fbpx

Пиењето ДОВОЛНО ВОДА и течности е клучно за ДИГЕСТИВНОТО ЗДРАВЈЕ!

tonus

Летото и високите температури се период кога ризикот од дехидрираност е исклучително висок, па затоа треба особено да внимаваме на дневниот внес на вода и течности. Правилната хидрираност е важна за огромен број аспекти од здравјето, а денес ќе се задржиме на нејзината улога во дигестивното здравје.

 

Зошто е толку важно да се внесуваат течности?

Нашето тело во просек е изградено од околу 60% вода. Водата има клучна функционална, но и структурна улога во организмот. Таа е главниот агенс за прочистување на телото, но и средина во која се одвиваат повеќето физиолошки процеси. Така, водата е неопходна за секоја една клетка од телото и е потребна за телото да може да се ослободи од сите токсини кои ги вдишуваме или внесуваме преку устата.

Секое едно ткиво и орган во телото имаат потреба од вода за правилно да функционираат. Регулацијата на температурата, отстранувањето на непотребните материи, подмачкувањето на зглобовите, сите тие се процеси кои имаат потреба од вода.

"“Online”/

Под поимот хидрација, подразбираме внес на течности од храната и од пијалоците. Препорачаниот дневен внес за вода е околу 2,7 литри за жени и 3,7 литри за мажи. Тоа не значи дека целото потребно количество мора да го внесуваме преку обичната вода, но препорачливо е да се избегнуваат пијалоците кои прават повеќе штета во телото, отколку што нè хидрираат. Како такви може да ги издвоиме пијалоците богати со додадени шеќери

 

Зошто течностите и хидрираноста се важни за дигестивното здравје?

Хидратацијата има клучна улога во одржувањето на дигестивното здравје преку олеснување на непреченото функционирање на гастроинтестиналниот (ГИ) систем. Водата е неопходна за разградување на храната и апсорпција на хранливите материи. Таа исто така помага во растворање на растворливиот тип растителни влакна, кои потоа формираат супстанца слична на гел која помага при празнењето на цревата и спречува опстипација (запек)

Соодветниот внес на течности, исто така, е важен за создавање на плунка, која содржи ензими како амилаза, кои го започнуваат процесот на дигестија на храната уште во усната празнина. Водата е клучна компонента и на гастричните сокови во желудникот, помагајќи во варењето на храната и активирањето на дигестивните ензими. Исто така, таа помага во транспортот на хранливите материи низ телото по апсорпцијата во цревата. 

Недоволната хидратација може да доведе до бавно варење на храната, зголемен ризик од опстипација и развој на гастроинтестинални нарушувања како што е синдромот на нервозни црева (IBS). Покрај тоа, дехидрацијата може да ја наруши мукозната обвивка на цревата, што доведува до зголемена пропустливост и потенцијално воспаление. Поради тоа, пиењето доволно течности и одржувањето на соодветна хидратација е од суштинско значење и за дигестивното здравје и правилната дигестија на храната.

Поврзано: ВАЖНО за ТОПЛИТЕ ДЕНОВИ: Како НАВРЕМЕНО да ја препознаеме ДЕХИДРИРАНОСТА?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор