fbpx

Зошто ГОРКАТА храна е толку здрава?

tonus

Во секојдневното готвење користиме различни намирници кои зготвените јадења даваат различни, интересни вкусови. Користиме разни зачини и тревки, но можеби еден од вкусовите кои луѓето често го прескокнуваат или избегнуваат е горкиот.

Ваквиот вкус за многумина може да е непосакуван, но неговото комбинирање со други намирници може да вроди до нови, вкусни и интересни јадења. Исто така, намирниците кои го даваат горкиот вкус се навистина здрави и содржат разни соединенија кои пружаат здравствени бенефити за нашето здравје. Во продолжение ќе дискутираме што е она што ја прави храната горка, кои се најздравите и најпопуларни горки намирници и какви се придобивките од нив.

Што го дава горкиот вкус на храната?

Се смета дека горкиот вкус најлесно го распознаваме од сите останати вкусови. Опишан е како остар и често непријатен вкус. Се верува дека телото е важно да го препознава ваквиот вкус, бидејќи многу токсични соединенија се силно горки. Тоа значи дека препознавањето на нешто што е горко, може да не заштити од внес на такви отровни соединенија.

"“Online”/

Нашата способност за детектирање на горката храна е генетска и се смета дека дури 25% од популацијата, воопшто не може да ја забележи и вкуси горката храна.

Некои луѓе имаат генетски поголема толеранција, односно можаат и сакаат да консумираат погорка храна како кафе, какао и слично.

Горката храна содржи огромен број на соединенија наречени фитохемикалии кои се заслужни за нејзиниот вкус. Дел од овие соединенија може да бидат тритерпеноиди, полифеноли, флавоноиди, танини и сл.

Здрави горки намирници

Во продолжение ќе ги издвоиме дел од најздравите и најкорисни намирници кои имаат горк вкус, како и придобивките кои би ги имале од нивната консумација.

 

1 . Круциферозни зеленчуци

 

Во оваа група спаѓаат зеленчуците: брокула, зелка, кељ, аругула, ротквица, прокељ и сл. Овие зеленчуци содржат соединенија наречени глукозинолати, кои се заслужни за нивниот горк вкус и здравствени бенефити. Се смета дека ваквите соединенија имаат одредени анти-канцерогени својства, но се потребни повеќе истражувања во поглед на оваа тема. Консумирањето на овие зеленчуци може да допринесе кон подобра функција на црниот дроб и негово полесно справување и елиминирање на токсините во телото.

 

2 . Брусница

 

Брусницата е овошје кое има трпкав, горк вкус, а може да се консумира како сирова, готвена, сушена или цедена. Таа содржи полифеноли наречени тип-А проантоцианидини кои имаат антибактериски својства. Ваквото нивно својство може да биде корисно при спречување и справување со одредени бактериски инфекции во гастроинтестиналниот тракт, уринарниот тракт и сл.

Една студија со 90 испитаници, покажала дека пиењето на 500ml сок од брусница на ден, се покажало како 3 пати поефикасно при елиминирањето на инфекцијата со бактеријата H. pylori, отколу третманот со плацебо. Други испитувања покажале дека ваквите проантоцианидини можат значително да ги намалат и да помогнат при инфекции на уринарниот тракт, особено кај жените.

 

3 . Какао прав

 

Какаото во прав се добива од какао зрната и има карактеристичен горк вкус кога кон истото не е додаден шеќер. Тоа има честа примена во десерти, а кога ќе се измеша со какао путерот, какао ликер, ванила и шеќер се добива чоколадото.

Одредени истражувања покажуваат дека луѓето кои консумираат чоколадо бар 5 пати во неделата, имаат 56% помал ризик од срцеви заболувања. Секако, се подразбира умерена консумација и пожелно е чоколадото да биде со што поголем процент на какао маса и со што помалку додаден шеќер.

Какаото содржи полифеноли и останати антиоксиданти кои ги прошируваат крвните садови и ја намалуваат инфламацијата.

 

4 . Кафе

 

Кафето е едно од најпопуларните пијалоци во светот и за одредени делови од популацијата претставува главен извор на антиоксиданти. Тоа е богато со полифеноли – соединенија кои имаат антикосидативни својства. Најзастапено вакво соеднинение во кафето е хлорогенската киселина, која се смета како заслужна за повеќето од здравствените придобивки кои ги дава кафето. Таа го намалува оксидативниот стрес, односно делува како антиоксидант, но и го намалува ризикот од дијабет и срцеви заболувања.

Одредени студии покажуваат дека пиењето на 3-4 чаши кафе на ден може да го намали ризикот од канцер за 15% и ризикот за кардиоваскуларни заболувања за 18%. Секако, кафето содржи кофеин и треба да се консумира во умерени количини. Иако е горко, можеби најдобар начин за негово консумирање е со сосем малку шеќер или млеко.

 

5 . Зелен чај

 

Зелениот чај е исто така еден од попоуларните пијалоци ширум светот. Има доста изразен горк вкус, а тоа се должи на катехините и полифенолите кои ги содржи. Најпроучениот од катехините е соединение со скратеницата EGCG. Некои истражувања покажуваат дека ова соединение има анти-канцерогени својства, но потребни се повеќе истражувања на оваа тема. Зелениот чај содржи и полифеноли – соединенија кои се антиоксиданти и може да делуваат анти-воспалително во телото. Некои студии покажуваат дека пиењето на една шолја зелен чај на ден, го намалува ризикот од инфаркт за 20%.

 

6 . Црвено вино

 

Во црвеното вино најмногу се содржат два типа на полифеноли – проантоцианидини и танини, заслужни за темната боја и горкиот и трпкав вкус на виното. Се смета дека ваквите соединенија може да ја намалат оксидацијата на холестеролот, да го спречат згрутчувањето на крвта и да ги прошират крвните садови.

Некои студии пак покажуваат дека црвеното вино може да влијае позитивно врз микрофлората во цревата, а некои пак го асоцираат и со долговечноста и намалениот ризик од појава на дијабет и остеопороза.

Консумацијата на вино треба да биде умерена и разумна, бидејќи прекумерната делува штетно врз нашето здравје.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор