fbpx

Наједноставниот совет за подобар сон, поголема енергичност, расположение и намален стрес!

tonus

Некој станува порано, некој подоцна, но секој од нас си има некоја своја утринска рутина. Пиење кафе, чај, доручек, прошетка или друга физичка активност…

[Поврзано: Лоши утрински навики – Како да ги надминеме?]

Дали сте знаеле дека утринската ,,доза” светлина, може да има силен позитивен ефект врз нашето здравје? Не изгледа сосема логично, но постојат научни докази, особено ако имате нарушен циркадијален ритам или биоритам. Зошто?

Помеѓу останатото, изложувањето на светлината наутро ја оптимизира телесната температура, влијае на идеална продукција на кортизол и го зголемува нивото на серотонин, многу важен хормон за добар сон (меѓу другото).

"“Online”/

[Поврзано: Телото се води од внатрешен ЧАСОВНИК – внимавајте да не го нарушите!]

На кој начин ни помага светлината?

Светлината е клучниот елемент во контролирањето на нашиот билошки часовник, односно циклусот ден-ноќ. Тоа би значело дека светлината има свое влијание на се’, започнувајќи од контролата на телесната температура, метаболизмот, па се’ до квалитетот на сон. 

[Поврзано: Како до подобар квалитет на сон?]

Луѓето имаат различни навики за спиење, но знаеме дека модерниот начин на живот наметнува кратење на спиењето и нерегуларна хигиена на сон. Многумина страдаат од несоница, тешко заспивање, слаба будност, станување предоцна или пак прерано наутро. 

Секоја од овие состојби може во голема мера да биде ,,третирана” од изложувањето на светлина наутро.

Природната светлина поттикнува цела каскада на позитивни здравствени ефекти

Според реномирани невропсихијатри, наједноставната корисна работа што самите можеме да ја направиме за подобар сон, намален стрес, подобро ниво на будност, енергичност, расположение и метаболизам воопшто, е да се изложуваме на утринската светлина. Всушност, станува збор за  изложување на очите на благата утринска светлина, што е можно порано.

Конкретни совети како да си помогнеме

Важно е гледањето светлина да биде најмалку 10-тина минути (идеално околу половина час) и што е можно побрзо од самиот момент на станување. Притоа, не треба да носиме очила за сонце, а во летниот период добро е секогаш да имаме крема за сончање иако светлината рано наутро е сосем слаба. Ова овозможува цела “каскада” на позитивни невробиолошки и хормонски промени, особено позитивни за нашето тело.

Бројни квалитетни студии на темата, укажуваат на посебната важност на изложувањето на утринската светлина. Препораките се да минуваме најмалку 3 часа наутро во простории што се добро осветлени. Да направиме се’ работниот простор наутро да е добро осветлен. Ако практикуваме прошетки, најдобро е тие да бидат непосредно по станувањето од спиење.

Не мора да трчате и утрото не мора да биде сончево за да го искористиме позитивниот ефект!

Важно е светлината да паѓа на очите, па позитивниот ефект можеме да го добиеме и преку едноставно изложување на светлина, без никаква физичка активност. На пример читање книга или доручек на отворено или близу до добро осветлен прозорец.

Што ако е облачно? Светлината што минува низ облаците се’ уште ни го дава позитивниот ефект.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор