fbpx

Покачен ХОЛЕСТЕРОЛ и КРВЕН ПРИТИСОК – особено штетна и опасна комбинација!

tonus

Проблемите со кардиоваскуларното здравје се едни од најчестите и се смета дека тие се заслужни за најголемиот број смтрни случаи ширум светот. Тоа значи дека ризик факторите, како покачен холестерол, притисок, триглицериди и сл. – се особено важни и тие не треба да се игнорираат. Во денешната статија, ќе се задржиме на две особено чести состојбипокачениот крвен притисок и холестерол. Ќе зборуваме малку повеќе за нивната поврзаност и како може меѓусебно штетно да си влијаат.

Што претставува холестеролот?

Холестеролот претставува восочна супстанца, која припаѓа на групата на липиди. Тој природно е присутен во крвта и има незаменлива улога во градењето на здравите клетки, нивните мембрани и сл. Постојат два вида на холестерол:

–  LDL – или често наречен и „лош“ холестерол, претставува липопротеин со помала густина кој е заслужен за транспортирање на холестеролот низ телото и крвотокот. Овој тип на холестерол се таложи во внатрешноста на крвните садови и доведува до нивно стеснување.

"“Online”/

HDL – или т.н „добар“ холестерол, го собира вишокот холестерол и го транспортира до црниот дроб.

Покаченото ниво на холестерол во крвта може да биде проблематично за здравјето, особено за кардиоваскуларното. Покачениот холестерол може да доведе до таложење на еден вид масни наслаги или депозити во внатрешноста на крвните садови. Ваквото таложење со текот на времето може да стане значително и со тоа да го отежни протокот на крвта низ крвните садови. Ова секако значи дека со текот на времето овие наслаги може целосно да го попречат дотокот на крв, а тоа може да има сериозни последици по здравјето, а во некои случаи да предизвика и смрт.

Покрај наталожувањето, овие наслаги може неочекувано да се одвојат и да формираат еден вид на тромб која ќе запуши потесен дел од крвниот сад.

Што претставува крвниот притисок и зошто доаѓа до негово покачување?

Пред да зборуваме за поврзаноста меѓу покачениот крвен притисок и холестеролот, најпрвин накратко да објасниме што всушност претставува крвниот притисок. Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

–   Систолен или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул

–  Диастолен или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

Висок крвен притисок или хипертензија е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

Постојат две форми на хипертензија:

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната. Како главни ризик фактори за нејзина појава се:

 

  • Бубрежни заболувања
  • Опструктивна спиечка апнеа
  • Вродени срцеви заболувања
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Честа употреба на алкохол
  • Проблеми со надбубрежните жлезди

Каква е поврзаноста помеѓу крвниот притисок и холестеролот?

Присуството и на само еден ризик фактор за кардиоваскуларно заболување – покачен холестерол, притисок, триглицериди – значи дека веќе треба да сме загрижени и да делуваме превентивно. Овие состојби често одат рака под рака, па така важно е редовно да се следат. Но, зошто е тоа така – зошто покачениот притисок е често пропратен и со покачен холестерол?

Замислете ги крвните садови како едно црево за наводнување. Водата што тече низ цревото прави одреден притисок врз него, па така колку повеќе вода протекува низ цревото, толку е поголемо и оптоварувањето. Но, што доколку тоа црево е доста старо и е полно со разни наслаги кои го попречуваат ваквиот проток? Тогаш, ќе треба да го зголемиме и млазот на вода кој влегува низ цревото со цел да можеме да ја наводниме нашата градина.

Истото важи и за нашите крвни садови. Холестеролот е она што ги затнува и го отежнува нормалниот проток, а поради тоа, срцето мора да пумпа повеќе крв низ садовите, кои поради таквите стеснувања, трпат и поголем притисок и оптеретување на ѕидовите. Со текот на времето, ваквата комбинација може да биде исклучително штетна и опасна по здравјето на крвните садови. Ќе дојде до нивно оштетување и целосно ќе се наруши нивната нормална функција. Оштетувањето кое го прави покачениот притисок може да доведе до еден вид на „пукнатини“ во ѕидовите на крвните садови, кои пак стануваат места каде холестеролот дополнително се таложи и ги стеснува и затнува. Сето ова става дополнителен притисок на срцето, кое мора константно да работи повеќе, со цел да пумпа доволно крв низ ваквите затнати и оштетени крвни садови. Постојат голем број на студии кои ја проучувале ваквата поврзаност и сите откриле директна и многу јасна зависност меѓу овие два ризик фактори. Накратко, резултатите покажале дека:

  • Мажите со највисоки вредности за вкупен холестерол имаат 23% зголемен ризик за појава на хипертензија.
  • Мажите кои имаат највисоки вредности за вкупен холестерол, минус вредностите за HDL холестеролот – имаат за 39% зголемен ризик за хипертензија.
  • Оние кои имале најлош сооднос на вкупен према HDL холестерол, имале за 54% зголемен ризик за хипертензија
  • Додека, оние кои имале најдобри, највисоки вредности за HDL (добриот) холестерол, имале за 32% помал ризик за појава на хипертензија.

Сето ова го зголемува ризикот за разни здравствени проблеми – зголемен ризик за инфаркт, мозочен удар, нарушено здравје на бубрезите и сл. Ваквите резултати се јасен индикатор дека овие состојби не се за потценување и дека истите може често да се сретнат заедно. Затоа, тие не треба да се игнорираат и треба навремено да делуваме превентивно, со цел минимизирање на ризикот од дополнителни компликации.

Како до здраво и оптимално ниво на холестерол?

Истите фактори што го предизвикуваат зголемувањето на холестеролот, се и оние кои што можат да помогнат при неговото третирање.

  • Редовна физичка активност
  • Поздрава исхрана – избегнувајте ги процесираните намирници, а особени оние кои содржат заситени и транс масти. Консумирајте повеќе овошје, зеленчук, риба, јаткасти плодови, мешунки, полнозрнести житарки и сл.
  • Одржување на здрава телесна тежина – намалување и на само 10% од вашата телесна тежина може да има значителни ефекти врз нивото на холестерол
  • Подобро и поздраво справување со стресот
  • Регулирање на нивото на шеќер во крвта, како и на крвниот притисок

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор