fbpx

ГИНКО И ЖЕНШЕН за подобра КОГНИТИВНА ФУНКЦИЈА!

tonus

Во оваа статија ќе зборуваме за синергистичкиот ефект на гинко билобата и на женшенот во одржување и подобрување на когнитивното здравје и функција.

 

Гинко билоба и женшен  – природен начин за зачувување на когнитивното здравје?

Гинкото е древна билка која има долга историја на употреба во лекување на разни проблеми со крвните садови и проблеми со меморијата. Денес е најдобро познат како суплемент кој потенцијално може да го подобри когнитивното здравје и крвотокот. Лабораториските студии покажуваат дека гинкото ја подобрува циркулацијата и делува позитивно на здравјето на крвните садови. Ова главно се должи на неговиот силен антиоксидативен ефект. Голем број студии покажале дека суплементирањето со гинко ја подобрува циркулацијата, што е особено корисно кај повозрасната популација.

Женшенот, од друга страна, е билка која е особено позната по својот позитивен ефект на циркулацијата. Корејскиот, т.н црвен или азиски женшен е поврзан со различни придобивки, особено во поглед на анемијата и високиот крвен притисок, како и за промовирање на здравјето на циркулаторниот систем. Како и гинкото, женшенот е билка со силно антиоксидативно и анти-воспалително дејство. Преку подобрување на циркулацијата, се смета дека женшенот исто така делува позитивно на здравјето на очите, имуниот систем, репродуктивното здравје, когнитивните функции и сл.

"“Online”/

Поради ова, гинкото во комбинација со женшенот претставува хербален микс кој навистина има докажано дејство за подобрување на циркулацијата, а со тоа и во одржување на здравјето на мозокот, очите, слухот, имуниот систем итн.

 

Когнитивните придобивки од гинко билоба и женшен

Како што споменавме, можеби најпроучена и најчесто користена примена на овој хербален микс е во поглед на когнитивното здравје. Издвојуваме неколку области во кои овој суплемент може да има изразени придобивки:

  1. Подобрена меморија и учење: истражувањата покажуваат дека и гинко билобата и женшенот можат да ги подобрат различните аспекти на меморијата и учењето. Гинкото го подобрува протокот на крв до мозокот, поддржувајќи го здравјето и функцијата на невроните. Од друга страна, женшенот ја подобрува синаптичката пластичност, што е клучно за учењето и меморијата. Студиите покажуваат дека комбинацијата од гинко и женшен влијае позитивно на когнитивните перформанси, особено на меморијата.
  2. Подобар фокус и внимание: Способноста на гинкото да го зголеми протокот на крв и кислород до мозокот, заедно со капацитетот на женшенот да ја модулира активноста на невротрансмитерите, резултира со подобрено внимание и фокус. Испитување објавено во Human Psychopharmacology покажало дека учесниците кои земале комбинација од гинко и женшен покажале подобри перформанси во задачите за внимание и фокусираност во споредба со оние кои добиле плацебо.
  3. Невропротективни ефекти: двете билки поседуваат невропротективни својства. Антиоксидантните ефекти на гинкото помагаат во заштита на невроните од оксидативен стрес, додека антиинфламаторните својства на женшенот помагаат да се намали невроинфламацијата. Оваа двојна акција е особено корисна во заштитата на мозокот од когнитивно ослабување поврзано со возраста, но и невродегенеративните болести како Алцхајмеровата болест. 

 

За повеќе информации, како и за нарачка на ГИНКО+ЖЕНШЕН, кликнете ТУКА.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор