fbpx

Како влијаат ХОРМОНАЛНИТЕ ПРОМЕНИ кај ЖЕНИТЕ врз нивното КАРДИОВАСКУЛАРНО ЗДРАВЈЕ?

tonus

Во оваа статија ќе зборуваме за ефектот на очекуваните, природни хормонални промени кај жените врз кардиоваскуларното здравје.

 

Што претставува кардиоваскуларното здравје и кои се најчестите заболувања?

Под поимот кардиоваскуларно здравје се подразбира здравјето на срцето и крвните садови. Кардиоваскуларните заболувања се група на состојби кои можат да го нарушат здравјето и функцијата на срцето и на крвните садови. Имено, како главни кардиоваскуларни заболувања се сметаат :

1 . Коронарни срцеви заболувања:

"“Online”/
  • Ангина – болки во градите предизвикани од намален доток на крв до срцето
  • Инфаркт – дотокот на крв до срцевиот мускул е ненадејно блокиран и запрен
  • Срцева слабост – неможност на срцето да пумпа доволно крв за целото тело

2 . Мозочен удар – дотокот на крв до делови од мозокот може да е целосно запрен, што може да предизвика оштетувања кај мозокот па дури и смрт.

3 . Периферни артериски заболувања – блокирање во артериите на екстремитетите, најчесто кај нозете

4 . Заболувања на аортата – група на состојби кои ја засегаат аортата, која претставува најголем крвен сад во телото. Најчестата појава е анеуризма на аортата, каде таа е ослабната и испакната.

 

Како влијаат природните хормонални промени и флуктуации кај жените врз целокупното кардиоваскуларно здравје?

Хормоналните промени, особено оние поврзани со нивото на естроген и прогестерон, значително влијаат на кардиоваскуларното здравје на жените. Естрогенот има заштитен ефект врз кардиоваскуларниот систем преку проширување на крвните садови и подобрување на липидниот профил преку зголемување на HDL („добриот“) холестерол кој има антиинфламаторно дејство. Меѓутоа, како што жените стареат и преминуваат во периодот на менопауза, нивото на естроген се намалува, што доведува до губење на овие заштитни придобивки. Оваа хормонална промена може да резултира со зголемена артериска вкочанетост, покачен крвен притисок и неповолни промени во нивото на холестерол, како што е зголемувањето на LDL („лошиот“) холестерол, но и на триглицеридите. Дополнително, намалувањето на нивото на естрогенот се поврзува и со зголемено таложење на висцерални масти, што дополнително претставува своевиден ризик фактор за разни метаболички компликации. Хормоналните флуктуации во текот на другите животни фази, како што се бременоста и менструалниот циклус, исто така може да влијаат на кардиоваскуларната функција. Исто така, постменопаузалниот период претставува особено критично време за зголемен кардиоваскуларен ризик кај жените. Поради ова, важно е ваквите хормонски влијанија да не се исклучуваат и потценуваат, а жените со веќе постоечки ризик фактори треба особено да се претпазливи. Главна превентивна мерка е секако, воведување на здрави навики и поздрав начин на живот, а во одредени случаи кога е неопходно, секако, соодветна терапија препишана од лекар.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор