fbpx

5 начини за природна помош кај ГАСТРИТИС

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Многумина страдаат од гастритис, воспалително заболување или иритација на желудочната површина. Тој може да се појави одеднаш (акутен гастритис), траејќи еден до три дена, или да биде во хроничен облик, траејќи со недели и месеци.

Медикаментите можат значително да помогнат и да ги намалат симптомите, но нивната употребна вредност е до тука. Промената на исхраната е клучниот потег кој може значително да помогне во третирањето на коренот на ова заболување, со што на природен начин, дигестивниот тракт би се вратил во нормала.


Симптоми

Воспалението во желудникот (гастритисот) може да предизвика:

"“Online”/

• Киселини во желудникот (чувство на горење во стомакот и градите)
• Гадење и повраќање (некогаш повраќање и содржина во која има и крв и црн матријал кој наликува на кафе)
• Губење на апетит
• Болки во стомакот и градите
• Непријатно икање
• Премногу темна столица


Вообичаен третман за гастритис и начин на исхрана погоден при ова заболување

Конвенционалното лекување подразбира земање медикаменти за неутрализирање на стомачните киселини или за нивно намалување. Овие лекови делуваат веднаш и симптомите се губат, но постојаната нивна употреба може да има и несакани ефекти, кои можат да водат до потешки проблеми како остеопорозата или состојба наречена хипохлорхидрија, премало ниво на желудочна киселина.

Сите медикаменти за гастритис на еден начин ги ,,маскираат” неговите симптоми и не се трајно решение. Затоа, потребно е да усвоите исхрана која ќе делува директно на причините, односно ќе помогне да се нормализира состојбата во вашиот дигестивен тракт.

Fibro Gel

4 најчести причини за развивање гастритис

Постојат неколку причини зошто луѓето развиваат гастритис – хроничен стрес, некое автоимуно заболување, некој вид инфекција, честа жиговина, но и некои други поретки причинители. Сепак, најчесто симптомите на гастритис започнуваат со една од следните 4 состојби:

1) Helicobacter pylori бактеријатаречиси половината од светското население ја има оваа бактерија која најчесто не предизвикува некакви несакани симптоми, па луѓето не ни знаат дека се носители. Но, ако неконтролирано се размножува, може да почне да го разградува внатрешното желудочно ткиво, предизикувајќи гастритис и желудочни чирови.

2) Состојби поврзани со недостаток од витамин Б12 – недостатокот од овој витамин може да се случи токму заради инфламацијата на желудочното ткиво, односно заради гастритисот. Оттука, состојбата која предизвикува гастритис, може да предизвика и недостаток од витамин Б12: целијакија(глутенска интолерантност), Кронова болест, некаков оперативен зафат во дигестивниот систем, лоша исхрана, тироидна болест, анемија итн.

3) Употреба на одредени медикаменти – во некои случаеви, симптомите на гастритис значително се интензивираат при пиењето лекови како аспирин, ибупрофен, декортин, примањето хемотерапија итн.

4) Кисели пијалаци, лута храна или други прехранбени причинители – кафето, алкохолот, овошните цитрусни сокови, лутата пиперка и некои други продукти, се покажале како најчести забрзувачи и отежнувачи на симптомите на гастритис. Вистинскиот корен на гастритисот е во константнато внесување на ваквите продукти.

Исхраната – трајно решение за гастритис

Јадењето здрава храна и комбинација од некои погодни продукти, додека целосно се избегнува храната која ги засилува симптомите во секојдневнието е клучот за перманентното решавање на гастритисот.

Во продолжение, 5 совети за исхрана при гастритис:

1) Секојдневно консумирање храна која делува уништувачки на бактеријата H.pylori.

Таква храна се брокулите и лукот, на пример.

Една компонента на брокулите, наречена сулфурафан, во медицинските истражувања  се покажала како ефективна против споменатата бактерија. Дополнително, оваа состојка делувала и на оние соеви кој станувале резистентни на антибиотиците. Ако навистина не можете да го поднесете вкусот на брокулата, тогаш достапни се и суплементи на сулфурафанот. Сепак, најдобро е да го внесувате преку храната, бидејќи брокулата содржи и дополнително корисни нутриенти за организмот.

Лукот е многу добро познат антимикробен, па така и антибактериски агенс. Ваквото дејство се должи, пред сé, на неговата компонента алицин. H.pylori бактеријата е особено сензитивна на лукот, што го прави овој зеленчук особено погоден при гастритис.

2) Што повеќе пробиотска храна!

Пробиотиците како бактериите од родовите Lactobacillus и Bifidobacterium се особено корисни колонизатори на мекото желудочно ткиво. Земањето пробиотска храна или пробиотици, може значително да го подобри здравјето на дигестивниот систем и неговата способност да ги апсорбира сите хранливи состојки. Дополнително, во комбинација со витамини од Б групата, пробиотиците можат доста значително да делуваат на подобрување на состојбата при гастритис.

Пробиотски прехранбени продукти: органски јогурти, кефир, одредени типови на леб, ферментирано цвекло, краставички, зелка итн.

3) Јадете храна која може да ги поправи ,,оштетувања” од медикаментите и да ги намали симптомите на гастритис

Споменавме дека тоа може да биде пробиотската храна, но како плус се следниве продукти за кои е најдено позитивно дејство при стомачни проблеми, како гастритис, стомачни болки, гадење, киселини и повраќање, тоа се:

◦ Ѓумбир
◦ Јаболков оцет
◦ Куркума
◦ Кари зачин
◦ Оригано
◦ Ананас
◦ Сок од цвекло, моркови и брусница
◦ Зелен чај

Дополнително, погодна при гастритис е и храната богата со витамин А: моркови, зелени зеленчуци, аспарагус, сладок компир, праски, кајсии итн. Витаминот А има есенцијална антиоксидативна функција, но влијание и на правилното функционирање на мукозните мембрани и обновувањето на ткивата.

4) Постојат продукти кои треба целосно да ги избегнувате


Доколку не сте забележале, обрнете внимание на продуктите кои често ги користите, а ви предизвикуваат засилување на симптомите – дали е тоа паста, лути пиперки, кафе, чоколадо итн. Ако е потребно, запишувајте.

Тоа е за индивидуалното искуство, што се однесува на генералното, треба целосно да ги избегнувате следните намирници:

◦ млечни производи(освен пробиотски јогурти)
◦ соја
◦ компири
◦ житарки
◦ слатки
◦ газирани пијалаци
◦ енергетски пијалаци
◦ храна со трансмасти
◦ кафе
◦ глутен
◦ разни видови на слатки, торти, колачи итн
◦ чипсови
◦ препржена храна

5) На крајот, осигурајте си трајни животни навики во однос на исхраната

Како и повеќето заболувања, така и кај гастритисот, освен коренот и трајното решение се крие во трајните промени на животниот стил. Иако звучи многу едноставно, менувањето на навиките е една од потешките работи кои можете да ги напраивте.

Советите за исхрана при гастритис не се сосема далечни од општите совети за здрава исхрана, така обидете се да ја направите оваа исхрана трајна. Имајте постојана исхрана богата со растителни протеини, растителни влакна, здрави масти и антиоксиданти (свежа храна – овошје, зеленчук) за да имате оптимално здравје.

Дополнителни кратки совети за превенција и справување со гастритисот:

Избегнувајте ги инфекциите – короната нé научи на добри навики за заштита од вирусите, кои ќе биде од корист и при другите инфективни заболувања, помеѓу кои и оние кои можат да бидат причинители на гастритис. Мијте ги редовно и правилно рацете со топла вода и сапун, мијте ги правилно овошките и зеленчукот, не јадете со ист прибор или од иста чинија.

Секогаш пијте доволно вода

• Имајте повеќе оброци, со помал обем.

Немојте да се прејадувате.

Избегнувајте било каква процесирана храна.

• Спијте доволно.

Fibro Gel

• Не претерувајте со лековите за болки.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X