fbpx

Страдате од ХРОНИЧЕН замор? Можеби ЖЕНШЕН е решението!

tonus

Женшенот е најпознат по својот ефект во однос на хроничниот замор, или константната состојба на намалена енергија зад која нема некаква здравствено нарушување. 

[Поврзано: Хроничен ЗАМОР – некогаш не е лесно да се препознае]

Станува збор за фрустрирачка состојба, бидејќи има доста непријатни симптоми. Сепак, тие не се доволно ,,силни” за да се дијагностицира  синдром на хроничен замор. Така луѓето со ваквите проблеми најчесто се ,,игнорирани” од конвенционалната медицина. 

"“Online”/

Едно поново истражување покажува дека токму (екстрактот) женшенот може да се смета за одличен третман за исклучително непријатниот хроничен замор.

Што е женшен?

Женшенот претставува една од најпознатите медицински билки ширум светот. Терминот ,,женшен” всушност реферира на неколку видови растенија од семејството Панакс. Станува збор за билки што растат споро во пределите на Америка и Азија и имаат ароматични, туберозни корени.

Повеќе од 2 милениуми нивниот корен бил силно ценет од традиционалната источна медицина, пред се’ како како третман за стрес и за поголема енергичност. 

Најчесто користениот и најистражуваниот вид на женшен е Азискиот, уште честопати нарекуван и црвен, Корејски или Кинески женшен.

[Поврзано: Утрински замор – причини]

Ефектот на женшен во однос на медицински необјаснетиот замор

Во целта определување на анти-замор ефектот на Азискиот женшен, група истражувачи спровеле двојно-слепа, контролирана студија на 90 субјекти со хроничен замор од “необјасниво” потекло. Резултатите биле објавени во април 2013 година, во медицинскиот журнал PLOS ONE.

Испитаниците биле на возраст од 26 до 65 години, со искуство со хроничниот замор подолго од 6 месеци.
Тие биле поделени во 3 групи: плацебо група, група што земала 1g и група што земала 2g. Сите испитаници земале женшен по двапати дневно.

Бенефити од високата доза на женшен

Степенот на замор бил мерен по 2 и по 4 недели од почетокот на студијата. Мерењата биле вршени според неколку различни скалила за проценка на интензитетот на заморот (физички, но и ментален).

По 4 недели, заклучено било дека степенот и интензитетот на заморот паднал кај сите испитаници, но статистички значен бил падот само кај групата што земала 2g женшен екстракт.

[Поврзано: 5 причини зошто постојано се чувствувате заморено?]

Женшенот е корисен за менталниот замор повеќе отколку за физичкиот!

Испитаниците одговарале и на прашалник што имал за цел проценка на нивниот ,,ментален” замор. По 4 недели, резултатите во овој контекст биле извонредени. Имено и кај двете групи што земале женшен екстракт бил забележан значителен напредок во симптомите на менталниот замор. Кај овие две групи забележан бил и напредок во физичкиот замор, но не толку значаен во споредба со плацебо групата.

Силен антиоксидант – можната причина зад корисниот ефект на женшен при ментален замор

Иако во студијата не се посочува на конкретниот причинител на ваквото дејство, истражувачите сугеририаат дека ефектот веројатно се должи на потентниот антиоксидативен профил на женшенот.

Извор:

Antifatigue Effects of Panax ginseng C.A. Meyer: A Randomised, Double-Blind, Placebo-Controlled Trial

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор