fbpx

ЗДРАВАТА ХРАНА како важен аспект за добар ИМУНИТЕТ! 10 конкретни примери!

tonus

Периодов акутелена е пандемијата предизвикана од корона вирусот, а во ек е и сезоната на вирусите. Нашиот сопстевен имунитет е најдоброто ,,оружје” за одбрана од сите патогени микроби!

Имуниот систем всушност претставува нашиот одбранбен механизам против сите несакани инфективни заболувања (предизвикани од различните микроорганизми), но и малку поопшто. Тоа е нашиот одбранбен систем кој треба да го одржи организмот во една т.н. состојба на баланс.

Се наметнува прашањето, дали ние можеме со нашите постапки, односно со нашиот животен стил, да му ,,помогнеме” на имунитетот во неговото соодветно функционирање.
Што е тоа што можеме да го направиме за оваа цел?

"“Online”/

Исхраната како фактор за оптималната функција на имуниот систем

Покрај добрите животни навики како редовната физичка активност, непушењето, минимизирањето и контролирањето на стресот, неконсумирањето на алкохолот, можеби најважна е правилната и здрава исхрана. Долги се дебатите што се подразбира под поимот здрава и правилна исхрана. За тоа ќе зборуваме понатаму.

10 намирници кои можат да ја помогнат правилната функција на нашиот имунитет.

1) Цитрусно овошје

Во овој вид на овошки спаѓаат: лимон, портокал, мандарини, цитрони, грејпфрут итн.
Како најважна компонента на овие овошки која придонесува за правилната функција на имунитетот се смета витаминот С. Овој витамин се поврзува со зголемената продукција на бели крвни клетки кои се клучни во борбата со сите инфекции. Цитрусното овошје е особено богато со него.

Телото само не е способно да го произведен овој витамин, па затоа е доста важно да ги консумираме овие овошки. Покрај нив, пиперката и некои други видови зеленчуци се особено богати со витамин С.

2) Брокулa

Не залудно брокулата се смета за супер-храна. Таа е богат извор на микронутриенти од различни видови. Полна е со витамин С, А, Е, како и низа на антиоксиданти и растителни влакна. Што помалку третирана, подобро.

3) Лук

Лукот е присутен во сите светски кујни, а кај нас исто така традиционално е присутен во повеќето јадења. Бројни се неговите позитивни влијанија на здравјето. Повеќе научни истражувања укажуваат на моќта на лукот да влијае на намалувањето на крвниот притисок и да го успори стврднувањето на артериите. Алицинот, заедно со другите компоненти на лукот кои содржат сулфур, има моќно имуностимулирачки дејство. Исто така некои студии укажуваат на негово антибактериско дејство.

4) Ѓумбир

Мудриот народ, уште од далечните времиња го користел ѓумбирот заради позитивните ефекти кои искуствено ги увидел. Денес, докажани се повеќе негови позитивни ефекти како: намалување на воспаленијата, ублажувањето на нагоните за повраќање и намалувањето на хроничната болка. Некои студии спроведени на животни укажуваат и на негово позитивно дејство во намалувањето на холестеролот во крвта.

5) Спанаќ

Освен што е богат извор на витамин С чија значајност ја споменавме, спанаќот е богат и со различни антиоксиданти, бета каротен итн. Овие компоненти можат да помогнат во антивоспалителните процеси со кои се справува имуниот систем. Слично како и кај брокулите, спанаќот е поздрав кога помалку се обработува термички.

6) Бадеми

Бадемите се јатки кои што се богати со здрави маснотии, но и со бројни микронутриенти. Тој е богат со калциум, низа на антиоксиданти и големо количество на витаминот Е. Витаминот Е се смета за една од клучните хранливи материи за имуниот систем. Еден оброк со околу 50 грама на бадеми целосно ги задоволува дневните потреби од витаминот Е.

7) Зелен чај

Редовното пиење на овој чај е во културата на народите од далечниот исток. Во последно време е се поприсутен и кај нас. Неговото позитивно дејство на имунитетот и општо на нашето здравје е резултат на неговиот богат антиоксидативен состав. Содржи флавоноиди и епигалокатехин галат – моќни антиоксиданти. Зелениот чај исто така содржи аминокиселина наречена L-теанин. Оваа аминокиселина може да придонесе во зголемување на продукцијата на имуните клетки наречени Т-клетки, кои се задолжени за борба против разните микроорганизми кои предизвикуваат разни инфекции.

8) Сончоглед

Сончогледот за грицкање или оној со помал процент на масти, често се употребува кај нас. Оваа навика треба да ја задржиме (секако да внимаваме да не е пресолен) поради тоа што сончогледот е богат со витаминот Е. Значајноста на витаминот Е како антиоксидант ја споменавме кај бадемите. Покрај овој витамин, сончогледот е богат и со минерали како фосфор, магнезиум и витамини од Б групата.

9) Киви

Кивите се присутни на нашиот пазар, особено во овој дел од сезоната. Покрај значителниот процент на витамин С кој можат да ни го обезбедат, кај нив значајно е и присуството на есенцијални хранливи материи како: фолати, калиум, витамин К. За имуниот систем најважен е витаминот С, додека другите нутриенти се значајни за други битни функции во организмот.

10) Печурки

Една австралиска студија докажува имуностимулирачко дејство на неколку типови комерцијални печурки: шитаке, реиши и маитаке. Имуностимулирачкото дејство на печурките се должи на бета глуканите (вид на јаглехидрати) кои се дел од нивниот состав. Овие компоненти се присутни и кај овесот.

Кога ќе се внесат, имуниот систем бета глуканите ги гледа како ,,туѓи елементи” стимулирајќи зголемен одговор, што се одразува и на патогените кои можат да бидат присутни. Австралиските научници исто така откриле и позитивно дејство на бета глуканите во намалувањето на високиот холестерол, а со тоа и на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор