fbpx

„Добриот“ или HDL холестерол го НАМАЛУВА ризикот за појава на АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ!

tonus

Покачениот холестерол е сериозен проблем на денешницата. Тој е застапен кај огромен дел од популацијата, а особено е опасен бидејќи нема видливи, јасни и нагласени симптоми. Поради тоа, голем дел од луѓето не се ни свесни дека веќе со години живеат со покачено ниво на холестерол. Освен што сериозно го нарушува кардиоваскуларното здравје, покачените вредности на холестерол може да го нарушат и здравјето на мозокот. Во продолжение ќе зборуваме токму за влијанието на т.н „добар“ HDL холестерол врз намалувањето на ризикот од појава на Алцхајмеровата болест.

Што претставува холестеролот?

Холестеролот претставува восочна супстанца, која припаѓа на групата на липиди. Тој природно е присутен во крвта и има незаменлива улога во градењето на здравите клетки, нивните мембрани и сл. Постојат два вида на холестерол:

  • LDL – или често наречен и „лош“ холестерол, претставува липопротеин со помала густина кој е заслужен за транспортирање на холестеролот низ телото и крвотокот. Овој тип на холестерол се таложи во внатрешноста на крвните садови и доведува до нивно стеснување.
  • HDL – или т.н „добар“ холестерол, го собира вишокот холестерол и го транспортира до црниот дроб.

Покаченото ниво на холестерол во крвта може да биде проблематично за здравјето, особено за кардиоваскуларното. Покачениот холестерол може да доведе до таложење на еден вид масни наслаги или депозити во внатрешноста на крвните садови. Ваквото таложење со текот на времето може да стане значително и со тоа да го отежни протокот на крвта низ крвните садови. Ова секако значи дека со текот на времето овие наслаги може целосно да го попречат дотокот на крв, а тоа може да има сериозни последици по здравјето, а во некои случаи да предизвика и смрт.

"“Online”/

Покрај наталожувањето, овие наслаги може неочекувано да се одвојат и да формираат еден вид на тромб која ќе запуши потесен дел од крвниот сад.

Зошто доаѓа до покачување на нивото на холестерол во крвта?

За покачување на холестеролот над границите на нормалата, може да постојат повеќе причини и ризик фактори. Прво, покачениот холестерол може да се јави како резултат на генетиката, односно на фамилијарната историја – блиски членови од семејството кои исто така страдале од покачен холестерол.

Но, најчесто покачениот холестерол се јавува како резултат на нездрав и несоодветен начин на живот. Јадење на процесирана, масна храна, не практикување на било каква физичка активност, прекумерна телесна тежина, пушење и често консумирање алкохол, се дел од навиките кои значително го зголемуваат ризикот за појава на покачен холестерол.

За најчести ризик фактори се сметаат:

  • Лоша исхрана – внесот на премногу заситени и транс масти го зголемува нивото на холестерол.
  • Прекумерна телесна тежина
  • Недоволна физичка активност
  • Пушење
  • Консумирање на прекумерни количества алкохол
  • Возраста – најчесто, покачениот холестерол се јавува по 40-тата година. Со стареењето, црниот дроб има се помала способност да се ослободува од вишокот на „лош“ холестерол.

Како „добриот“ холестерол го намалува ризикот за појава на Алцхајмерова болест?

Една неодамнешна студија вклучила 180 испитаници на возраст од над 60 години со цел да ги воочи ефектите на „добриот“ холестерол врз ризикот од појава на Алцхајмерова болест. Научниците ги следеле и евалуирале когнитивните функции на испитаниците преку низа на различни тестови. Тие исто така земале примероци и од цереброспиналната течност, течност која се наоѓа околу мозокот, како и крвни примероци од испитаниците. Во тој поглед, еден конкретен ген бил испитуван и анализиран како добро познат ризик фактор за Алцхајмерова болест.

Научниците потоа ги испитувале нивоата на HDL холестерол во земените примероци. Тие октриле директна поврзаност помеѓу повисоките концентрации на овој тип на холестерол и подобрите резултати за когнитивни функции кај испитаниците. Ваквите резултати биле потврдени и по земањето во предвид на различни фактори како: пол, возраст, присуство на гени кои се ризик фактор, степен на образование и сл. Студијата покажала дека лицата со повисоки концентрации на HDL холестерол имале подобра меморија, побрзо размислувале и решавале проблеми и воглавно имале подобри резултати на тестовите. Исто така, научниците сметаат дека овој тип на холестерол можно е да има и заштитничка улога. Имено, оние лица кои имале повисоки концентрации на HDL холестерол исто така имале и повисоки нивоа на одредени пептиди, кои се поврзуваат со намален ризик за појава на Алцхајмерова болест.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор