fbpx

Како здравото живеење го помага интимниот живот?

tonus

Сексуалното здравје е нераскинлив дел од целокупното здравје и благосостојба на човекот. Затоа е важно да го одржуваме, односно да имаме начин на живот што ќе превенира евентуални помали или посериозни проблеми во нашиот сексуален живот.

[Поврзано: Дали сексот може да се смета за физичка активност и колку е ризичен за срцето?]

 

Сексуалноста е крајно комплексна

 

Од биолошки аспект, сексот е само уште една телесна функција, регулирана од ендокриниот систем (хормоните) и дизајнирана за продолжување на човековиот вид. Сепак, далеку од тоа дека ваквата дефиниција може во целост да ни го ,,долови” овој поим.

"“Online”/

Покрај биолошките ,,сили”, нашата сексуалност е определена од нашите искуствата, но и од очекувањата. Сопствентвеното доживување како сексуално битие, нашите мисли околу тоа што значи задоволувачки секс и врска, како и самата комуникација со партнерот, претставуваат клучни елементи или фактори во развојот и одржувањето на здрав и задоволувачки сексуален живот.

Самиот збор секс кај луѓето буди цел спектар на различни емоции – од љубов, возбуда, нежност, па сè до анксиозност и разочарување. Всушност, чувствата варираат како и самите сексуални искуства. Веројатно секој од нас во некој период од животот ќе се соочи со секое од овие чувства поврзани со сексот. За жал, со текот на годините проблемите стануваат поверојатни.

[Поврзано: Еректилна дисфункција – потенцијално предупредување за нарушено срцево здравје?]

Затоа, во продолжение ќе зборуваме како здравиот начин на живот сфатен во неговата целина, може позитивно да се одрази врз сексуалната функција, но и да превенира нарушувања. Имајќи предвид дека квалитетниот сексуален живот не е определен само од физичкото здравје, ќе дадеме и кратки, но корисни совети за подобрување на сексуалниот живот од психолошки аспект.

 

,,Лајфстајл” фактори што влијаат врз сексот

 

Во една од нашите претходни статии за еректилната дисфункција. Видовме дека најчестиот нејзин предизвикувач е всушност нарушеното кардиоваскуларно здравје. Секому е јасно дека начинот на живот е најважниот фактор што го определува здравјето на срцето.

[Поврзано: Според нашата возраст, што можеме да направиме за нашето срце?]

Само преку овој пример,  можеме да заклучиме колку здравото живеење е важно за здрав сексуален живот.

Каков живот треба да водиме, со цел подобрување на сексуалниот живот, но и негово одржување и превенција од проблеми?

 

  • Вежбање, вежбање, вежбање

 

Редовната физичка активност e лајфстајл факторот кој најмногу може да придонесе за подобрување на сексуалната функција. Имајќи предвид дека сексуалната возбуда генерално зависи од добрата циркулација на крвта, аеробните вежби (што го зајакнуваат срцето, но и крвните садови) се клучни. Другите бројни придобивки од стекнувањето на навиката за редовна активност, погледнете ги во следното видео: Придобивки од физичката активност!

Не ги заборавајте и вежбите со тежина.

 

  • Заборавете на цигарите

 

Пушењето е ризик-фактор број еден за нарушено срцево здравје! Оваа навика допринесува за периферни васкуларни заболувања, што директно се одразува на циркулацијата на крвта до пенисот, клиторисот и вагиналните ткива. Дополнително на тоа, жените пушачи влегуваат во менопауза 2 години порано.

[Поврзано: Нехормонско третирање на ,,жешките бранови” во менопауза]

 

Одлучивте да ги оставите цигарите? Повеќе корисни совети како да се справувате во непријатните симптоми по откажувањето, прочитајте тука.

[Поврзано: Пушење, стрес и кардиоваскуларно здравје]

 

  • Ако пиете алкохол, бидете умерени

 

Алкохолот може да им наштети на сексуалните рефлекси преку негативиот ефект врз нашиот централен нервен систем. Пиењето поголеми количества алкохол во подолг период, може значително да го оштети црниот дроб, зголемувајќи ја продукцијата на естроген кај мажите.

Кај жените, алкохолот може да поттикне топли бранови и да го го наруши сонот, влошувајќи ги симптомите на веќе присутната менопауза.

[Поврзано: Животни навики – Алкохол]

 

  • Имајте здрава, балансирана исхрана

 

Јадејќи нездрава, масна храна, значително си го зголемуваме ризикот од развој на гојазност и нарушен липиден профил (масти и холестерол). Знаеме дека ова се веројатно клучните ризик-фактори и за развој на кардиоваскуларни заболувања.

Дополнително, гојазноста има и силен психолошки момент, односно создава лоша слика за нашето тело. Зголеменото либидо или сексуалната желба е еден од ,,скриените” бенефити на процесот на слабеење.

[Поврзано: Кои продукти во храната можат да влијаат на вашето ЛИБИДО?; Гојазност и фертилност]

 

Комуникација со партнерот

 

Голем дел од паровите имаат потешкотии во комуникацијата кога станува збор за сексот. Таа станува уште потешка кога ќе се појават некакви сексуални проблеми, поради чувството на вина, срам и повреденост.

Добрата комуникација е круцијален момент во секоја здрава врска, па тука спаѓа и постојаното разговарање за емоциите и сексот.

Кратки совети за самопомош и подобрување во комуникацијата со партнерот во однос на сексот:

 

  • Најдете го вистинскиот момент за разговор на темата – моментот за секого е индивидуален, но добро е разговорот за сексот да не биде исклучиво во креветот.
  • Избегнувајте критизирање – најпрво фокусирајте се на позитивните страни, а потоа адресирајте го проблемот, без притоа да му наметнувате чувство на вина на партнерот. Проблемот треба да се реши заеднички.
  • Доверујвате му се на партнерот за телесните промените што ги искусувате – на пример ако често имате топли бранови, сува вагина, проблеми со ерекцијата и слично, не се двоумете да зборувате со партнерот. Во спротивно, може да бидете погрешно сфатени и тоа да води кон нови проблеми.
  • Бидете искрени – можеби мислите дека го ,,заштитувате” партнерот со глумењето оргазам на пример, но на долг рок тоа е неодржливо. Проблемите што се ,,ставаат под тепих”, во било која област, на крајот ескалираат.
  • Не ја изедначувајте емотивната врска со сексуалниот перформанс
  • Едуцирајте се – човекот учи додека е жив. Знаењето ќе ви ја зголеми самодовербата, но и ќе ви помогне полесно да надминете некои чести проблеми.
  • Дајте си време и релаксирајте се – со текот на годините, либидото постепено опаѓа. Затоа, кај повозрасните лица нормална е поголемата потреба од стимулација и тоа не треба да ве вознемирува.

Никогаш не губете надеж – како и да е проблемот, ако долго ве мачи и ви изгледа нерешлив, не се двоумете да искомуницирате стручно лице, односно соодветен доктор што ќе може да ви помогне.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор