fbpx

Зошто ГРАВ се јаде БАРЕМ два пати неделно?

tonus

Кога ќе дојде петок, повеќе од јасно е што ќе се најде на нашите трпези. Незаменливата мешунка – гравот. Подготвен во многу варијанти, тој претставува еден од најпрепознатливите специјалитети на нашата кујна. Во продолжение ќе наведеме само неколку корисни влијанија на оваа храна врз нашето здравје.

Зошто е значајно да ја задржиме оваа традиција?

1) Богат извор на протеини

Протеините кои ги внесуваме во исхраната играат витална улога во процесот на обновување на организмот, процес кој постојано се случува на ниво на клетка. Тие исто така имаат и повеќе други улоги, меѓу кои поважни се пренесувањето на хранливи материи, улогата во синтезата на некои хормони и ензимската активност.

"“Online”/

Гравот е богат со различни аминокиселини. Aминокиселините се градбените блокови на протеините.

Меѓу 20те аминокиселини од кои се изградени сите протеини кои се важни за човекот, 9 се есенцијални. Поимот есенцијални означува дека човековиот организам не е во можност сам да ги синтетизира, па за негово нормалното функционирање мораме редовно да ги внесуваме овие 9 аминокиселини преку исхраната.

Гравот содржи некои есенцијални аминокиселини, но не сите 9. Сепак, во комбинација со друга храна, ги обезбедува сите потребни аминокиселини за организмот.
Ваквата легуминозна храна е особено значајна за оние поединци кои не консумираат продукти од животинско потекло. Kaj нив служи како примарен извор на протеини.

2) Гравот нè обезбедува со доволно количество на растителни влакна

Дневно препорачаниот внес на растителни влакна е 25g за жени и 38g за мажи. Само една чаша грав, или отприлика 170g содржи 11g растителни влакна. Тоа е речиси половина од дневните потреби, задоволени во еден оброк!

Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на тенкото црево, како и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.

Дополнително, гравот содржи и скроб кој е резистентен на разградба од дигестивните ензими на организмот. На тој начин ваквиот скроб делува слично како растителните влакна. Исто така, овој резистентен скроб кога е ферментиран од присутната цревна микрофлора, создава корисни компоненти наречени кратковерижни масни киселини.

Ваквите масни киселини играа значајна улога во метаболизмот на јаглехидратите, мастите и одредени витамини.

3) Може да биде од голема помош при процесот на слабеење

Во помагањето на гравот во слабеењето клучен фактор игра неговиот состав.

Прво, содржи солиден процент на растителни влакна. Тоа помага заради тоа што ваквите влакна се значителен процент од масата на гравот, а немаат калориска вредност. Исто така, како што споменавме претходно, растителните влакна обезбедуваат постепено апсорбирање на глукозата во крвотокот. Ова понатаму значи константно ниво на шеќер во крвта на подолг рок, што пак значи подолг период на ситост.

Второ, содржи многу малку маснотии и не толку голем процент на јаглехидрати. Ова се всушност најконцентрираните извори на енергија и калории кои можат да бидат и складирани.

Дополнително, храната богата со протеини, како што е гравот, се поврзува со намалени нивоа на хормонот грелин кој се смета за хормон на гладта. Така, на долг рок, јадењето ваква храна може да доведе до природно намалена потреба за калории, односно високо калориска храна.

Повеќе научни студии (спроведувани во долги временски интервали) околу поврзаноста на легуминозната храна (помеѓу која и гравот) и губењето килограми, покажуваат слични резултати. Имено, луѓето кои редовно јадат легуминозна храна имаат за 22% помал ризик од гојазност и за 23% помал ризик за масни ткива околу половината.

4) Гравот е ,,супер-храна”

Од нутритивен аспект гравот може да се вброи во т.н. супер-храни. Тој освен што е богат со макронутриентите како протеини и јаглехидрати, богат е и со растителни влакна, а содржи и низа на микронутриенти, вклучително: магнезиум, железо, фолна киселина, витамин В6 итн.

Една чаша грав или отприлика 170g сервиран, варен грав содржи:

242 калории
– 17g протеини
– 44g јаглехидрати
– 0,6g масти
– 11g растителни влакна
– 55% од Дневно Препорачаниот Внес за бакар
– 36% од ДПВ за витамин В9
– 36% од ДПВ за железо
– 21% од ДПВ за калиум
– 17% од ДПВ за витамин В1
– 28% од ДПВ за фосфор
– 26% од ДПВ за магнезиум
– 22% од ДПВ за цинк
– 16% oд ДПВ за калциум
– 12% од ДПВ за витаминот В6
– 6% од ДПВ за витаминот В2
– 4% од ДПВ за селен

Бакарот со кој е богат гравот е значаен за катаболизмот, односно создавањето енергија и метаболизмот на железото (со кое исто така е богат гравот). Железото е значајно за здравјето на крвта(продукцијата на хемоглобин) и крвните садови.

Да не ги заборавиме и полифенол антиоксидантите, кои се борат со оксидативниот стрес во организмот. Познато е дека хроничниот оксидативен стрес води до повеќето хронични заболувања меѓу кои е и канцерот.

И да – еднаш неделно не е доволно!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор