fbpx

ГЛУВАРЧЕ – лековито и здраво од корен до цвет!

tonus

Глуварчето или кај народот уште познато и како млечка/млечна козица (Taraxacum officinale) припаѓа на семејството цветни растенија и расте во многу делови од светот.

Кај нас, тоа е едно од најраспространетите и најлесно достапните растенија, но сепак малкумина знаат дека може да биде од особена корист за здравјето и составен дел од нашето мени.

Луѓето од далечното минато знаеле за одредени лековите својства на глуварчето, па со векови го употребувале во традиционалната медицина и тоа во вид на чај, салата или сируп. Интересен факт е тоа што може да се јаде целото растение, а сите негови делови (коренот, стеблото, листовите и цветовите) имаат свое значење за здравјето.

"“Online”/

Глуварчето е повеќегодишна билка која цвета од март до октомври. Листовите се најдобри за употреба пред да процвета, коренот во пролет, а стеблото во периодот на цветање.

Во продолжение 7 здравствени бенефити на глуварчето и што има да каже науката за него.

1) Богата нутритивна, но и антиоксидативна вредност која е значајна за борба против хроничното воспаление во организмот

Од коренот до цветот, глуварчето е високо-хранливо, односно полно со витамини, минерали и растителни влакна. Неговите зелени листови можат да се јадат свежи или приготвени и се одличен извор на витамин Ц, А, но и витамин К. Исто така содржат и помали количества на витамин Е, Б9 и други витамини од Б групата.

И минералниот состав е импресивен: железо, калциум, магнезиум и калиум.

Коренот е богат со инулин, растворлив фибер кој претставува одлична храна за корисната цревна микрофлора.

Млечката е моќен извор на антиоксиданти.  Главните се бета-каротените и полифенолите (најголем дел во жолтиот цвет, но и во корењата и листовите).

Антиоксидантите се компоненти кои ги превенираат оксидативните оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и внесените антиоксиданти.

Дисбалансот помеѓу слободните радикали и антиоксидантите може да води кон зголемени нивоа на оксидативен стрес, што води кон развој на хронично воспалителни процеси кои пак на долг рок, можат да предизвикаат повеќе хронични заболувања.


2) Може да допринесе во регулирањето на глукозата во крвта

Хикоричната и хлорогеничната киселина се биоактивни компоненти на глуварчето, најдени во сите делови од билката. Тоа се двете компоненти кои можат да помогнат во намалувањето на глукозата во крвта.

Анималните студии покажуваат дека тие можат да го подобрат лачењето на инсулинот од панкреасот, со што значително се подобрува и апсорпцијата на глукозата во мускулните ткива. Значи, овие процеси водат кон подобрена инсулинска сензитивност и намалено ниво на шеќер во крвта.

Дополнително, споменатите киселини се покажале и како успорувачи на дигестијата на скробната храна, што исто така води кон намалено ниво на глукоза во крвотокот.

Сепак, потребни се повеќе студии кои за испитанци ќе имаат луѓе.

3) Глуварчето може да придонесе за подобар липиден профил и намалување на крвниот притисок


Повеќе испитувања спроведени на зајаци, велат дека некои од биоактивните компоненти на глуварчето можат да придонесат за намалување на нивото на холестерол и трглицериди во крвта.

Иако нема голема научна поткрепа, се смета дека глуварчето може да има и диуретичен ефект, што води кон намалување на притисокот. Сепак, ова дејство може да се препише и на високиот процент на калиум кој го содржи.

4) Може да има заштитно дејство во однос на црниот дроб

Една од најзначајните примени на глуварчето во традиционалната медицина е токму за здравјето на црниот дроб. Последните анимални студии ни даваат податоци според кои можеби нашите предци биле во право.

Имено, се смета дека позитивниот импакт на црниот дроб кој го покажало глуварчето во испитувањата се должи на неговиот богат анитоксидативен состав.
Дополнително, утвредно било поттикнувачко дејство на намалување на маснотиите кај замастениот црн дроб и заштитно дејство во однос на оксидативниот стрес во ткивото на дробот.

Сепак, потребни се уште многу истражувања на темата.

5) Густо-нутритивна храна, богата со растителни влакна – храна за слабеење и подобра дигестија

Имајќи предвид дека глуварчето има многу малку калории, но е особено богато со антиоксиданти, хранливи материи и што е многу значајно – растителни влакна, очекувано е да допринесе во процесот на слабеење. Секако, има и низок гликемиски индекс.

Сé повеќе студии укажуваат на значајноста на растителни влакна за слабеењето, намалувањето на шеќерот во крвта, но и за добрата дигестија. Тие допринесуваат за слабеењето и го контролираат шеќерот преку попречувањето на работата на дигестивните ензими и врзувањето на водата, што може да промовира чувство на ситост. На тој начин и апсорпцијата на глукозата во крвотокот е намалена.

Фиберот (растворливите растителни влакна- инулинот со кој е богата млечката) исто така представува храна за присутната природна, корисна микрофлора. Во последно време, сé повеќе студии го поврзуваат балансот или здравјето на цревната микрофлора со општо здравје.

Дополнително, некои истражувања укажуваат дека глуварчето поседува способност да го подобри јаглехидратниот метаболизам и да го намали складирањето на маснотиите, преку компоненти кои делуваат на хормоните задолжени за складирањето. Но, се работи за анимални студии и потребно е резултатите да бидат соодветно потврдени и кај луѓето.


6) Антиканцерогено и имуностимулирачко дејство

Можеби најинтригантните тврдења околу корисниот ефект на млечката се токму овие, односно дека може да придонесе во борбата против малигните заболувања.

Лабораториските студии (на култура човечки клетки) покажува интересни резултати. Малигните клетки третирани со екстракт од листовите на глуварче имале намалување во растот, а третманот на туморни клетки на црниот дроб, дебелото црево и панкреасот со екстрактот од коренот, се покажал како особено ефикасен во спречувањето на нивниот раст.

Лабораториските испитувања во однос на антимикробните карактеристики на глуварчето, велат дека неговиот екстракт може да делува значително на намалување на вирусната споосбност за размножување. Сличен ефект бил покажан и кај патогените бактерии.

И на двете тематики се потребни повеќе истражувања, но постоечките се доста ветувачки.

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА КАЈ КАНЦЕРИ ОСЕТЛИВИ НА ХОРМОНИ.


7) Глуварчето е добро и за здравјето на кожата и коските

Анималните и лабораториските испитувања даваат одредени резултати според кои екстрактот од глуварчето може да ја заштити кожата од UV- зрачењето, стареењето, иритациите, воспалителните процеси, но и да помогне во борбата против акните.

Во однос на здравјето на коските, работите се појасни – високата концентрација на витамин К, но и калциум кај глуварчето, силно допринесува за здравјето на коските.

Инулинот, фиберот кој е присутен кај глуварчето, исто така може да придонесе за здравјето на коските преку подобрената дигестија и состојба на корисната цревна микрофлора.

Најчеста примена

Глуварчето најчесто се користи како салата или чај.

Салатата се прави од раните, млади и пролетни листови собрани од чистите ливади, надвор од населените места и тоа пред да процвета билката.

Чајот пак, се приготвува од коренот, по неговото сушење и иситнување. На една лажичка иситнет корен се става половина литар вода и се зоврива. Се вари 10-тина минути и потоа се пие повеќе пати, по помали количини.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор