fbpx

Покачен ХОЛЕСТЕРОЛ – Кога се неопходни СТАТИНИТЕ, а кога менувањето на животниот стил е сосема доволно?

tonus

На сите ни е добро познато дека подобрувањето на животниот стил, како редовната активност и здравата исхрана, имаат силен потенцијал да го намалат холестеролот.

Всушност, менувањето на навиките дефинитивно е првата линија на одбрана од покачениот холестерол, впрочем како и од повеќето нарушени параметри за срцевото здравје.

[Поврзано: Липиден профил, или народски кажано – МАСНОТИИ во крвта]

"“Online”/

Што претставува холестеролот?

Холестеролот е липопротеинска молекула која организмот има способност самиот да ја создава (главно во црниот дроб) и врши низа на многу важни структурни функции – градбен материјал за повеќе хормони (тестостерон, естрадиол, кортизол), дел од витаминот Д, а неопходен е и за синтеза на жолчните киселини кои се неопходни за дигестија на масната храна. Холестеролот можеме да го внесеме и преку храната, а денешната исхрана подразбира навистина високи количества од оваа компонента, што можат да создадат посериозни проблеми на подолг рок.

Кога велиме посериозни проблеми, се мисли пред сè на проблеми со здравјето на срцето. За жал, во Македонија распространетоста и смртноста од кардиоваскуларни заболувања е огромна. За целокупната исхрана наменета за подобрување на липидниот профил, прочитајте во нашите претходни статии.

[Поврзано: Улогата на полнозрнестите житарки во намалувањето на холестеролот!]

Што се и како делуваат статините?

Здравата исхрана и редовната физичка активност можат буквално да го решат проблемот со холестеролот, но за жал некогаш тие не се доволни. Најчестата терапија за холестеролот се лекарствата наречени статини.

Статините го намалуваат холестеролот преку блокирањето на ензимот наречен HMG коацетил редуктаза, клучен ензим на црниот дроб за синтезата на холестерол.

[Поврзано: Која храна најмногу пречи кај ЗАМАСТЕН црн дроб?]

Но, се случуваат и други процеси во црниот дроб на кои статините не можат да влијаат.

Покрај синтезата на холестерол, црниот дроб помага во ,,чистењето” на вишокот холестерол од крвта преку специјални рецептори кои ги ,,заробуваат“ молекулите на ,,лошиот“ LDL холестерол. Овие рецептори го вшмукуваат вишокот холестерол од крвта, со што значително ја намалува веројатноста од насобирање на масни наслаги во крвотокот што е главна причина за артеросклероза и понатаму срцеви и мозочни удари.

Статините делуваат и на намалување на триглицеридите во крвта, преку делувањето на одредени ензими на макрофагите, бели крвни клетки кои се сметаат за одговорни за насобирањето на маснотиите во крвните садови.

Сепак, исхраната богата со заситени маснотии, трансмасти и холестерол го намалува бројот и ефективноста на споменатите LDL рецептори, а третманот со статини е немоќен при овие процеси.

Исто така, значајно да се знае е дека статините го намалуваат ризикот само од еден од ризик-факторите за кардиоваскуларни заболувања – влошениот липиден профил. Постојат многу други ризик-фактори за срцеви заболувања, како висок крвен шеќер, инсулинска резистентност, висок крвен притисок итн.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – сè почест проблем]

Кои се несаканите ефекти од нив?

Како и од сите лекарства, така и од статините постојат одредени несакани дејства – мускулна болка, главоболка и дезориентираност, запек, протеинурија, зголемен шеќер, сензитивна кожа, но и посериозни несакани ефекти како оштетен црн дроб, невролошки ефекти, катаракта и алергиски реакции.

За жал, најголемиот дел од луѓето што почнуваат да земаат статини, ќе треба да ги земаат лекарствата во текот на целиот живот. За тоа да не се случи, потребно е во комбинација со медикаментите да се практикува и она што значи здрав начин на живот, во неговата целина.

Кој треба да зема статини?

Статините се лекарства што не се за секого. Заради овие причини, респектираната американска FDA објави ново упатство кое треба да им помогне на лекарите, но и на пациентите во однос на утврдувањето на самата потреба од статини и нивната употреба.

Наместо како што тоа беше претходно, денес американските здравствени институции не ја земаат бројната вредност на LDL холестеролот како клучен критериум, туку намето тоа идентификуваат групи на луѓе кои имаат зголемен ризик од срцев и мозочен удар. Тоа се луѓето што можат да имаат најголем бенефит од медикаментозната терапија.

[Поврзано: Мозочен удар – како да го препознаете, што да превземете и зошто е важно брзо да реагирате?]

На кои лица се мисли?

  • Лица со веќе постоечки срцеви заболувања
  • Лица што имаат ниво на LDL холестерол над 190mg/dL
  • Лица помеѓу 40 и 75 години со дијагностициран дијабет тип 2
  • Лица помеѓу 40 и 75 години со висок ризик од срцеви заболувања од било каков тип

Кај првите 3 групи, докторите немаат потреба од процена на ризикот за срцеви заболувања. Луѓето од овие категории, ,,автоматски” се квалификуваат за употреба на статини. За тоа постои консензус кај медицинските лица.

За оние пак од четвртата група, развивани се повеќе т.н. калкулатори за ризик што се базираат на последните научни податоци од областа. Со ваквите алатки докторите можат да го определат општиот и 10 годишниот ризик на пациентите во однос на кардиоваскуларните болести, вклучително срцевиот и мозочниот удар.

За пресметување на вашиот личен ризик, кликнете тука.

И покрај силната базираност во наука, често пати постојат дилеми кај докторите во однос на применливост и користа од калкулаторите, заради самата комплексноста на материјата и вкучените фактори.

  • Статините можат да поттикнат когнитивни проблеми, вклучително проблеми со меморијата, конфузија и слично.
  • Рутинската проверка на ензими на црниот дроб не е потребна. Претходно тие се спроведуваа за да се утврдат евентуални оштетувања на органот. Според досегашните научни податоци, не постои потреба од постојани ваквите тестирања. Препораките се да се направи тестирање на ензимите пред почетокот на терапијата со статини, а потоа ако нема одредени симптоми на оштетувања на дробот, да не се прават рутински тестови.
  • Потребно е лицата што користат статини постојано да ги контролираат своето ниво на шеќер во крвта.
  • Предупредување дека лицата што користат ловастатин (тип на статин), имаат зголемен ризик за мускулни оштетувања.

Природни начини за подобрување на липидниот профил

Заради претходно наведените причини, во секој случај е важно да се промени животниот стил, а статините да се користат при повисоки нивоа на холестерол и триглицериди во крвта, во комбинација со правилна исхрана и редовна физичка активност.

За среќа, проблемот со липидниот профил многу често може да се реши со промена на лошите навики на исхрана и генерално, на живеење.

Во продолжение, 7 кратки совети како да си помогнете при високи нивоа на масти и холестерол во крвта.

1) Променете го начинот на исхрана

Најчесто клучниот извор на проблемот, но од друга страна и на решението е во исхраната.

Јадењето масна и препроцесирана храна која го поттикнува процесот на инфламација во организмот, значително го зголемува ризикот од нарушен липиден профил. Првиот чекор кој треба да го направите е да го ограничите внесот на ваквата препроцесирана храна и да го зголемите на свежа и полнозрнаста храна.

За трајно справување со проблемот треба да најдете здрав начин на исхрана кој ќе ви биде лесен за трајно практикување и нема да ве остави гладни или да ве доведе во ситуација за брзо време да се вратите на лошите навики. Истражувањата ја потврдуваат Медитеранската исхрана како една од најдобрите и најлесно спроведливите начини на исхрана.

Храна која го поттикнува проблемот:

◦ Рафиниран шеќер и продукти богати со вакви шеќери

◦ Секој вид на препроцесирана, пакувана храна

◦ Било кој вид на храна богата со трансмасти

◦ Млечни производи

◦ Месни продукти, особено процесирани

◦ Преголем внес на кофеински пијалаци

◦ Преголем внес на алкохол

Храна која може да помогне во решвањето на проблемот:

◦ Храна богата со омега 3 масни киселини

◦ Храна богата со растителни влакна, особено водорастворливи – го врзува холестеролот внесен во дигестијата преку храна и помага во полесно негово елиминирање од организмот.

◦ Маслиново масло

Лук и кромид

◦ Различни видови на тревки со моќен антиоксидативен состав

◦ Јаболков оцет

2) Витамин Б3 (1500mg дневно)

Ниацинот или витамин Б3 го намалува LDL холестеролот за 25% и го зголемува нивото на ,,добриот” HDL холестерол за 35%, што е причина да внеувате повеќе храна богата со овој витамин. Исто така, препорачаните нивоа можете да ги обезбедите и преку суплементирање.

3) Консумирајте црвен ориз

Црвениот ориз изобилува со активни состојки – монаколини кои се сметаат за природни статини. Од сите монаколини најактивен е Мonakolin K, кој го инхибира ензимот HMG-CoA редуктаза и на тој начин ја стопира синтезата на холестерол во црниот дроб.

Monakolin K е клучен за делотворноста на црвениот ориз во смисла на намалување на вкупен холестерол, намалување на LDL холестерол и триглицеридите во крвта. Покрај монаколинот со процесот на ферментација се создаваат и растителни стероли, незаситени масни киселини, ензими за варење, витамини од Б групата (ниацин) и други продукти кои исто така придонесуваат за делувањето и ефикасноста на производот.

Корисниот ефект се постигнува со дневен внес на 10 mg monakolin K од ферментиран црвен ориз.

4) Оставете ги цигарите

Пушењето, покрај низата на штетни влијанија за организмот, има и негативен ефект во однос на холестеролот. Пушењето го зголемува нивото на LDL и го намалува нивото на HDL холестеролот и со тоа дополнително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

5) Бидете физички поактивни

Седечкиот начин на живот е можеби најголемиот ризик-фактор за срцеви заболувања. Според истражувањата, умерената физичка активност го зголемува нивото на добриот HDL холестерол. Вежбањето помага за намалување на телесната тежина, уште еден ризик-фактор за лошиот липиден статус и неговите последици.

6) Намалете ја телесната тежина

Студиите на тематиката велат дека намалувањето од само 5-10% од телесната тежина, помага значително да се намалат нивоата на триглицериди во крвта и да се зголемат нивоата на ,,добриот” HDL холестерол. Зголемената телесна тежина доаѓа како резлутат на неправилниот начин на исхрана и ошто, на живеење. Поради истите причини се појавува и нарушениот липиден профил, односно покачени маснотии и холестерол во крвта.

Со решавањето на проблемот со прекумерната тежина, оди паралелно и решавањето на прболемот со липидниот профил.

7) Некои есенцијални масла можат да бидат од помош

Истражувањата поврзуваат одредени есенцијални масла, како маслото од лимонова трева, маслото од лаванда, но и одредени други типови есенцијални масла со подобрениот липиден профил. Пред да се обидете со нив, консултирајте се со вашиот лекар

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор