fbpx

Малку калории, а многу здравје – два интересни рецепти со СПАНАЌ!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Кога помислуваме на здрава храна, а особено онаа за подобрување на имунитетот, една од првите намирници која ни доаѓа на ум е често спанаќот. Спанаќот е синоним за здрава храна и нешто со кое го зајакнуваме нашето здравје. Тој има широка примена и е прилично достапен, односно го има во поголемиот дел од годината на пазарите, како свеж, но и редовно се наоѓа во маркетите во замрзната форма. Затоа, денес издвојуваме два интересни рецепти кои ќе ве потсетат да подготвите нешто здраво и вкусно со спанаќ.

Спанаќ – еден од најздравите лиснати зеленчуци

Спанаќот се смета за еден од најздравите зеленчуци. Во нашата традиционална кујна спанаќот е застапен во различни рецепти и салати. Спанаќот е одличен извор на микронутриенти, витамини, минерали, па и растителни влакна. Од друга страна има доста ниска калориска вредност.

Во 30g спанаќ се содржат:

"“Online”/

– 7kcal

– 1,1g јаглехидрати

– 0,9g протеини

– 0,1g масти

– 0,7g растителни влакна

– 145mcg витамин К или 181% од Дневно Препорачаниот Внес

– 2813IU витамин А или 56% од ДПВ

– 58,2mg витамин В9

– 8,4mg витамин С

– 0,8mg железо

Дополнително, спанаќот содржи помали количества и на калциум, цинк, селен, бакар, фосфор,витамин В6 и витамин Е. Термички подготвениот спанаќ содржи неколку компоненти во поголема концентрација отколку свежиот.

Сепак, присуството на оксална киселина делува инхибирачки на апсорпцијата на калциум и на железото, па спанаќот има помала биодостапност во однос на нив. Инаку, оксалната киселина преку врзувањето на дел од присутните железо и калциум ја намалува и отежнува нивната апсорпција во организмот.

Чорба од спанаќ, наут и нудли од ориз

За овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 45-50 минути за подготовка, а истиот е доволен за 4 лица.

Потребни намирници:

  • Маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситно исецкана
  • 4 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1-2 свежи домати, исецкани
  • Околу 500ml растителен или пилешки бујон
  • Околу половина килограм смрзнат спанаќ
  • 1 конзерва подготвен наут (може да употребите и околу 300g домашно сварен наут)
  • Малку свеж магдонос
  • Сол, бибер, коријандер, мелен црвен пипер и останати зачини по желба
  • Сок од еден лимон
  • Нудли од ориз

Подготовка:

  1. Во големо теџере, загрејте малку маслиново масло и во истото пропржете го кромидот и лукот додека истите не омекнат (околу 5 минути). Додајте ги доматите, спанаќот, наутот и бујонот. Додајте го и магдоносот и зачините. Промешајте и доведета ја смесата до вриење, а потоа намалете ја температурата и оставете ја да се готви без капак.
  2. Гответе околу 25 минути, повремено мешајќи.
  3. Во меѓувреме, во мало тавче ставете малку маслиново масло и ставете ги нудлите од ориз. Гответе сосем кратко, односно додека истите не добијат кафеаво-златна боја. Внимавајте истите да не загорат. Потоа додајте ги во манџата и оставете да вријат заедно со зеленчуците уште дополнителни 10 минути.
  4. Послужете ја ваквата чорба со нудли додека е топла, со капка сок од лимон.

Традиционален спанаќ со ориз

За овој рецепт потребни ќе ви бидат само околу 30 минути за подготовка, а истиот е доволен за 2-4 лица.

Потребни состојки:

Fibro Gel
  • Половина килограм свеж спанаќ
  • 1 главица кромид (може и 2-3 млади кромидчиња), исецкана
  • 1-2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Маслиново масло
  • Малку сушено нане
  • Околу 200ml вода
  • Околу 60g ориз
  • Сол и бибер и зачини по желба (мајчина душица, босилок и сл.)
  • Сок од лимон

Подготовка:

  1. Во тавче, на малку маслиново масло динстајте го спанаќот неколку минути, односно додека истиот не омекне и се намали неговиот волумен, а потоа тргнете го на страна.
  2. Во тенџере пропржете ги кромидот и лукот на малку маслиново масло. Додадете го кон нив спанаќот, сушеното нане и додајте ја водата. Доведете ја ваквата смеса до вриење, а потоа додајте го оризот и зачините. Гответе околу 20 минути со капак. Доколку е потребно, додајте дополнително количество вода.
  3. Послужете топло, со малку сок од лимон и по желба со парче фета сирење.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор