаќот. Кратко пропржете.
- Во подлабок сад скршете ги јајцата и добро изматете ги, додавајќи од јогуртот. На крајот додајте и малку бибер.
- Содржината додајте ја во тавата во која го пропрживте зеленчукот. Додајте ја и дробената фета, па ставете ја тавата во рерна и печете 20 до 25 минути со повремено надгледување.
- Извадете ја фритатата и послужете со гарнирот по избор.
- Овој рецепт прави 2 порции.
Нутритивна вредност:
(на една порција)
580 Калории; 21g Јаглехидрати, од кои 7g Растителни влакна и 19g Шеќери; 30g Масти; 47g; Протеини; Витамин Е; 310mcg Витамин К; 250mcg Фолна киселина; 1mg Витамин Б6: 0,5mg; Витамин Б1: 1,8mcg Витамин Б12; 750mg Фосфор: 1mg; Maнган; 4,5mg; Железо; 1340mg Калиум; 5mg Цинк; 700mg Калциум; 66mcg Селен