fbpx

Зошто МЕДИТЕРАНСКАТА ИСХРАНА е корисна за лицата со покачен ХОЛЕСТЕРОЛ?

tonus

Покачениот холестерол е добро познат, чест и загрижувачки проблем по јавното здравје. Тој е особено проблематичен, бидејќи често нема сериозни, видливи симптоми, па така често останува незабележлив со години. Неговото покачување може да биде резултат на многу различни состојби, фактори, навики и сл. Секако, можеби најважните навики се оние секојдневните – исхраната, движењето, изложеноста кон стрес, квалитетот на спиење и сл. 

Кога холестеролот е покачен се препорачува промена на овие навики, а најчесто тоа секогаш започнува со менување или модифицирање на исхраната. Тоа е така, бидејќи исхраната и често може да доведе до покачување на холестеролот и до општото влошување на кардиоваскуларното здравје. Поради тоа, денес ќе зборуваме малку повеќе за медитеранската исхрана и како таа може да се покаже како ефективна, корисна и погодна за лицата со покачен холестерол.

Што претставува холестеролот и зошто е опасно доколку е покачен?

Холестеролот претставува восочна супстанца, која припаѓа на групата на липиди. Тој природно е присутен во нашиот организам и се создава во црниот дроб. Има незаменлива улога во градењето на здравите клетки, нивните мембрани и сл. Постојат два вида на холестерол:

"“Online”/
  •     LDL – или често наречен и „лош“ холестерол, претставува липопротеин со помала густина кој е заслужен за транспортирање на холестеролот низ телото и крвотокот. Овој тип на холестерол се таложи во внатрешноста на крвните садови и доведува до нивно стеснување.
  •     HDL – или т.н „добар“ холестерол, го собира вишокот холестерол и го транспортира до црниот дроб.

Покаченото ниво на холестерол во крвта може да биде проблематично за здравјето, особено за кардиоваскуларното. Покачувањето на холестеролот може да доведе до таложење на еден вид масни наслаги или депозити во внатрешноста на крвните садови. Ваквото таложење со текот на времето може да стане значително и со тоа да го отежни протокот на крвта низ крвните садови. Ова секако значи дека со текот на времето овие наслаги може целосно да го попречат дотокот на крв, а тоа може да има сериозни последици по здравјето, а во некои случаи да предизвика и смрт.

Покрај наталожувањето, овие наслаги може неочекувано да се одвојат и да формираат еден вид на тромб која ќе запуши потесен дел од крвниот сад.

Зошто медитеранската исхрана е застапена во речиси секоја здравствена препорака?

За разлика од другите начини на исхрана или т.н „диети“ – медитеранската кујна и исхрана речиси нема никакви рестрикции и строго определени правила. Таа се засонва на принципи кои се лесни за следење и кои може да се користат и на долги патеки. Како што споменавме тие воглавно се:

  •     Редовно консумирање на зеленчуци и овошје од секаков тип и во секаква форма (салати, супи, готвени јадења, смути, намази, зимници и сл.)
  •     Замена на нездравите масти (заситени и транс масти) со здрави алтернативи – риба, јатки, семки, ладно цедени растителни масла (првенствено маслиновото) и сл.
  •     Честа употреба на полнозрнестите житарки
  •     Употреба на нискомаслено млеко и млечни продукти
  •     Умерена употреба на месото (особено на црвеното месо и месните преработки) – се препорачува употребата на пилешкото или мисиркиното месо
  •     Редовна употреба на мешунките (грав, боранија, грашок и сл.)
  •     Јадење на риба барем 1-2 пати неделно

Воочливо е дека препораките се базираат врз употреба на разновидна исхрана со вклучување на што е можно повеќе свежи намирници во секојдневните рецепти, а сепак избегнување на сосем малку нездрави алтернативи. Иако се смета за исхрана без голем број рестрикции, се препорачува целосно или делумно избегнување на процесираната храна – односно намирниците кои се сиромашни со нутриенти, а имаат огромен број на калории. Тука спаѓа брзата храна, слатките, тортите, сладоледот, кондиторските производи, чипсот, соковите и сл.

Како медитеранската исхрана влијае врз нивото на холестерол?

Повеќе студии го имаат проучено ефектот на медитеранската исхрана врз нивото на холестерол и триглицериди во крвта. Се работи за студии кои траеле од неколку недели па до неколку години, а биле вклучени здрави индивидуи, лица со покачени нивоа на масти и лица со други здравствени проблеми. Голем дел од студиите се фокусирале на одредени аспекти од медитеранската исхрана – како што се: свежото овошје и зеленчук, зачестената употреба на ладно цедено маслиново масло, консумирање на јаткасти плодови и сл. Резултатите од некои студии покажале дека овој начин на исхрана може да го намали „лошиот“ – LDL холестерол, во просек за околу 10%, а да го покачи нивото на „добриот“ – HDL холестерол за околу 5% во просек. Некои студии исто така забележале опаѓање во вкупното количество на холестерол и триглицериди кај испитаниците. 

Една студија вклучила околу 300 испитаници кои имале висок ризик за кардиоваскуларни заболувања, а тие биле подложени на една од три различни исхрани во текот на една година. Едната од нив била традиционалната медитеранска исхрана, но збогатена со маслиново масло; другата била традиционална медитеранска исхрана збогатена со јаткасти плодови и другата била стандардна, здрава, контролна исхрана која имала намален внес на црвено месо, процесирана храна и слатки.

Резултатите покажале дека медитеранската исхрана збогатена со маслиново масло ги подобрила вредностите за добриот – HDL холестерол, со што полесно се отстранува вишокот на непосакуваниот – LDL холестерол. Целокупно гледано, резултатите од сите три исхрани биле прилично слични, што ужакува на важноста од следење на здрава, балансирана исхрана, без разлика дали станува збор за традиционалната медитеранска исхрана или исхрана присособена кон нејзините принципи. Ваквите ефекти главно се смета дека се должат на зголемениот внес на незаситени масти (особено корисните омега-3 масни киселини), а намален внес на процесирана храна, црвено месо и останати намирници кои се извор на големи количества заситени и транс масти. Дополнително, медитеранската исхрана и намирници изобилуваат со витамини, минерали, антиоксиданти и особено важни во поглед на холестеролот – растителни влакна, кои докажано го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор