fbpx

Која ХРАНА најмногу го зголемува РИЗИКОТ за појава на ЖОЛЧНИ КАМЧИЊА?

tonus

Во оваа денешна статија ќе се задржиме на една релативно честа, некогаш и незабележана состојба – камчиња во жолчното ќесе. Во продолжение ќе зборуваме зошто се јавуваат ваквите камчиња и која храна е генерално проблематична и допринесува за нивна појава.

 

Што се жолчните камчиња?

Жолчните камчиња се стврднати депозити од дигестивните течности кои се формираат во жолчката, мал орган сместен веднаш под црниот дроб. Жочката е задолжена за лачење на дигестивни, жолчни сокови кој помагаат во дигестирањето на мастите од внесената храна.

Жолчните камчиња се формираат кога жочните флуиди содржат преголеми количества холетерол или билирубин и недоволно жолчни киселини или лецитин (емулгатор, односно супстанца која овозможува успешно мешање на водата и течностите на база на маснотии). Најчести се камчињата со холестеролен состав, но и билирубинските камчиња (пигментирани жолчни камчиња) знаат да направат проблем.

"“Online”/

Камчињата кои се појавуваат можат да бидат со различни димензии (од невидливи за око, до големина колку голф топче), да се појават како повеќе, но во некои случаи и како едно камче со поголеми димензии. Често пациентите со овој проблем имаат потреба од операциски зафат, односно вадење на жолчката, но оние кои минуваат без било какви симптоми (без болки), вообичаено немаат потреба од третман.

 

Кои намирници го зголемуваат ризикот за појава на овие камчиња?

Храна богата со холестерол, рафинирани шеќери и нездравите масти се главните типови храна кои значително го зголемуваат ризикот од формирање на жолчни камчиња. Исхраната богата со заситени масти, какви што среќаваме во црвеното и преработеното месо, полномасните млечни производи и пржената храна, може да го подигнат нивото на холестерол во жолчката, примарен фактор за формирање на жолчни камења. 

Слично на тоа, високиот внес на рафинирани јаглехидрати и шеќери, како оние во засладените пијалоци, колачи и слатки, може да доведе до инсулинска резистенција и покачена телесна тежина – два значајни фактори за формирање на жолчни камења. Дополнително, исхрана сиромашна со растителни влакна, често асоцирана и со модерната исхрана, може да го наруши метаболизмот на жолчните соли и да ја намали подвижноста на жолчното кесе, дополнително придонесувајќи за развој на жолчни камчиња. Внесот на транс масти, кои најчесто се наоѓаат во купечката брза храна, исто така се поврзува со зголемен ризик од жолчни камења поради нивните негативни ефекти врз липидниот метаболизам и зголемување на воспалителните процеси.

Генерално, за лицата со веќе формирани жолчни камчиња или оние со голем ризик и предиспозиција се препорачува исхрана базирана на житарки, здрав извор на протеини и масти (како што се оние од риба, јаткасти плодови и маслиново масло), а секако и овошје и зеленчук.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор