fbpx

Колку полоша исхрана кај мајката, толку поголем ризик од обезност кај детето!

tonus

 Традиционално се смета дека исхраната на мајката силно влијае на здравјето на дететото. Ова важи и за периодот кога бебето е се’ уште во утробата на мајката, но и подоцна во раното детство. Ваквите тврдења во последно време добиваат и научна основа. Имено, исхраната со лош квалитет, односно исхраната богата со проинфламаторна храна во текот на бременоста, го зголемува ризикот од обезност и вишок масни наслаги кај детето, особено во подоцнежниот период од детството. Овие податоци неодамна се објавени во журналот BMC Medicine.

Што полоша исхрана кај мајката, тоа поголем ризик за дебелина кај детето!

                    Истражувачите од Универзитетот Даблин, Ирска утврдиле дека децата чиишто мајки имаат исхрана со добар квалитет во периодот на бременоста, имаат значително намален ризик од обезност и високо ниво на масни наслаги подоцна во детството. Кога велиме добар квалитет, се мисли на прехранбени продукти што не се поврзуваат со појава на процесите на хронична инфламација во организмот. Продуктите пак, кои поседуваат проинфламаторен потенцијал, се поврзуваат со обратното, односно со зголемен ризик од обезност и вишок телесни маснотии.

                      Јасно е дека обезноста во текот на детството најчесто се пренесува и кога човекот е возрасен, заради самото зацврстување на лошите навики, пред се’ во однос на исхраната. Знаеме дека понатаму долготрајната обезност се поврзува со низа хронични заболувања, како на пример дијабет тип 2. Се’ поголем е бројот на податоци што укажуваат дека исхраната на мајката влијае на бременоста, но и на превенцијата од обезност кај малото дете.

"“Online”/

                                   Повеќе информации околу самата студија

                     За да се испита ефектот на исхраната на мајката во однос на ризикот од детска обезност, авторите на истражувањето анализирале податоци собрани од над 16 илјади мајки (со нивните деца), во неколку различни европски земји, вклучително Ирска, Франција, Британија, Холандија и Полска. Во просек мајките биле на возраст од 30 години, со нормален индекс на телесна маса (БМИ). Мајките ја пријавувале својата исхрана пред и за време на бременоста. Истражувачите ја вршеле процената на квалитетот на исхраната, пред се’ испитувале дали и колку е застапена проинфламаторна храна во исхраната на мајките. Станува збор главно за заситени маснотии, рафинирани шеќери и црвени, процесирани месни продукти. Процените за БМИ на децата бил правен во раното детство и потоа уште 2 пати во подоцнежното детство. Дополнително, правени биле и дополнителни анализи во однос на телесниот состав на децата.

                        Тоа што научниците го утврдуваат е дека децата на мајките кои имале исхрана со повеќе проинфламаторна храна, имаат многу помалку мускулна маса во однос на телесните масти. Истражувањата ваквата пропорција мускул:масно ткиво, ја поврзуваат со ризик од дијабет, зголемен притисок и обезност. Во даденото истражување, посилен ефект во оваа насока е забележан кај момчињата, кога станува збор за подоцнежниот период од детството.

                     Исхраната на мајката ја менува и генетиката на детето!

                    Одредени други испитувања во минатото утврдуваат и дека лошата исхрана кај мајката, поседува потенцијал за епигенетски промени кај детето. Што би значело ова? Епигенетиката претставува понова научна дисциплина што се занимава со испитување на причините што овозможуваат телото да создаде над 200 различни типови клетки, од еден ист генетски материјал. Всушност, епигенетиката истражува како хемиските промени, наречени ,,епигенетички мутации”, делуваат на ,,вклучување” на едни и ,,исклучување” на други гени од геномот. Работите можеме да ги поставиме на следниот начин: Геномот можеме да го замислиме како хардверот, додека епигеномот како софтвер. Геномот ја извршува работата, а епигеномот ги дава насоките која работа треба да биде завршена. Хардверот останува ист во целиот наш животен век, додека софтверот константно се менува. Епигенетските промени можат да се случат во текот на животот, но и да бидат наследени.

                      ,,Вклучувањето” и ,,исклучувањето” или активирањето и инактивацијата на гените всушност значи можност или неможност за понатамошно нивно преведување во протеини со своја функција. На пример црвените крвни клетки имаат карактеристика да создаваат хемоглобин со цел транспортирање на кислородот до секое ткиво. Тоа значи дека кај нив се вклучени или активирани гените кои кодираат создавање токму на протеинот хемоглобин. Кај останатите клетки овој ген е исклучен.

                       Споменатите промени што можат да се случат кај детето, под влијание на исхраната на мајката се во насока на зголемен ризик од обезност.

                      Авторите нагласуваат дека потребни се многу повеќе истражувања на оваа тематика, со цел утврдување на механизмите зад врската на исхраната на мајката и здравјето на детето, како и утврдување на различните други фактори што условуваат обезност кај најмалите. До тогаш, причина плус да живееме здрав живот треба да биде намалениот ризик од обезност кај нашите поколенија.

Извор:

“Maternal dietary quality, inflammatory potential and childhood adiposity: an individual participant data pooled analysis of seven European cohorts in the ALPHABET consortium”

BMC Medicine 2021

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор