fbpx

10 конкретни совети за намалување на ШЕЌЕРИТЕ во исхраната!

tonus

Повременото уживање во одредени слатки не мора да биде погрешно, но зачестеното ,,препуштање” на задоволствата кои имаат да ни ги понудат препроцесираните производи дефинитивно не е паметно, особено ако имате намера да ги намалите килограмите. Тие се сиромашни со нутриенти, а богати со многу калории (додадени шеќери и заситени маснотии). Дополнително, имаат исклучително висок вкусов интензитет кој неретко создава зависност.

[Поврзано: Празни калории; НАЈОПАСНИТЕ калории: ТЕЧНИТЕ калории!]

Според релевантни здравствени институции, како што е американскиот FDA, дневниот внес на додадени шеќери не треба да надмине 10% од вкупниот калориски внес. Во храна со додадени шеќери спаѓаат продукти во кои е додаден грануларен шеќер, но и мед, сируп (глукозан, фруктозен итн.), концентриран овошен или зеленчуков сок итн. Затоа, бидете внимателни и читајте ги етикетите, особено ако имате дијабет или се обидувате да ослабете.

"“Online”/

Шеќерите кои ги внесувате од свежата храна, како овошје и зеленчук, доаѓаат заедно со низа други хранливи материи, но и растителни влакна и протеини кои ја успоруваат дигестијата.

Замената на процесираните шеќери со оние природните (од целите овошки и зеленчуци!) е одлична идеја за енергетските нивоа, но и за целокупното здравје. Затоа, во продолжение ќе ви понудиме 10 совети како полесно да создадете навика за избегнување на додадените шеќери.

1. Бидете свесни за тоа колку калории внесувате

Проверувајте ги етикетите и нутритивните врендности на продуктите. На тој начин не само што ќе бидете посвесни во однос на тоа колку калории внесувате, туку ќе имате повеќе чувство која храна е здрава, а која не. Можеби ви изгледа како доста досадна и мачна работа, но проверувањето на етикетите ќе ви создаде искуство, па понатаму ќе имате ,,чувство” колку калории (па и хранлива вреднст) има одреден производ, без да го проверувате тоа.

2. Бидете свесни дека шеќерот може да се сретне под различни имиња

Постојат различни видови на шеќери, па на етикетите често наместо глукоза или шеќер,  можете да сретнете и: фруктозен пченкарен сируп, лактоза, кафен шеќер, карамел, декстроза, фруктоза, малтодекстрин, глукозан сируп итн. На етикетите на одредени производи, како јогурт, житарки и слично, често пати можеме да забележиме назнаки како ,,ниска масленост”, ,,богато со растителни влакна” итн. Кај ваквите производи доста често се додаваат шеќери за да се одржи вкусот.

[Поврзано: Дали КАФЕАВИОТ шеќер е само обичен бел, но ОБОЕН шеќер?]

3. Користете цели овошки и цимет за засладување на доручекот

Доста често луѓето се залажуваат дека имаат здрави оброци наутро, подготвувајќи зашеќерени мусли, особено во комбинација со овошни јогурти. Дополнително, не е реткост ниту користењето премногу мед, јаворов сируп и други засладувачи.

Треба да знаете дека употребата на свежите овошки и зачините, како циметот, може да придонесе за подобра слаткост на овесот на пример.

[Поврзано: Рецепт – златен овесен доручек!]

4. Избегнувајте засладување на кафето и чаевите

Иако кафето и чајот се одлична навика, нивното презасладување може да биде толку голем проблем, што може да ги наруши вашите планови за слабеење. Зошто?

Огромен дел од луѓето имаат навика за пиење кафе и чај, дури повеќе пати во денот. Така, ако пиете кафе 3 пати дневно, а го засладувате со 2-3 лажици, вие само на овој начин ќе внесете повеќе од 40g шеќер или над 160 калории. Тоа е сосема доволно да ви го направи рутинското пешачење бесмислено (во калориска смисла).

Наместо додавањето шеќер, за подобар вкус на чаевите можете да користите повеќе лимон, додека кафето можете да го засладувате со стевиа.

[Поврзано: Стевиа – 300 пати послатка од шеќерот!!]

5. Скратете или заменете го шеќерот при готвењето

Додавањето на шеќерите е доста често при подготвувањето на различните печени производи во домашни услови. Тоа придонесува за слаткоста, но и за текстурата. Сепак, во најголемиот дел од случаите, шеќерот при готвењето може да се намали најмалку за 1/3, па дури и за половина. Намаленото количество доволно ќе допринесе за слаткоста и текстурата, односно ќе ја заврши работата. Секако, наместо шеќерот секогаш можете да додадете свежи овошки, како на пример печени производи со додадена пасирана банана.

Добар пример за тоа е нашиот здрав банана леб. Пробајте го рецептот на следниот линк: РЕЦЕПТ: леб од БАНАНИ – и здрав и лесен и вкусен!

6. Јадете повеќе сезонско овошје

Овошките кои не се сезонски имаат намалена слаткост, па тоа може да не ви ја задоволи вашата потреба за слаткост кога ги користите како замена за шеќерот. Затоа, ориентирајте се според сезоната.

7. Пијте минерална вода или вода со лимон наместо газираните пијалаци

Газираните пијалаци имаат огромни количества додадени шеќери. За полесно визуелизирање, еден просечен газиран пијалак содржи најмалку 5-6 лажици шеќер на една чаша. Истото важи и за овошните густи и битри сокови.

Зошто минералната вода и водата со лимон се одличен избор, прочитајте на следните линкови: Минерална вода, кои се придобивките за здравјето? ; 7 научни докази што ќе ве потсетат за моќта на лимонот комбиниран со вода!

8. Спијте доволно!

Можеби од прва ова ви делува чудно, но добрите навики за сон ќе ви овозможат помали нивоа на кортизол и следствено на тоа помалку стрес и потреби за ,,емотивно” прејадување. Добриот сон ќе ги оптимизира и нивоата на другите два клучни хормони за телесната тежина – лептин и грелин.

Емотивното прејадување како по правило е со нездрава храна, односно храна со празни калории и интензивни вкусови карактеристики – се подразбира храната со додадени шеќери.

[Поврзано: Врската помеѓу СПИЕЊЕТ и телесната тежина
Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ?]

9. Немојте да правите ,,резерви во домот со различни грицки и слатки

Многу е полесно да кажете едно ,,Не” во супермаркетот, отколку 100 во кујната. Ова посебно важи за слатките на кои тешко можете да им одолеете.

10. Внимавајте на т.н. ,,скриените шеќери

Одредени процесирани производи за кои можеби никогаш не би помислиле дека содржат шеќери, всушност содржат во поголеми количини, заради контрола на вкусот, конзервирање или слично. Затоа бидете внимателни со продукти, како на пример:

различни видови кечапи
◦ конзервирани овошја
◦ сенфови
◦ различни дресинзи и преливи за салати
◦ мајонез
◦ песто

јогурти и овошни јогурти
◦ различни мусли, особено оние за ,,инстант
подготовка
◦ енергетски пијалаци
◦ подготвени сосови за тестенини
различни ,,здравибарови или плочки
◦ ладни чаеви
◦ суви овошки

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор