fbpx

Како исхраната влијае на менталното здравје?

tonus

Според Светската здравствена организација, со некакви симптоми на депресија се соочуваат повеќе од 350 милиони луѓе ширум светот, од најразлични возрасни групи.

За многумина, депресијата и тагата се една иста работа. Сепак, ова е далеку од вистината. Помеѓу чувството на тага и депресијата постојат суштински разлики. Многу повеќе на оваа тема прочитајте тука.

За жал, помеѓу главните ризик фактори за смртност кај помладите лица се вбројува и депресијата.

"“Online”/

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Во продолжение повеќе информации за едно ново истражување околу поврзаноста помеѓу Медитеранскиот начин на исхрана и симптомите на депресијата.

[Поврзано: Принципи на Медитеранската исхрана]

Нешто повеќе за студијата

Станува збор за истражување спроведено во Австралија во временски интервал од 3 месеци, од страна на истражувачите од Универзитетот во Сиднеј. Трудот е објавен во април 2022 година во American Journal of Clinical Nutrition.

Ова е првата рандомизирана, клиничка студија во однос на влијанието на Медитеранската исхрана на симптомите на депресија кај младите лица (машки). Низ текот на испитувањето, волонтерите доживеале значителна трансформација преминувајќи на Медитеранската исхрана, во однос на тоа каков начин на исхрана практикувале дотогаш. Додека траело истражувањето, следени биле и од стручни лица, нутриционисти.

[Поврзано: Нездравата храна и исхрана можат да имаат лошо влијание и врз нашето расположение!]

Исхраната главно се состоела од најразлична свежа храна, зеленчуци и овошки, риба, потоа ладно цедено маслиново масло, јатки, полнозрнеста храна, мешунки и останата храна типична за медитеранските предели.

Ново медицинско поле со силен потенцијал – “Нутритивна психијатрија”

Едноставно кажано, заклучокот на истражувачите бил следниот: Преминувањето на медитерански начин на исхрана има потенцијал значитечно да ги подобри симптомите на депресијата кај младите мажи. Ова особено важи за младите што имаат депресивни симптоми и лоши, нездрави навики во однос на исхраната.

Ваквите информации сугерираат дека докторите и психолозите треба со многу поголема сериозност да пристапуваат кон навиките за исхрана на пациентите што страдаат од депресија, особено од нејзините клинички облици. Всушност, начинот на исхрана треба да биде дел од целокупниот третман на состојбата.

Околу 90% од серотонинот се создава во дигестивниот систем!

Истражувањето допринесува кон новото медицинско поле, т.н. ‘’нутритивна психијатрија”, чија цел е испитување на ефектот на одредени нутриенти, прехранбени продукти, но и ефектот на целокупниот шаблон на исхрана врз менталното здравје на човекот.

Постојат повеќе причини заради коишто научниците се сомневаат дека храната влијае на нашето расположение. На пример, околу 90% од серотонинот, просто кажано хемикалија која ни помага да се чувствуваме добро/среќно, се создава во нашата дигестија, односно од нашиот корисен микробиом – комплексот микроорганизми или нашата цревна флора.

[Поврзано: Во нашата цревна флора постојат и ДОБРИ вируси – наши сојузници!]

Постојат се’ повеќе докази дека овие корисни микроби можат да ,,комуницираат” со мозокот преку најдолгиот нерв во нашето тело, нервот вагус, односно преку она што се нарекува мозочно-дигестивна оска или акциса.

Оваа акциса претставува мрежа од меѓусебно поврзани неврони. Индиректно, стомакот и мозокот се поврзани и на повеќе други различни физички и биохемиски начини.

[Поврзано: Не е мит. Мозокот и дигестијата се поврзани!]

Особено важна храна – пребиотска храна!

За да ги одржиме во оптимална состојба корисните пријатели, жителите на нашата микрофлора, потребно е да имаме добра исхрана, пред се’ да консумираме храна богата со растителни влакна (пребиотици). Со вакви хранливи материи особено богата е медитеранската храна (намирниците споменати погоре).

[Поврзано: 6 конкретни здравствени придобивки од ПРЕбиотиците]

Покрај тоа што било утврдено дека Медитеранската исхрана ги подобрува симптомите кај оваа група на лица, можеби уште поважно е откритието дека депресивните лица покажале тенденција да ги задржат принципите на оваа исхрана и по минатите 3 месеци.

Ова покажува колку Медитеранската исхрана се покажала како ефективна, применлива и практична интервенција кај лицата со депресија.

Извор:

The effect of a Mediterranean diet on the symptoms of depression in young males (the “AMMEND” study): A Randomized Control Trial, The American Journal of Clinical Nutrition, 20 April 2022

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор