fbpx

Два рецепти со ГРАВ лесни и брзи за подготовка

tonus

Во ваквите навистина топли денови, потребни ни се рецепти кои се пред сè лесни за јадење, но и за подготовка. Бидејќи готвењето во рерна многу од нас го избегнуваат поради жештината, денес ќе ви предложиме два рецепти за подготовка на вкусни и здрави оброци каде главната состојка е гравот. Оваа чудесна мешунка се среќава во многу наши јадења, а нејзиниот богат нутритивен состав и пријатен и благ вкус се токму карактеристиките што го прават гравот толку популарен.

 

Грав – незаменлнивата мешунка

 

Гравот претставува намирница која е одличен извор на протеини, растителни влакна, комплексни јаглехидрати, минерали и витамини. Имено, во една чаша или во околу 170g грав има:

– 242 калории

"“Online”/

– 17g протеини

– 44g јаглехидрати

– 0,6g масти

– 11g растителни влакна

– 55% од Дневно Препорачаниот Внес за бакар

– 36% од ДПВ за витамин В9

– 36% од ДПВ за железо

– 21% од ДПВ за калиум

Воочливо е дека гравот не содржи скоро воопшто масти, а содржи одлично количество на влакна, протеини и микронутриенти. Доколку сакате да прочитате повеќе околу импресивниот нутритивен профил на гравот, кликнете тука.

 

Грав со домати

 

За подготовка на овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 25 минути, а истиот е доволен за околу 4 порции.

 

Потребни состојки:

  • Маслиново масло
  • 1-2 главици кромид, ситно исецкани
  • 3-4 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку сладок буковец
  • 2 конзерви грав (може и претходно сварен домашен грав)
  • 2-3 големи свежи домати, ситно исецкани – речиси пасирани
  • Малку сол и бибер
  • 150g спанаќ

 

Начин на подготовка:

1 . Во големо тавче, загрејте го маслиново масло. Додадете го кромидот и динстајте го околу 3-5 минути.

2 . Потоа додадете го лукот и буковецот и динстајте уште дополнителни 1-2 минути.

3 . Додадете ги доматите и гравот. Посолете и додадете малку бибер. Ваквата смеса динстајте ја околу 15-20 минути, односно додека дел од водата од доматите не испари.

4 . При крајот, неколку минути пред крајот, додадете го спанаќот и мешајте се додека истиот не омекне и потемни.

5 . Послужете со парче интегрален леб и парче сирење.

 

Медитеранска салата со грав

 

За подготовка на оваа салата ви се потребни околу 15 минути, а истата дава околу 6 порции.

 

Потребни состојки:

  • 2 конзерви претходно подготвен грав (може и домашно сварен грав)
  • 1 краставица, исецкана
  • 1 зелена пиперка, ситно исецкана
  • 1 главица кроид, ситно исецкана
  • Малку свеж магдонос
  • 150g фета сирење
  • Сол и бибер

За сосот:

  • Малку маслиново масло
  • Неколку лажички јаболков или балсамико оцет
  • Малку свеж сок од лимон
  • Малку буковец и црн бибер како зачин

 

Начин на подготовка:

1 . Во голем сад ставете ги сите состојки заедно.

2 . Во мал сад ставете ги сите состојки за сосот и фино промешајте ги. Додадете го ваквиот сос кон салатата.

3 . Послужете со парче интегрален леб.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор