fbpx

Што треба да знаете за ХОРМОНИТЕ што го регулираат крвниот ШЕЌЕР?

tonus

Мотивот го градат желбите, но и ЗНАЕЊЕТО

За соодветна промена на навиките пред се’ потребен е мотив. Мотивирањето е индивидуална работа, но значајно е да се каже дека познавањето на биолошките механизми зад најчестите здравствени проблеми што се јавуваат, се вбројува како еден од најзначајните фактори во стекнувањето и задржувањето на здравите навики. Токму затоа со статиите на нашиот портал постојано сме фокусирани кон подигување на свесноста за превенцијата и општо, здравствената едукација на општата популација.

Инсулинот е можеби најважен за глукозата, но во нејзината регулација се вклучени и повеќе други хормони!

Инсулинот е многу важен хормон кој регулира низа телесни функции. Евентуалните проблеми со него се во самата срцевина на бројни т.н. болести на модерното време. Јасно ни е дека кога ќе се спомене шеќерната болест, помеѓу првите асоцијации е инсулинот. Но, постојат и бројни други хормони кои имаат свое влијание врз шеќерните нивоа во крвта.

Во продолжение ќе обрнеме заслужено внимание токму на нив.

"“Online”/

[Поврзано: Инсулинска резистенција – Се’ почест проблем]

Глукагон

Глукагонот го создаваат алфа клетките на панкреасот и тој учествува во контролирањето на продукцијата на глукозата и другите енергетски извори, како кетоните, во црниот дроб.

Глукагонот се ослободува во текот на ноќта и помеѓу оброците, со што се покажува неговата важност во одржувањето на стабилното шеќерно ниво во крвта и енергетскиот баланс. Овој хормон му сигнализира на црниот дроб да започне со разградување на неговите шеќерни резерви (гликоген) и помага во формирањето на новите глукозни единици и кетони од другите достапни хранливи компоненти. Исто така зема учество во поттикнувањето на разградувањето на маснотиите во масните клетки.

За разлика од инсулинот, глукагонот паѓа со внесувањето на храната. Тоа е и сосем логично, бидејќи јасно е дека по јадењето глукозните нивоа се качуваат, па црниот дроб нема потреба да продуцира нови енергетски единици.

За жал, кај лицата што страдаат од дијабет, се случува обратното. Додека јадат, нивните нивоа на глукагон растат, што меѓу останатите причини исто така води до зголемени нивоа на шеќер по оброкот.

[Поврзано: Како до подобра контрола кај дијабет?]

Глукагон-сличен пептид-1 (GLP-1) и глукозно-зависен инсулинотропичен полипептид (GIP)

GLP-1 и GIP, заедно со амилинот се хормоните кои го регулираат инсулинот по оброкот. Всушност, кога се излачуваат во дигестивниот систем, овие хормони претставуваат сигнал за бета клетките на панкреасот да ја зголемат продукцијата и секрецијата на инсулинот, а истовремено и сигнал за алфа клетките да го намалат лачењето глукагон. GLP-1 исто така го успорува излегувањето на храната од желудникот и делува на мозокот во однос на чувството на заситеност и задоволство од храната.

Амилин

Амилинот се излачува од бета клетките на панкреасот, заедно со инсулинот. Има сосем сличен ефект на GLP-1. Делува на намалување на нивото на глукагонот, го успорува празнењето на желудникот и поттикнува чувство на заситеност и задоволство од храната.

Всушност улогата на споменатите 3 хормони е да ја намалат продукцијата на шеќерот во црниот дроб за време на оброкот и непосредно потоа, со цел превенција од превисоки нивоа на глукоза во крвта.

Лицата со дијабет тип 2 имаат несоодветни нивоа на GIP и нивните бета клетки на панкреасот не реагираат соодветно на GLP-1. Ова веројатно го дава објаснувањето зошто нивото на глукагон кај нив не е супресирано за време на оброците.

Добрите вести се дека постојат синтетски верзии и на GLP-1 и амилин за медицинско контролирање на глукагонот по оброкот.

Адреналин, кортизол и хормон на раст (соматотропин)

Адреналинот, кортизолот и соматотропинот се останатите хормони кои помагаат во регулацијата на крвниот шеќер. Заедно со глукагонот, тие некогаш се нарекуваат и ,,стресни” хормони, односно хормони што водат кон раст на глукозата во крвта.

Адреналинот се создава во надбубрежната жлезда и има способност за директно дејство врз црниот дроб што ќе поттикне продукција на шеќер по пат на глуконеогенеза. Адреналинот исто така поттикнува разградување и ослободување на мастите кои патуваат кон црниот дроб и кои се конвертираат во шеќер и кетони.

Кортизолот е стероиден хормон кој исто така се излачува од надбубрежната жлезда. Ги прави масните и мускулните клетки резистентни на инсулинот и ја поттикнува продукцијата на глукоза во црниот дроб. Во нормални услови, кортизолот го ,,контра-балансира” ефектот на инсулинот. Во случаи на хроничен стрес, постојано високите нивоа на кортизол можат да водат кон инсулинска резистентност. При дијабет тип 2, во одредени случаи ова ќе значи дека би имале поголема потреба од медикаменти или инсулин за да се контролира шеќерот во крвта.

Соматотропинот се синтетизира во хипофизата, што претставува значаен дел од мозокот. Како и кортизолот, хормонот на растот го балансира или има спротивен ефект во однос на инсулинот. Високите нивоа на овој хормон предизвикуваат резистенција на ефектот на инсулинот.

[Поврзано: Како да препознаете високи ниво на стресниот хормон КОРТИЗОЛ?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор