fbpx

За три недели до подобар холестерол! – Откажување од цигарите

tonus

Иако можеби не е сосем интуитивно, пушењето е главниот ризик фактор за појавата на срцевите заболувања, особено помеѓу помладата популација. Според американскиот CDC, кај дури една третина од сите смртни исходи на срцевите болести како главна причина се јавува пушењето цигари.

Друг исклучително значаен ризик-фактор за здравјето на срцето е високиот холестерол. За жал, покачениот холестерол најчесто оди во комбинација и со некои други проблеми, како покачен шеќер, крвен притисок и слично. Комплексот од овие поврзани состојби се објаснува со поимот метаболен синдром. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Срцевите болести се проблем број еден за јавното здравје во нашата земја

Во Македонија срцевите болести се виновник број еден за предвремената смртност. За жал, тоа се должи и на тоа што сме на самиот врв во Европа според бројот на пушачи. Дополнително, нездравиот начин на живот е исто така особено застапен низ популацијата. Нездрава исхрана, физичка неактивност и пушење – рецепт за катастрофа.

"“Online”/

[Поврзано: Претераното СЕДЕЊЕ еднакво лошо за здравјето како и ПУШЕЊЕТО!]

Значи, ризикот од срцеви заболувања кај пушачите е веќе исклучително висок. Ризикот е особено сериозен (расте експоненцијално) ако пушачот има прекумерна телесна тежина и нарушен липиден профил (покачен холестерол и/или маснотии во крвта).

Самото пушење го зголемува ризикот од висок холестерол!

Добро познато е дека цигарите содржат илјадници различни штетни соединенија, но едно соединение особено се издвојува и претставува  опасност за срцевото здравје, а тоа е акролеинот. Ова соединение е синтетски добиено, односно е произведено од човекот и се смета дека влијае врз начинот на кој телото го метаболизира холестеролот.

Ефектот кој го имаат цигарите врз нивото на холестеролот, било тема на голем број истражувања. Еден од најизразените и најдобро познати ефекти за научниците е намалување на „добриот“ или HDL холестерол, предизвикано од пушењето. Инаку, овој тип на холестерол има заштитна и позитивна функција во организмот. Затоа е пожелно нивоата на овој тип холестерол да се повисоки, нешто што редовното пушење може да го спречи.

Пушењето го засилува негативниот ефект на LDL или ,,лошиот” холестерол

Покрај тоа, негативните ефекти на „лошиот“ – LDL холестерол се дополнително нагласени кај пушачите, а со тоа дополнително се зголемува ризикот за стеснување на крвните садови.

Имено, овој тип на холестерол е главно заслужен за стеснувањето кое се јавува кај крвните садови како резултат на создавање на наслаги во внатрешноста. Пушењето го прави ваквиот LDL холестерол уште повеќе штетен и опасен, а и дополнително се зголемува инфламацијата кај пушачите – состојби кои водат до појава на артериосклероза. С

е смета дека и акролеинот присутен во чадот од цигарите, доведува до инхибирање на дел од ензимите кои го одржуваат LDL холестеролот неоштетен и непроменет во организмот. Без дејството на овие ензими, LDL холестеролот станува подложен на оксидација – сложен процес кој ја менува неговата структура.

Поради оваа промена, нашиот имун систем не го познава повеќе овој тип на холестерол и поради тоа доаѓа до појава на имун одговор. Тоа подразбира создавање на леукоцити и останати молекули кои се дел од имунолошката реакција, а сето ова доведува до дополнително зголемување на инфламацијата.

Одредени студии покажале дека колку повеќе е присутна оваа оксидирана форма на LDL холестеролот, толку повеќе се зголемува ризикот за срцев или мозочен удар.

Кои се добрите вести? Како да си помогнеме?

Пушењето цигари и високиот холестерол очигледно се опасна комбинација, но постои и добра вест: прекинувањето со цигарите може да направи значителна, голема прoмена. И тоа БРЗА промена.

Прекинувањето со цигарите води кон брзи промени, но и кон промени кои на долг рок се многу важни во однос на холестеролот, но и општо, промени значајни за здравјето на срцето.

Податоците од едно истражување објавено во Biomarker Research ни даваат интересни резултати. Имено, се покажало дека само три недели по прекинувањето со цигарите, нивоата на т.н. ,,добар” холестерол се покачуваат за дури 30%.

Според истражувањата се напоменува и дека оние што престанале да пушат пред 10 години, имаат ризик од срцеви заболувања на исто ниво како никогаш и да не пушеле. Ова е случај без разлика колку долго сте биле пушач.

Дополнително, лицата што успешно се откажуваат од пушењето, имаат поголема веројатност и од практикување на други здрави навики, како почесто вежбање и поздрава исхрана.

Што друго се случува со нашето тело по прекинувањето со пушење:

  • По 20 минути од гасењето на цигарата, вашиот пулс и притисок се враќаат во нормала.

  • По 12 часа, нивоата на јаглероден моноксид во крвта се нормализираат, овозможувајќи повеќе кислород да се пренесе до виталните органи и срцето

  • По 1 година, ризикот за појава на инфаркт или мозочен удар е преполовен.

Откажувањето не е лесно, но е неопходно за подобро здравје. Не чекајте да се јават проблемите за да реагирате. Пушењето е штетно за вашиот организам и доведува до помал квалитет на живеење. Со ваша волја и решителност, како и поддршка од средината, можете трајно да ги откажете цигарите.

[Поврзано: Непријатни симптоми по откажувањето од цигарите – Како да си помогнете?]

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор