fbpx

Сезона на грип, но и на ХЕМОРОИДИ! Може ли кашлицата да ги предизвика?

tonus

Секој од нас има хемороиди или крвни садови кои се групирани во форма на перничиња и лежат веднаш под мукозната мембранска подлога, најдолниот дел од ректумот и анусот. Всушност, онаа состојба која ја нарекуваме ,,хемороиди” се развива кога овие групирани крвни садови ќе отечат или на одреден начин ќе се деформираат слично како она што го нарекуваме ,,проширени вени” на нозете.

Поради тоа што крвните садови водат постојана ,,битка” со гравитацијата, односно борба да ја вратат крвта кон срцето, некои луѓе сметаат дека хемороидите се цената која ја плаќаме заради тоа што сме единствените живи суштества кои се ,,исправени”.

Постојат два типа на хемороиди

Постојат внатрешни хемороиди кои се појавуваат во долниот дел од ректумот и надворешни хемороиди кои се развиваат под кожата, околу анусот. Надворешните хемороиди се најнепријатни, затоа што ,,лежат” на кожата и ја прават иритантна, па дури  можат и да го уништат поголемиот дел од кожниот епидермис.

"“Online”/

Ако во надворешниот хемороид се создаде згрутчување на крвта, предизвиканата болка може да биде остра и тешка. При ваквата состојба може да забележите мало грутче околу анусот. Кога ова грутче ќе исчезне, можни се иритации и чешања на местото на кое оставило трага.

Внатрешните хемороиди типично поминуваат без болка, дури и кога предизвикуваат крварење. И во овој случај се можни пролапси. При нивното нараснување или ширење, можат да ,,соберат” и мал дел од мукозната течност, па и мали честици од изметот. Ова може да предизвика силни иритации, а дополнително силното чешање кое може да биде предизивкано, може да го влоши проблемот.

Можни ,,тригери” или поттикнувачи на хемороидите

Најчесто хемороидите се предизвикани од хронична констипација или запек и она што е поврзано со ваквата состојба: големи напрегања при празнење на цревата и предолго седење во тоалет. И двете причини се поврзани со нарушениот проток на крв кон и од  крајниот дел од дигестивниот тракт, каде што и се наоѓаат хемороидите.

Во текот на бременоста, исто така, притисокот кој го прави матката на дигестивниот тракт, може да предизвика отекување на хемороидите, од истите наведени причини.

Поновите студии покажуваат дека поголемиот дел од  пациентите со хемороиди имаат поцврст мускул на аналниот канал од просекот. Значи, поцврстиот мускул на аналниот канал е еден од главните ризик фактор за развивање на хемороидите.

Сезоната на грипот е сезона и на хемороидите!

Долготрајното напрегање при кашлањето, кивањето, дувањето на носот, но и другите чести симптоми на вирозите, како повраќање и дијареа, можат значително да го зголемат ризикот од појава на хемороидите.

Ако веќе претходно сте го имале овој проблем, речиси сигурно после грипот следуваат проблемите со хемороидите. Ако пак не сте имале хемороиди, а сте во ризична група, напрегањата при настинките можат да бидат навистина проблематични.

Помалку познати ризик-фактори за хемороиди:

Како дополнителни ризик фактори за појавата на хемороидите се јавуваат и менструалниот циклус кај жените, потоа седењето на ладни површини и одредени типови храна, како лута храна, различни интензивни зачини и алкохол.

Превентивни мерки и лекување

Имајќи ги предвид најчестите причинители, дефинитивно најдобриот совет за превенција, но воедно и за лекување е јадењето повеќе храна богата со растителни влакна, но и нивното суплементирање.

Други намирници во исхраната исто така можат значително да ја подобрат ситуацијата, тука се мисли на сливите, смоквите, различните цитрусни овошки и лубеницата. Избегнувањето на доста солена храна исто така е од значителна помош.

Доста е важно избегнувањето на средствата за празнење, бидејќи течната столица може да биде голем проблем.

Ако имате вишок килограми и проблем со хемороидите, дефинитивно имате силна причина плус да се посветите на здравото слабеење.

Од голема помош може да биде и мачкањето со вазелин на аналниот отвор, неговото редовно миење со сапун (без парфеми и додавани хемикалии), како и користењето тоалетна хартија со квалитетен и мек материјал. Никако на аналниот отвор не мачкајте антиревматски креми или дерматолошки масти, како оние за псоријаза.

Во однос на лекувањето, треба да се знае дека нехируршките методи на третирање се корисни само за олеснување на симптомите и се од голема помош. Но, решавањето на проблемот може да се случи само со примена на одредена хрируршка техника.

[Поврзано: 5 совети за справување со хемороиди]

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор