fbpx

Дали ИНСУЛИНСКАТА РЕЗИСТЕНЦИЈА е најава за ПРЕДИЈАБЕТ?

tonus

Речиси еднаш неделно на нашиот блог објавуваме статии на темите: инсулинска резистенција, предијабет, дијабет и сл. Ова се состојби кои се силно поврзани и зависни една од друга. Разбирајќи ја ваквата поврзаност може да го намали ризикот на пример, предијабетот да премине во дијабет. Денес ќе зборуваме за како предијабет е поврзан со инсулинската резистенција.

 

Што е инсулинот?

Инсулинот е хормон кој го излачува панкреасот. Неговата главна улога е да го регулира количеството нутриенти кои циркулираат во крвотокот.

Иако најчесто се поврзува со контролирањето на шеќерот во крвта, овој хормон има улога и во метаболизмот на мастите и протеините.

"“Online”/

Кога имате оброк кој содржи јаглехидрати, нивото на глукоза во крвта по кратко време ќе порасне. Клетките на панкреасот имаат механизам според кој можат да го ,,почувствуваат” ова, по што излачуваат инсулин во крвотокот.

Инсулинот им сигнализира на клетките дека треба да го примаат шеќерот од крвта. Овој процес резлутира со намалени глукозни нивоа. Постојано покачените нивоа на шеќер во крвта се особено штетни од повеќе аспекти, а екстремно високите можат да предизвикаат сериозна штета, па дури да бидат и живото-загрозувачки.

 

Инсулинска резистентност

Кога клетките имаат нарушен одговор кон ефектот и функцијата на инсулинот, тогаш е присутна состојбата позната и како инсулинска резистентност или отпорност. Во вакви услови, панкреасот почнува да лачи уште повеќе инсулин во намерата да го намали шеќерот во крвта. Ова води кон високи нивоа на инсулин во крвта, состојба наречена хиперинсулинемија.

Со текот на времето, резистентноста на клетките кон инсулинот може да се зголемува, предизвикувајќи високи нивоа на шеќер, но и на инсулин во крвотокот. На крајот може да дојде до оштетувања на панкреасот и следствено, намалена продукција на инсулинот и секако, предијабет и дијабет.

Инсулинската резистентност е најчестата причина за дијабет тип 2, заболување кое опфаќа и до 10% од светската популација, но и за гестационалниот дијабет и предијабетот – исто така доста чести заболувања. Повеќе околу дијабетот, прочитајте тука.

 

Дали инсулинската резистенција значи и предијабет?

Инсулинската резистенција е можеби еден вид предвесник или жолт картон на предијабетот. Во состојба на отпорност на инсулин, клетките не успеваат ефикасно да ја преземат глукозата од крвотокот, што резултира со покачени нивоа на шеќер во крвта. За да се компензира, панкреасот лачи повеќе инсулин, што доведува до хиперинсулинемија. Со текот на времето, овој компензаторен механизам станува недоволен, а нивото на глукоза во крвта продолжува да расте, поставувајќи ја основата за предијабетот. 

Предијабетот се карактеризира со покачени нивоа на глукоза во крвта, но тие сè уште не се доволно високи за да се класифицираат како дијабетес. Инсулинската резистенција е главен ризик фактор што предизвикува предијабет и со текот на времето, дијабет тип 2. Но, инсулинската резистенција често се поврзува и со други метаболички состојби, како што се покачената тежина, хипертензијата и дислипидемијата. Патогенезата на инсулинската резистенција вклучува сложена интеракција на генетски фактори, начин на живот и фактори на животната средина.

Добрата вест е што инсулинската резистенција, а со самото тоа и предијабетот и дијабетот се силно зависни од начинот на живот. Дури и да се јави предијабет, па дури и дијабет, не значи дека таа состојба е трајна и мора веднаш да се започне со терапија. Навремени промени во неколку области – исхрана, физичка активност, спиење, стрес – се сметаат за особено важни во превенција, но и третирање на овие состојби. Инсулинската резистенција може да ја разбереме како вид на предупредување и жолт картон за предијабетот и дијабетот. Од друга страна, не е можно да се утврди точното време кое ќе биде потребно за предијабетот да се појави кај лице со инсулинска резистентност, односно хиперинсулинемија. Поради тоа, навремените промени и раното дијагностицирање може да се особено корисни. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор