fbpx

Лошата ИСХРАНА, ПУШЕЊЕТО и НЕАКТИВНОСТА повеќе го ,,СТАРЕАТ” мозокот, отколку ГОДИНИТЕ!

tonus

Глобално, деменцијата претставува сè почест проблем и за жал во иднина нејзината застапеност само се очекува да расте. Според статистиките на Светската здравствена организација (СЗО) во овој момент околу 55 милиони луѓе ширум светот се дијагностицирани со деменција. Околу 60-70% од овие случаи, се пропратени и со дијагностицирана Алцхајмерова болест

Се смета дека до 2050 година, бројот на лица со деменција ќе порасне и до над 150 милиони, бројка која е сериозно загрижувачка. Од моменталните 55 милиони случаи, над 7 милиони се смета дека се должат на животните навики и останатата здравствена состојба која ја имаат луѓето – пушење, обезност, висок крвен притисок и сл. 

Што претставува деменцијата?

Деменцијата претставува термин со кој се опишуваат група на симптоми поврзани со помнењето, размислувањето и социјалните интеракции и способности. Најчесто деменцијата како термин се асоцира со влошена меморија. Алцхајмеровата болест се смета за најчеста форма на напредна деменција и најчесто се јавува кај постарата популација. Како најчести ризик фактори за појава на деменција се сметаат: возраста, животните навики, фамилијарната историја/генетика и присуството на Даунов синдром (кај лицата со Даунов синдром, Алцхајмеровата болест се јавува доста порано и многу почесто).

"“Online”/

Деменцијата не е задолжителен дел од стареењето и за жал таа се смета за седма најчеста причина за смрт низ популацијата. Се одликува со три фази – рана, средна и доцна фаза, секоја со свои симптоми – од заборавање и отежната комуникација, до значителни промени во однесувањето и речиси целосна зависност од грижата на друго лице.

Како што веќе споменавме, возраста е силен ризик-фактор за развој на деменцијата, но денес ќе разгледаме едно интересно истражување што вели дека сама по себе возраста и не е клучен фактор за појава на оваа група заболувања.

Нешто повеќе околу студијата

Студијата е објавена во научното списание Alzheimer’s & Dementia и вклучувала податоци од над 22 илјади луѓе на возраст од 18 до 89 години. Испитаниците требале да пополнат претходно подготвен прашалник и да извршат 4 ,,когнитивни задачи”.

Станува збор за истражување што е помеѓу првите кои ги анализираат животните навики како ризик-фактор за деменција низ текот на целиот живот. Ова значи дека анализата вклучува податоци од многу млади испитаници, вклучително и лица од 18 години. 

Анализирани биле меморијата и фокусот на испитаниците и како врз нив влијаат т.н. ,,модификувачки ризик-фактори” за деменција: низок степен на образованиe, загуба на слухот, трауматски повреди на мозокот, зависност од алкохол или други супстанци, хипертензија, пушење, дијабет и депресивност.

Кои биле заклучоците?

Поединците кои немале ,,модификувачки” ризик-фактори за деменција, како дијабет, губење на слухот или пушење, имале слично ниво на здравје на мозокот како луѓето помлади од нив 10 до 20 години.

Откриено било и дека само еден ризик-фактор за деменција има потенцијал да ја намали когнитивната способност на човекот на ниво еквивалентно на 3 години стареење. На пример, ако имате 3 ризик- фактори за деменција, постои силна опасност од намалување на вашиот когнитивен перформанс што би било еднакво на 9 годишно стареење. Ефектите стануваат посилни со самото стареење.

[Поврзано: Што е когнитивно здравје и како да го подобриме?]

Начинот на живот е многу поважен од самата возраст!

Истражувачите се дицидни: лајфстајл факторите, односно целокупните навики на живеење се поважен фактор за определување на когнитивната способност отколку самата возраст.

Ова се навистина убави вести, бидејќи покажуваат дека во голема мера, во смисла на задржување на когнитивната способност, работите зависат и од самите нас. Оттука, многу поважно станува инаку веќе значајното контролирање на т.н. ,,модификувачки” ризик-фактори за деменција (кои истовремено претставуваат и зголемен ризик од други заболувања поврзани со метаболизмот и целокупно нарушено здравје – висок притисок, обезност, дијабет итн.).

Ова е уште само една од стотиците причини да започнеме со здрав начин на живот, без разлика дали имаме 20 или 70 години.

[Поврзано: Метаболен синдром – секој би требало да знае за овој поим]

Извор:

The adverse effect of modifiable dementia risk factors on cognition amplifies across the adult lifespan

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор