fbpx

Екстракт од лист на бела дудинка+растителни влакна+хром=ПОНИЗОК шеќер во крвта!

tonus

                      Кога станува збор за нарушени нивоа на шеќер во крвта, многупати сме зборувале дека третманот, а неретко и самото решение е во промената на животните навики (со акцент на исхраната). Сепак, постојат и одредени природни екстракти со кои можеме значително да го подобриме контролирање на нивото на глукоза во крвта.

                                                   Екстракт од лист на бела дудинка!

                      Ефективноста на овој природен екстракт го зголемува интересот за истражување и вложување во се’ подобри формулации за контрола на шеќерот што се на база на лист од бела дудинка. Така, компанијата ,,Нестле” во месец март годинава, уште еднаш објави ветувачки резултати од интересна студија. Имено, станува збор за истражување спроведено на нивен продукт, чиј состав е 250mg екстракт од бела дудинка, 2g растителни влакна, 0.75mcg хром и одредено количество витамин Д. (особено сличен состав со нашиот препарат ГЛИКОБАЛАНС!)

                      Волонтерите во оваа рандомизирана, двојно-слепа, контролирана студија биле 30 индивидуи со тип 2 дијабетес. Тие биле или на единечна терапија со метформин (0,5-3g на ден) или пак без никаква терапија за шеќер. Нивниот гликохемоглобин (хемоглобин врзан за глукоза) бил помеѓу 6,5 и 10 проценти, додека глукозата при гладување под 220mg/dL.

"“Online”/

[Поврзано: Тромесечен просек или HbA1c – Што значи овој тест кај шеќер?]

                                           Повеќе информации околу истражувањето

                     Волонтерите биле рандомизирано поделени во група во која бил земан споменатиот суплемент или пак во група во која бил земан истиот суплемент, но без екстрактот од лист на бела дудинка. Суплементот бил земан заедно со доручекот кој бил околу 350 калории. Потоа, земан бил и со следните 2 оброка. Во текот на наредните 3 часа (од оброкот) мерени биле нивоата на шеќер, инсулин и другите хормони поврзани со внесена храна.

                     Добиените резултати се објавени во научното списание Diabetes Therapy (самото истражување можете да го погледнете самите подолу). Според анализите, се покажува дека групата која земала екстракт од лист на бела дудинка, имала значително намалување на глукозата после оброкот. Глукозниот или шеќерниот пик што следува по оброкот, бил намален за цели 20%, во споредба со втората група. Дополнително, нивото на инсулин кај групата што земала екстракт од лист на бела дудинка, значително (статистички важно) се намалило во првиот час после оброците (11mcu/ml, наспроти 14,4mcu/ml). Според експертите, ваквото намалување на глукозата и инсулинот, особено после доручекот е од особена важност во целокупната контрола на шеќерните нивоа.

                                           Механизам на дејство и краток заклучок

                     Заклучоците од ова истражување само ја надополнуваат инаку бројната литература која веќе постои на оваа тема. Механизмот на дејство на овој суплемент се базира на присуството на т.н. иминошеќери. Уште нарекувани и иминосахаридите, тие го емитираат ефектот на моносахаридите (шеќери), односно стапуваат во реакција со ензимите и рецепторите вклучени во јаглехидратната дигестија, лимитирајќи го нивниот ефект врз присутните долговерижни јаглехидрати. Со други зборови, го спречуваат создавањето на простите шеќери од сложените во нашта дигестија. Знаеме дека без да бидат упростени, долговерижните јаглехидрати не можат да преминат во крвта.

                    Според клинички истражувања, екстрактот од лист на бела дудинка значително го намалува гликемискиот индекс на внесената храна и тоа со само една доза од 250mg.

                     Дополнителен ефект имаат и хромот и растителни влакна. На кој начин се остварува овој ефект, прочитајте тука: Растителни влакна за подобра контрола на шеќерот! На кој начин?

                    Нашиот природен екстракт од бела дудинка има доста сличен состав како оној во споменатата студија (види подолу). Дополнително, консумирајќи ФИБРОГЕЛ додека земате ГЛИКОБАЛАНС, може да има уште посилен ефект на контролирањето на шеќерот во крвта.

Екстракт од лист на белата дудинка – ГЛИКОБАЛАНС

Состав: Сув екстракт лист од бела дудинка (Morus alba), пиридоксин хидрохлорид (Vitamin B6), хром хлорид, микрокристална целулоза (E460), проѕирни тврди желатински капсули n0, мангезиум стеарат (E470b)

1 капсула гликобаланс содржи: 600mg сув екстракт од лист од бела дудинка, 1,4mg витамин Б6 и 40mcg хром. Едно шишенце содржи 60 капсули.

 

Дознај многу повеќе и нарачај ГЛИКОБАЛАНС на следниот линк: https://shop.drmitov.mk/p/glikobalans/

Извор:

A Randomized, Placebo-Controlled Crossover Study to Evaluate Postprandial Glucometabolic Effects of Mulberry Leaf Extract, Vitamin D, Chromium, and Fiber in People with Type 2 Diabetes

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор