fbpx

Кои МАТЕРИЈАЛИ за готвење се најдобри?

tonus

Секој од нас при приготвувањето на било кој тип храна, а особено кога станува збор за  храна за најмалите, внимава да ги користи најдобрите намирници, најдобрите медиуми за готвење и најдобрите зачини, сé со цел, вкусен и хранлив оброк.

Но, дали некогаш сте помислиле на квалитетот на приборот за готвење и неговото влијание? Неговиот квалитет е од големо значење и може да се одрази негативно или позитивно врз процесот на говење и самата подготвувана храна. Во продолжение, неколку најдобри избори за прибор за готвење и што треба да избегнувате.


Прибор кој е најсоодветен за готвење

"“Online”/

1) Нерѓосувачки челик


Еден од најдобрите и најлесно достапните материјали за готвење.  Не само што во него можете да зготвите најразлични типови храна, туку тој ќе помогне да се задржат најголемиот дел од хранливите компоненти. Сепак, избегнувајте купување на вакви тави кои се обложени со хром или никел, бидејќи ова се хемикалии опасно по здравјето.

2) Легура на железо и карбон

Една од најдоготрајните и најцврсти легури кои се употребуваат за готвење. Минималното преминување на железото во храната може да биде и корисно за нас, освен ако немаме премногу железо во организмот.

3) Стакло

Стаклото е една од најинертните површини, односно многу слабо стапува во било какви реакции, со било кои елементи. Ниту прима, ниту оддава дел од материјата. Тоа го вклучува во најздравите куќни елементи кои можете да ги искористите за готвење и складирање. Неговиот недостаток е што обично не издржува високи температури и најчесто се користи за готвење во микробранова.

4) Месинг

Легура на цинк и бакар. Одлична подлога за готвење, бидејќи ги задржува и до 90% од хранливите материи присутни во храната. Проблемите со него настануваат во однос на чистењето, а непогоден е и за пржење.

5) Глинени садови

Глинениот прибор за готвење е традиционално застапен во нашата македонска кујна. Тој е особено погоден материјал, бидејќи постепено се загрева и овозможува подолго и поголемо задржување на влагата и нутриентите во храната. Недостатоците се во однос на продолженото готвење. Внимавајте и на превлаките со кој можеби е обложен, тие можат да бидат штетни.

Прибор кој треба да го избегнувате

• Керамика – нема дилема дека ова е погодна површина за пржење со мешање. Сепак, проблемот е што повеќето вакви садови имаат тенок слој керамика кој лесно се оштетува, а најчесто под  овој слој има алуминиум.

• Гранит – оваа подлога е особено штетна за готвење поради високиот процент на тетрафлуороетилен во неа.

• Тави на кои храната не се лепи – во последно време тавите направени од ваков материјал се особено побарувани поради тоа што луѓето сé повеќе ги избегнуваат прехранбените масла во исхраната.

Зошто се тие штетни? Штетноста се должи на тефлонот, или претодно споменатиот тетрафлуороетилен, елементи со кои најчесто се обложени ваквите тави. Овие облоги на нелепливите тави содржат тешки метали како кадмиум, па дури и жива. Ваквите метали полека се ,,таложат” во организмот, па  изложеноста на нив, на долг и среден рок, претставува голема опасност за здравјето на луѓето, односно води кон канцер, кардиоваскуларни заболувања итн.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор