fbpx

Вкусни и здрави рецепти со интегрален OРИЗ – идеални кога немате многу време!

tonus

Оризот претставува едно од најкористените зрна ширум светот. Постојат повеќе различни видови, како и начини на негова употреба, па во зависност од тоа тие можат да варираат во вкусот и хранливоста.

Главните два типа на ориз во светот, па и кај нас се: интегралниот и белиот ориз. Двете намирници потекнуваат од истото зрно, но белиот ориз минува низ повеќе степени на рафинирање и процесирање. Интегралниот ориз може да се смета за полнозрнеста храна. Тој е лесен за подготовка и може да се искомбинира во многу рецепти.

Нутритивна вредност

"“Online”/

Нутритивната вредност на интегралниот ориз (200g) е:

  • 245kcal
  • 5,5g протеини
  • 1,9g масти
  • 51,7g јаглехидрати
  • 3,2g растителни влакна

Дополнително, овој тип на ориз содржи  и фолна киселина (Б9), железо и низа други витамини и минерали.

Помалиот степен на рафинација значи дека интегралниот ориз ги задржува своите компоненти, а тоа го прави и далеку понутритивен од рафинираниот, бел ориз. Интегралниот ориз содржи повеќе витамини, минерали и растителни влакна, а поради различниот состав тој исто така поинаку се дигестира во организмот, па со тоа и различно делува на шеќерот во крвта. Имајте во предвид дека на интегралниот ориз му е потребно малку повеќе време и вода за да се подготви.

Рижото со праз и грашок

За подготовка на овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 35 минути и истиот е доволен за 4 порции.  

Потребни намирници:

  • Околу 200g ориз (по можност интегрален)
  • Околу 1300ml растителен бујон
  • 1-2 китки праз
  • 2-3 главици кромид
  • Малку маслиново масло
  • Околу 250-300g смрзнат грашок
  • Околу 200ml крем за готвење (хопла)
  • Околу 100g урда
  • Малку соја сос по желба
  • Сол и бибер
  • Малку свеж босилок и магдонос

Начин на подготовка:

1 . Празот и кромидот исецкајте ги и пропржете ги на тавче со маслиново масло околу 5 минути. Кога ќе омекнат, додадете го оризот и гответе уште околу 2-3 минути.

2 . Додадете ¾ од растителниот бујон. Оставете смесата да се готви околу 25-30 минути, односно додека оризот не е сварен. Доколку ви е потребно повеќе течност, слободно додадете обична вода или бујон.

3 . Кога оризот ќе се свари, тргнете го садот од оган и кон него додадете ги грашокот, хоплата, урдата, соја сосот, магдоносот и босилокот. Добро промешајте и повторно вратете го садот на оган. Гответе дополнителни 5-7 минути. Зачинете со сол, бибер и зачини по желба. Послужете со свежа, сезонска салата.

Ориз со наут на медитерански начин

За подготовка на овој рецепт ќе би бидат потребни околу 25-30 минути и истиот е доволен за 4 порции.

Потребни состојки:

  • 2-3 лажички маслиново масло
  • 1 главица кромид, исецкана
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • Околу 200g интегрален ориз
  • 1 конзерва сварен, подготвен наут
  • Малку сушено оригано и свеж магдонос
  • 700ml растителен бујон
  • Сок од еден лимон
  • Малку сол и бибер

Начин на подготовка:

1 . Во тавче со маслиново масло, пропржете го кромидот неколку минути. Кога ќе омекне, додадете го исецканиот лук и динстајте уште 1 минута. Потоа додадете го оризот и зачинете со малку сол, бибер и оригано.

2 . Потоа додадете го бујонот, наутот од конзерва и сокот од лимонот. Додадете го и магдоносот. Гответе околу 20-25 минути, односно додека оризот не се свари и омекне. Повремено мешајте.

3 . Послужете со малку фета сирење или урда, како и со вкусна, сезонска салата од цвекло, марула и морков.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор