Хроничното бубрежно заболување е состојба која опфаќа речиси 10% од светската популација. Таа бара правилно насочување и поддршка од стручно лице, а тоа ги опфаќа и секојдневните навики и начин на живот. Тука ја вбројуваме секако и исхраната и суплементите, а во продолжение ќе зборуваме за најважните нутриенти кои им се потребни на лицата со оваа состојба.
Која храна делува особено позитивно на здравјето на бубрезите?
За лицата со нарушено здравје на бубрезите, придржувањето кон исхрана погодна за здравјето на бубрезите е од клучно значење за управување со нивната состојба , но и можно успорување на прогресијата на бубрежното заболување. Ваквата „диета“ обично ја нагласува храната со ниска содржина на натриум, фосфор и калиум, а притоа внимавајќи и на внесот на протеини. Свежото овошје и зеленчукот – јаболка, бобинки, зелка, кромид, трупка, карфиол се неколку примери кои ги издвојуваме како одличен избор поради нивната ниска содржина на калиум. Слично на тоа, тие се богати со витамини, минерали и антиоксиданси, подобрувајќи го целокупното здравје.
Белиот леб, оризот и тестенините се препорачуваат наместо полнозрнестите житарки затоа што имаат помала содржина на фосфор. Дополнително, како протеинска храна се препорачува пилешкото, рибата и белките од јајца, бидејќи тие обезбедуваат основни хранливи материи без да ги оптоваруваат бубрезите со вишок отпадни производи. Здравите масти кои се наоѓаат во маслиновото масло, авокадото и јаткастите плодови се исто така корисни бидејќи помагаат во одржувањето на кардиоваскуларното здравје без да придонесуваат за дополнителен стрес и оптеретување на бубрезите. Од суштинско значење за лицата со нарушена бубрежна функција е тесно да соработуваат со нивнот лекар за да ја прилагодат нивната исхрана врз основа на нивните специфични нутритивни потреби и тип и фаза на бубрежната болест.
Кои конкретни нутриенти се важни при ХББ?
Како што споменавме, клучните нутриенти што треба да се следат се: протеините, фосфорот, калиумот, натриумот и калциумот.
- Внесот на протеини треба да биде умерен за да се намали оптоварувањето на бубрезите
- Ограничувањето на фосфорот помага да се спречат проблеми со коските и кардиоваскуларниот систем, а идеална е храната со ниска содржина на фосфор.
- Нивоата на калиум мора да се контролираат за да се спречат срцевите проблеми.
- Ограничувањето на натриумот е од клучно значење за управување со крвниот притисок и задржувањето на течности.
- Внесот на калциум треба да се следи заедно со фосфорот, за да се поддржи здравјето на коските.
Дополнително, соодветниот внес на витамини и минерали во трагови, како витаминот Д, железото и магнезиумот, може да го поддржат целокупното здравје и да ги компензираат недостатоците што може да настанат поради ограничувања во исхраната. Работата со здравствено лице е секако неопходна и потребно е соодветна изработка и придржување до правилно изработено мени за исхрана.