fbpx

Одржување на градината е одржување на здравјето!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Поголемиот дел од луѓето имаат некакво хоби или навика која им создава задоволство и ги смирува. Но, дали сте знаеле дека одредени хобија можат да бидат одлични и за нашето ментално и физичко здравје?

Различните хобија ни обезбедуваат чувство на продуктивна исполнетност на слободното време. Тоа се работи кои ги правиме за ,,своја душа” и заради тоа неретко се и дел од она што значи наш, индивидуален идентитет. Тоа е логично, бидејќи секој не го има ,,луксузот” да е заљубен во својата работа, па активностите во слободното време кое станува сè подрагоцено, често зборуваат повеќе за еден човек, отколку самата негова работа.

Во продолжение, 5 хобија кои се одлични за вашето ментално и физичко здравје.

"“Online”/

1. Одржување на градината!

Можеби на прв поглед не изгледа како посебна физичка активност, но истражувањата утврдуваат дека одржувањето на градината, дворот или балконот ако се работи за зграда, можe да ни понуди низа здравствени бенефити.

Најпрво, градинарењето е добро заради различните помали физички активности, како засадување, поткастрување, полевање на билките итн. Тоа што ваквите активности не ви создаваат напор, не значи дека не трошите калории и не ги активирате мускулите! Станува збор за аеробни активности. Всушност, ова е и главната предност на градинарењето – задоволство, што го прави трајна навика. Иако активностите се сосема умерени, тие често знаат да траат и со часови! Тоа ги опушта луѓето, придонесува во превенцијата на депресивни чувства, а може да делува и на нивно ублажување.

[Поврано: 7 лесни начини да потрошите 100 калории!]

Градинарењето подразбира и подолго време поминато на сонце и контакт со земјата и бликите. Сонцето ни помага во синтетизирањето на исклучително важниот витамин Д (што е посебно важно за повозрасните лица), додека изложеноста на различни микроби од средината, овозможува одржување на добриот имунитет. Во една од претходните статии зборувавме за истражување кое вели дека дури и наједноставното гледање  во зеленило од прозорецот на вашата куќа или стан, може да помогне во намалувањето на потребата од нездрава храна, алкохол и цигари! Тоа е уште еден индиректен начин како градината може да влијае позитивно на вашето здравје. Повеќе на оваа тема прочитајте тука.

Дополнително, постојат студии кои го поврзуваат редовното одржување на градините со намален ризик од деменција (за дури 36%), но и од срцев и мозочен удар (30%)!

[Поврзано: Водењето здрав живот – клучен фактор и во превенцијата од деменција!]

2. Пишување

Можеби ќе ви звучи изненадувачки, но пишувањето пред лаптоп или пак со пенкало на обичен лист хартија, се поврзува со бројни здравствени бенефити, вклучително подобрена меморија, поквалитетен сон, намален стрес и слични корисни дејства за нашиот мозок.

На пример, искуствата покажуваат дека пишувањето за своите премрежја, може да биде од особена корист за пациентите со тешки дијагнози (како малигните на пример). Корист во смисла полесно ментално справување со болеста, што е и те како значајно кај ваквите пациенти.

Комуникацијата е една од најосновните човекови потреби.
Пишувањето може да биде еден вид комуникација со себеси, но и со другите луѓе кои би го читале тој текст. Тоа неминовно на пишувањето му дава важна социјална димензија.

Пишувањето, на подолг рок ни овозможува подобро изразување, но и подобра организација на мислите, што е исклучително важно за практикување добри односи помеѓу луѓето.

Сличен ефект кај луѓето има и читањето книги.

 

3. Слушање музика

 

Според бројни научни истражувања, слушањето музика која вам ви се допаѓа, може да има повеќе позитивни ефекти за здравјето. Музиката има моќ да го подобри расположението, да ги намали нивоата на стрес, анксиозност и депресија, но да го појача и имуниот одговор на телото!

На пример, една студија утврдува дека слушањето музика пред некаков оперативен зафат, може поефикасно да ја намали нервозата и стресот (нивоата на т.н. стресен хормон – кортизол) кај пациентите, отколку некакви лекови за смирување.

[Поврзано: Како да препознаете високи нивоа на кортизол?]

За да добиете подобра претстава колку моќно средство може да биде музиката – едно истражување од 2011 година, вели дека ,,одговорот” на мозокот на музиката е сличен како оној при јадење вкусна храна или при сексуално искуство. Сите три претставуваат чувства на задоволство кои се поврзани со активноста на добро познатиот нервротрансмитер и хормон допамин (наречен и хормон на среќата).

 

4. Танцување

Танцувањето е спој од слушање и уживање во музика и физичка активност, па многу е логично да се заклучи дека тоа има одличен ефект за здравјето. Дополнително, посетувањето на различни клубови за танцување подразбира и социјализирање и запознавање на нови луѓе.

 

Иако ова задоволство ни е ускратено заради состојбата со пандемијата, но за танцувањето е потребна само добра музика која секако можете да ја пуштите и во својот дом, па да танцувате со блиските.

 

Танцувањето не е само за младите! На крајот на денот, не постои ,,вистински начин” на танцување, танцувајте како што ви доаѓа од срцето.

Едно истражување од 2011 година, вели дека повозрасните лица кои танцувале барем 2-3 пати во неделата, имале значително подобрен баланс или држење на телото. Ова е од особена важност за повозрасните лица кои се поположни на скршеници на коските, кои потоа за жал, многу тешко се лекуваат.

Дополнително, танцувањето се покажало како одлично и за здравјето на мозокот. Имено, една студија од Велика Британија, ни дава податоци за постоење релација помеѓу редовното танцување и намалувањето на ризикот од деменција (за цели 76%!).

 

5. Чување миленик!

Љубителите на животните добро знаат колку топлина и чувство на задоволство им носат нивните верни миленици! Но, најверојатно не се свесни дека расте бројот на релевантни податоци според кои чувањето миленик може да го подобри физичкото и менталното здравјето.

Според угледната американска здравствена институција CDC, чувањето миленик не само што ни нуди поголема можност за редовна физичка активност во природа и социјализација, туку може да ни помогне и за:

Fibro Gel

 

Повеќе на оваа тема, прочитајте во една од нашите претходни статии: Сопствениците на куче имаат поздраво срце!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X