fbpx

ХРОНИЧНИ БОЛКИ – Физичка активност, масажи и психолошка поддршка, а не аналгетици, велат експертите

tonus

Различните видови хронични болки се огромен проблем за населението, а проблемите се провлекуваат и во начинот на нивното третирање.

[Поврзано: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!]

Болките предизвикани од состојби како остеоартритис, ревматоиден артритис, улцеративен колитис, ендометриоза и слично, се дефинираат како секундарни хронични болки. Од друга страна пак, болките што немаат точно определена причина, а траат најмалку три месеци, се сметаат за т.н. примарни хронични болки.

"“Online”/

[Поврзано: Остеопороза – колку е значајна физичката активност?]

Сè поголем број на лекари, но и релевантни здравствени институции препорачуваат физичка активност, масажи, психолошки третмани, па дури и акупунктура, пред препишувањето на аналгетски лекарства за пациентите со хронични болки без точно определен причинител – примарните хронични болки.

Неодамна со ваква препорака излезе и Британскиот Национален институт за здравје (Nice). Од таму велат дека лекарите треба да им даваат предност на ,,природните” третман за овие болки, а од голема помош можат да бидат и психолошките третмани, како и антидепресивите (во определени случаи).

Дали аналгетиците воопшто можат да бидат од помош?

Британскиот здравствен систем заклучува дека хроничните болки од ,,непознато потекло” се доста распространет проблем помеѓу населението (помеѓу 1 и 6% од луѓето во Англија). Во таа насока, нивниот институт NICE формира препораки (за лекарите и јавноста) што имаат за цел да му помогнат на овој дел од населението. Во нив, како што веќе и споменавме, ги нема лекарствата за ублажување на болки или аналгетиците. Но, зошто?

Експертите утврдиле дека не постојат доволно научно поткрепени податоци кои би укажале дека аналгетиците го подобруваат или олеснуваат животот на лицата со хронични болки! Ниту во физичка, а ниту во психолошка смисла!

Заклучокот е дека од достапните лекарства, едниствено одредени антидепресиви во одредени случаи можат да го исполнат базичниот медицински услов – да направат повеќе корист отколку штета. Во оваа дефиниција, според директорот на Британскиот национален институт Nice, Д-р Пол Крисп, не влегуваат и аналгетиците.

Хроничните болки се проблем на кој му е потребно поголемо внимание

Искуствата покажуваат дека контролирањето и справувањето со хроничните болки е навистина предизвикувачка работа.

Нашите тела се создадени за да се движат, а умот да мисли и комуницира со луѓето и околината. Овие основни постулати кои нè прават луѓе се сериозно загрозени од хроничните болки, па затоа често луѓето покрај дијагнозата што им ги создава болките, имаат и стрес, а неретко развиваат и посериозни ментални нарушувања, како депресија или анксиозност на пример. Заради овие причини, од особена важност е да се најде некакво решение, односно подобро кажано – начин полесно да се живее со болките.

[Поврзано: Стрес – ефекти и начини на справување]

Имајќи го предвид претходно кажаното, фокусот не треба да биде само на намалување на болките во одреден момент кога можеби тие ,,ескалираат” (со аналгетици), туку на создавање план или лесно применлива стратегија која ќе нѝ помогне постојано да бидеме спремни да се движиме и дружиме со луѓето.

[Поврзано: 5 правила за самопомош кога сме соочени со ХРОНИЧНИ БОЛКИ]

Какви се препораките од NICE?

Nice препорачува составувањето на планот за грижа и контролирање на хроничните болки да биде базирано на:

  • колку лошо ваквите болки се одразуваат на секојдневието на пациентот
  • нивото на физичка подготвеност на пациентот
  • отвореност во разговорот за проблемите и прогнозите во врска со дијагнозата

Планот треба да содржи третмани кои во истражувањата се покажале како успешни на подолг рок во контролирањето на хроничните болки. Всушност станува збор за дизајнирање на програми за физичка активност, психолошки третмани, како бихевиорална терапија и ACT, а ако има потреба и антидепресивни медикаменти (се споменуваат амитриптилин, ситалопрам, дулоксетин, флуоксетин, пароксеин или сертралин).

Советите од Nice вклучуваат и препораки за искучување од употреба на многу често употребуваните парацетамол, нестероидни антиинфламаторни лекарства, бензодиазепини или опиоиди – лекарства што поседуваат потенцијал да направат зависност кај пациентите.

Извор:

Offer exercise, therapy, acupuncture, or antidepressants for chronic primary pain, says NICE

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор