fbpx

Храна која најчесто се јаде ПОГРЕШНО!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Точно е дека здравата исхрана подразбира избор на здрави намирници, но можеби ќе се изненадите дека и самата форма во која ја јадете храната или начинот на кој ја готвите, некогаш исто така играат клучна улога.

Најтипичен пример за здрава храна која многу често не се јаде ,,правилно” се овошките, па и зеленчуците. Имено, многу често лушпата се лупи и фрла иако правилното миење може да ја минимизира опасноста од јадењето на овие делови од свежата храна, во кои најчесто се сместени поголемиот дел од микронутриентите, односно минералите и витамините.

Правилното готвење е исто така многу важно. Генерално гледано, готвењето на храната ја подобрува нејзината дигестибилност и ја зголемува апсорпцијата на поголемиот број хранливи материи. Дополнително, повеќето методи на готвење се фатални за патогените микроорганизми кои можат да ни направат штета. Секако, не пржењето, туку методите како динстување, варење, печење итн.

"“Online”/

Како само еден мал пример за зголемување на дигестибилнсота може да ги земеме протеините од вареното јајце, кои се 180% подигестибилни, отколку оние кај свежото.

Сепак, несоодветното готвење може да го намали количеството на неколку клучни хранливи компоненти:

  • водо-растворливи витамини: витамин Ц и сите витамини од Б групата
  • масно-ратворливи витамини: витамините А, Д,E и К
  • минералите: пред сè, калиум, магнезиум, натриум и калциум

Повеќе околку правилното готвење, прочитајте тука.

Fibro Gel

Иако многу често можеме да чуеме дека свежата храна секогаш без исклучок е подобро да се јаде така, отколку во приготвена форма, во продолжение ќе наведеме неколку типични примери, каде поздраво е свежата храна да се јаде приготвена.

10 примери на здрави прехранбени производи, кои доколку ги јадете/пиете/изберете правилно(во правилен облик или правилна подготовка), би биле уште поздрави:

 

1) Заменете ја храната добиена од бели брашна, со храна од полнозрнести брашна

Скробната храна треба да ни биде основен извор на енергија, но скробна храна се и белиот леб, белите пецива, тестенините итн.

Сепак, постои огромна разлика помеѓу продуктите добиени од бели брашна и оние од полнозрнасти житарки. Интегралните брашна го содржат целокупниот микронутритивен состав од зрната (витамини, минерали и други корисни фитохемикалии) и дополнително, имаат многу помал гликемиски индекс, односно имаат многу повеќе растителни влакна.

Едноставното заменување на сите производи од белите брашна, со интеграли производи на долг рок може да има здравствени бенефити од кои би се изнанадиле. Истражувањата покажуваат дека ваквата едноставна замена, многу значително го намалува ризикот од гојазноста, што е значаен ризик-фактор за низа заболувања(постојат и други бенефити, како на пример поздрава микрофлора итн).

Истото важи и за оризот. Повеќе за разликите помеѓу белиот и интегрален ориз, прочитајте тука.

И интегралните тестенини е можно да бидат поздрави. Како? Ако се јадат ,,ал денте”, односно пократко варени, заради тоа што со продолженото варење им се зголемува гликемискиот индекс што значи нивниот скроб побрзо ќе се разградува во телото и следствено, нивоата на глукоза во крвта ќе доживеат нагли пикови.


2) Почесто јадете готвен домат

Моќниот антиоксидант ликопен кој е пронајден во доматите, има навистина фасцинантни корисни влијанија за организмот. Важно е да се каже дека тој е подостапен за организмот ако доматите се јадат приготвени, кратко време на повисоки температури. Дополнително, додавањето на малку маслиново масло, ќе овозможи подобра апсорпција на некои значајни здрави маснорастворливи фитонутриенти. Повеќе за доматите прочитајте тука.

3) Брокулата јадете ја подготвена на пареа!

Со другите начини на подготовка, ги нарушувате корисните компоненти на брокулата, пред се витаминот Ц, хлорофилот и протеините. Дополнително, внимавајте да не претерате и со готвењето на пареа, што пократка е подготовката(до омекнување), тоа повеќе се зачувани хранливите материи. Брокулите најдобро одат во комбинација со малку маслиново масло, морска сол и лимонов сок. Повеќе за оваа супер-храна, прочитајте тука.


4) Водата од чешма најчесто е подобар избор од онаа флашираната


Можеби ова ќе ве изненади, но водата од чешма е сосема санитарно исправна (заради додадените точно определени неризични количества хлор) исто како и флашираната, но за разлика од неа има побогат минерален состав. Но, кога водата е многу „тврда”, добра идеја е да се користи филтер.


5) Јадете повеќе ферментирана храна


Во нашата традиција е подготвувањето на ферментирана храна(кисела зелка, краставички, туршија, цвекло итн), но веројатно не сте слушнале дека ваквата храна многу често е покорисна отколку нејзината свежа форма. Тоа се должи на пробиотската вредност која ја добива храната по процесот на ферментација. Пробиотиците се корисни бактерии кои можат многу да помогнат во одржувањето на балансот на природно присутната човекова цревна микрофлора.

Многу повеќе за здравствените бенефити на ферментираната храна прочитајте тука.

6) Јадете ги морковите, спанаќот, карфиолот, тиквичките и зелката варени


На овој начин овозможувате подобра апсорпција на антиоксидантите, како каротеноидите и феруличната киселина, отколку ако ги јадете овие продукти во свежа форма. Дополнително, со термичката обработка овозможувате и неутрализирање на некои антинутриенти од споменатите зеленчуци и на тој начин си ја подобрувате апсорпција на нивната минерална содржина. На пример, на железото и калциумот од спанаќот.

За подобра апсорпција на масно-растворливиот витамин А од морковите, добро е да се јаде во комбинација со малку маслиново масло или некоја друга здрава маснотија.

Варењето треба да биде доволно за да зеленчуците омекнат, продолженото варење, исто така не е добро.

7) Лукот е подобро да се јаде свеж заради алицинот

Високите температури го разградуваат алицинот, компонента која се смета за најкорисна во лукот. Повеќе за здравствените бенефити од лукот прочитајте тука.

8) Овошките е подобро да ги јадете свежи, отколку во смути, а неспоредливо подобро отколку да пиете било какви овошни сокови


Дури и оние комерцијални сокови кои (барем пишува дека) се 100% овошни, не се здрава храна. Тоа е така заради тоа што се калориска бомба од прости шеќери, а микронутритивниот состав е доста слаб. Тие создаваат шеќерни пикови и за кратко време нагли падови, по што сте гладни. Значи освен што се калориска бомба, тие се и поттикнувачи на глад. Истото важи и за смути напитоците кои самите ги подготвувате.

Секако, во некои прилики и тие се добра опција, на пример наутро кога ни е потребна повеќе енергија, потоа пред вежбање, ако ни недостастуваат одредени микронутриенти итн.

Значи, речиси секогаш подобар избор е посегнувањето по свежа, цела овошка, на тој начин ќе внесете неспоредливо помалку калории, неспоредливо повеќе растителни влака, веројатно и повеќе микронутриенти(минерали и витамини) и ќе се чувствувате посити и позадоволни.

9) Не го гответе веќе конзервираниот и третиран зеленчук и мешунките

Тие се веќе погодни за консумација и имаат одлична апсорпција во дигестијата. Дополнителното готвење може да ја наруши нивната текстура, но и вкусот и храниливата вредност.

Fibro Gel

10) Не го зашеќерувајте кафето и не користете преливи и кремови за кафе

Кафето е добар антиоксидативен извор и извор на кофеин кој ве прави поенергични. Дополнително, има малку калории, но ако го засладувате премногу или користите шлаг или разни кремови, се губи корисноста од него, односно штетата може да биде поголема. Затоа, пијте едноставно, ,,наше” турско кафе, со минимум или без шеќер.

Нешто повеќе за здравствените бенефити на кафето прочитајте тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X