fbpx

Што претставува ВОСПАЛЕНИЕТО и кој тип на храна делува АНТИ-ВОСПАЛИТЕЛНО?

tonus

Нашето тело извршува незамисливо огромен број на функции секоја секунда. Нови соединенија се создаваат, а други пак се метаболизираат до попрости, градбени единки. Ваквата машинерија е премногу комплексна и деликатна. Покрај тоа, телото е константно нападнато од разни штетни фактори од околината, а за наша среќа, тоа има бројни механизми како да се заштити. Еден од тие механизми е и воспалението или т.н инфламација која може да се јави во телото. Тоа е нормален и чест одговор на телото со кој се санира некаква штета или потенцијална опасност. Сепак, инфламацијата доколку трае подолго може да биде и штетна по здравјето. Затоа, преку исхраната постојат и низа на анти-воспалителни компоненти кои можат да му помогнат на телото да се справи со ваквите ситуации. Во продолжение, ќе можете да прочитате повеќе околу воспаленијата, зошто и како настануваат и кои намирници се т.н анти-воспалителни.

 

Што претставува воспалението?

Инфламацијата или воспалението е природен процес и е дел од одбранбениот механизам на организмот и истото има клучна улога при процесот на заздравување. При појава на „натрапник“ во телото, се јавува одговор со цел негово отстранување. „Натрапникот“ може да биде бактерија, вирус или пак обичен неоргански предмет – трн, прашина или некаков иритант.

 

Постојат два типа на инфламација – акутна и хронична.

Акутната инфламација е предизвикана од некаков тип на повреда или заболување и како што кажува името, таа е акутна односно краткотрајна. Таа е проследена со симптоми од типот на: болки, црвенило на повредената област, оток, чувство на топлина и сл.

"“Online”/

Меѓутоа, ваквите симптоми не секогаш се присутни, па воспалението може да биде и присутно без никакви симптоми. Најчесто акутната инфламација трае неколку денови. Субакутната инфламација може да трае 2-6 недели.

Другиот тип на инфламација, хроничната, може да трае со месеци па дури и години. Таа е најчесто поврзана со други заболувања како: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, артритис, ревматоиден артритис, псоријаза и сл.

Овој тип на воспаление е далеку поштетен и опасен, бидејќи може да трае навистина долго и да предизвика низа на проблеми како покачување на телесната тежина и низа на заболувања – дијабет, срцеви заболувања, канцер и сл.

Најчест начин за мерење на степенот на воспаление е преку мерење на т.н биомаркери или инфламациони маркери.

 

Кои се најчестите причини и ризик фактори за појава на воспаление?

За појава на акутна инфламација се смета дека најчести причини се:

  • Изложеност на некоја надворешна супстанца или предмет
  • Повреда
  • Инфекција

Симптомите на акутна инфламација може да се појават во период од неколку часови или денови, во зависност од причината. Во некои случаи тие може да станат и сериозни.

Во поглед на хроничната инфламација, таа може да се јави поради слични причини како и акутната, но преминува во хронична доколку состојбата е долгорочна и телото неуспешно се справува со неа.  Состојбите како астма, ревматоиден артритис, артритис и сл. се исто така поврзани со хронично воспаление.

Ризик фактори за појава на хронична инфламација се:

  • Возраст – ризикот се зголемува со возраста
  • Прекумерна тежина
  • Исхрана богата со нездрави масти и прекумерни количества додаден рафиниран шеќер
  • Пушење
  • Стрес
  • Проблеми со спиењето
  • Хормонски дисбаланс и сл.

 

Која храна може да помогне при инфламација?

1.Шумско или т.н бобесто овошје

Во овој тип на овошје спаѓаат: јагодите, боровницата, малините, капините и сл. Тие се плодови кои се исклучително богати со витамини, минерали, антиоксиданти и влакна. Најзастепниот тип на антиоксиданти кај овој тип на овошки се антоцијанините. Овие соединенија покрај антиоксидативното дејство имаат и силно анти-воспалително дејство и може да делуваат превентивно за низа на заболувања.

2.Храна која е извор на омега-3 масни киселини

Како намирница од овој тип, најдобро е да се издвои рибата, особено помасните видови риба кои се богат извор на омега-3 масти. Во таа категорија спаѓаат: лососот, сардините, харингата, скушата и сл. Долговерижните типови на омега-3 масни киселини – EPA и DHA, се смета дека ја намалуваат инфламацијата која може да доведе до заболувања (срцеви, дијабет, бубрежни заболувања и сл.) Во организмот, ваквите масни киселини се метаболизираат до соединенија наречени ресолвини и протектини, кои имаат докажани анти-воспалителни ефекти.

Покрај риба, семињата (чиа семето и лененото семе) како и јаткастите плодови (особено оревот) се сметаат за добри извори на омега – 3 масни киселини.

Доколку сакате да прочитате повеќе за здравите, незаситени масти, кликнете тука.

3.Зелен чај

Зелениот чај претставува еден од најздравите напитоци. Истражувањата покажуваат дека тој го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања, канцер, Алцхајмерова болест, прекумерна тежина и сл. Ваквиот импресивен профил е главно поради низата на присутни соединенија кои имаат анти-воспалителни и антиоксидативни својства. Особено се издвојува соединението со скратеницата EGCG. Ова соединение се смета дека ја инхибира инфламацијата преку намалување на создавањето на про-инфламаторните цитокини.

4.Печурки

Печурките се сметаат за намирница која е екстремно нутритивна, а содржи многу малку калории. Тие се богати со селен, бакар и ги содржат сите Б витамини. Содржат и феноли – соединенија со анти-воспалителни и антиоксидативни својства. Се смета дека процесот на термичка обработка на печурките го менува нивниот анти-воспалителен потенцијал, па така се препорачува сосем мала термичка обработка.

5.Пиперки

Пиперките и бабурите се исклучително добар извор на витаминот Ц и низа на други антиоксиданти. Бабурите го содржат антиоксидативното соединение кверцетин, кои се смета дека има анти-воспалително дејство и ги намалува нивоата на воспалителни маркери. Чили пиперчињата се исто така одличен извор на анти-воспалителни соединенија.

 

Покрај овие типови на намирници, како одлични анти-воспалителни типови на храна се сметаат дека се:

Како намирници кои треба да се избегнуваат и можат да ги иницираат или влошат процесите на инфламација, се сметаат:

Ваквите намирници се првенствено извор на нездрави масти (транс и заситени масти), големи количества на сол и шеќер, како и низа на штетни соединенија кои се јавуваат при нивната подготовка. Тие се смета дека можат да ги зголемат инфламаторните маркери во телото и да ја влошат состојбата при хронично воспаление во организмот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор