fbpx

Intermittent fasting – Нашето тело има свој распоред за ЈАДЕЊЕ и СПИЕЊЕ! Зошто е важно да го следиме?

tonus

Во последно време сè повеќе се зборува за еден пристап кон исхраната наречен Intermittent fasting (IF). На македонски би можел да се преведе како наизменично постење.

Станува збор за шема на јадење која вклучува период определен за јадење и подолг период на невнесување храна (вклучително и во текот на ноќта). Периодите на ,,гладување” можат да бидат од 12, 16, па дури и 24 часови.

Во претходните статии се осврнавме на различни аспекти на влијание на овој пристап врз нашето здравје. Во продолжение, повеќе детали околу тоа како IF влијае врз нашиот внатрешен биолошки часовник и врз здравјето на црниот дроб.

"“Online”/

[Поврзано: Замастен црн дроб – Која храна е најлоша?]

Наизменично постење – Се’ повеќе докази за ефективност!

Се’ повеќе сериозни научни истражувања се занимаваат со испитување на ефектите на IF низ популацијата. Покрај очекуваните позитивни ефекти во однос на намалувањето на килограмите и силниот придонес кон решавањето на проблемите со инсулинската резистенција, наизменичното постење, се покажува како извонреден пристап и за целокупното здравје, вклучително и нашиот црн дроб

[Поврано: Наизменично постење и инсулинска резистентност]

Нашето тело има свој ,,распоред”, многу е важно да го следиме

Ограничувањето на внесот на храна во одредени рамки во текот на 24 часа, силно допринесува за оптимизирање на т.н. циркадијален ритам, или често нарекуваниот биоритам. Повеќе на тема циркадијален ритам или биолошки часовник, прочитајте тука.

Неверојатни 80% oд нашите гени функционираат според ,,распоред” во текот на 24 часа. Ова во превод би значело дека нивното експресирање се менува во зависност од периодот – некои гени се најактивни во одреден период, потоа експресирањето (создавањето протеини) опаѓа и така во циклуси. Кога пиковите на активноста на овие гени не е според ,,распоредот” или не е во својот соодветен временски интервал, доаѓа до негативни последици по нашето здравје.

Организирањето на т.н. ,,clock genes” (да ги наречеме временски гени) се одвива главно според циклусот на изложувањето на светлина. Така, за идеално се смета изложувањето на светлина во текот на целиот ден и максималното избегнување силна светлина кога надвор веќе ќе се стемни. 

Вториот најважен фактор за био,,навигација” на телото е внесувањето храна

Истражувањата покажуваат дека кога внесувањето на храната е во рамки од 8 часови и во периодот на најголемата активност во текот на денот, најголемиот дел од споменатите гени (како PER, CRY1, BMAL1 итн.) имаат оптимизирана или идеална експресија, односно функционираат идеално. 

Овие информации се основа за навистина бројни позитивни здравствени ефекти. 

Варењето храна без пауза не е природна состојба за нашиот организам – да му дадеме пауза

Консумирањето храна пак, во текот на најголемиот дел од периодот додека сме будни, прави целосна ,,збрка” во експресијата на  ,,временските гени” и води кон различни проблеми.

Прв на удар е црниот дроб. Како што сите знаеме, сите органи се важни и си имаат своја функција, но црниот дроб е од посебно значење, бидејќи има навистина бројни функции (над 500!), од создавање на хормони, ,,справување” со алкохолот, па се’ до складирање на шеќери и маснотии и нивна конверзија.

Секогаш кога внесуваме храна, потребен е одреден период за нејзино варење во дигестивниот систем. Нејзиното процесирање во нашето тело не е воопшто наивна работа, станува збор за активен процес кој има потреба од енергија и потоа бројни активности на ниво на секоја клетка што преку крвта ќе ја прими ,,подготвената” храна од дигестијата.

Ако нашиот организам постојано и постојано е во интензивен процес на ваква разградба, тоа води кон проблеми. Во главно проблеми предизвикани од експресија (или активирањето) на одредени гени кои потоа ќе создадат проинфламаторни протеини, како TNF alpha, AL6, AL1 итн. Главната штета за црниот дроб во оваа смисла доаѓа токму од нив.

[Поврзано: АВТОФАГИЈА – Мит или вистина?]

Овие проинфламаторни елементи не се нужно лоши, тие се присутни во нашиот организам со причина – да го поттикнат имунитетот, да ја помогнат дигестијата итн, но треба да постојат и нормални услови кога нивното ниво е сосем ниско, односно кога во дигестијата отсуствува храната (или поголеми количества храна).

Како краток заклучок

Заклучокот од досега кажаното би може да се сведе на едноставната реченица: Kaj здравите лица треба да постои поголем период во текот на 24 часа кога нашата дигестија не е преоптеретена. Позитивните ефекти од наизменичното постење се навистина бројни и опширни и постојано се надополнуваат од нови истражувања. 

Во наредните статии ќе зборуваме токму за нив. Да наведеме само неколку: 

– намалување на маснотиите

– намалување на телесната тежина 

– одмастување на црниот дроб

– подобро регулирање на шеќерот во крвта

– подобра состојба во корисната цревна микрофлора

 

ПРОГРАМА ЗА ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ (СТЕАТОЗА)

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор