fbpx

Истражување – поврзаноста меѓу исхраната и ризикот за рак на простатата

tonus

Некои глобални проценки велат дека еден во 8 мажи или околу 12% од мажите ќе бидат дијагностицирани со рак на простата во некој момент од животот. Секако, овие бројки зависат од повеќе различни фактори и во нашата држава ваквата статистика би била поинаква. Но, неоспорно е дека ракот на простатата е сериозен проблем за мажите и на истиот треба да се посвети сериозно внимание. На темата машко здравје и поконкретно за простатата, имаме пишувано и во претходна статија која може да ја најдете тука. Денес, ќе зборуваме за едно неодамнешно истражување кое утврдило интересна поврзаност меѓу исхраната и цревната микрофлора и ризикот за појава на рак на простатата.

Рак на простатата – чест и сериозен здравствен проблем кај мажите

Ракот на простата, како што веќе споменавме, е еден од најчестите типови рак кој се јавува кај мажите. Најчесто канцерот на простатата расте бавно и не се шири на околните ткива и поради тоа често не предизвикува голема и сериозна штета. Но, постојат и поагресивни типови на рак кои може да се јават, а истите се шират брзо и како такви може да предизвикаат сериозни проблеми. Еден од главните чекори за успешно третирање и справување со ракот на простатата се смета дека е раната дијагностика.

Кога е во раната фаза, ракот на простатата може да не предизвикува никакви симптоми, додека во понапредната фаза може да предизвика:

"“Online”/
  • Проблеми со мокрењето
  • Крв во урината
  • Болки
  • Губење на телесната тежина
  • Еректилна дисфункција и сл.

Како ризик фактори за појава на рак на простата се сметаат:

  • Возраста – ризикот се зголемува со возраста и ваквиот тип на канцер најчесто се јавува кај мажите по педесеттата година.
  • Генетика и фамилијарни предиспозиции – ризикот се зголемува доколку член од семејството имал рак на простата
  • Прекумерна телесна тежина – ризикот се зголемува за мажите кои имаат прекумерна телесна тежина, а кај нив и ризикот канцерот да биде поагресивен е исто така зголемен.

Истражување – промените во исхраната може да го намалат ризикот за појава на рак на простатата

Едно неодамнешно истражување ја согледало поврзаноста меѓу ракот на простата и исхраната кај мажите. Поконкретно, била проучувана поврзаноста меѓу цревната микрофлора и соединенијата која таа ги создава и ризикот за рак на простата. Во студијата биле вклучени над 70.000 мажи на возраст од 55 до 74 години. Кај нив, биле вршени испитувања за детектирање на рак на простата, а нивната состојба и здравје биле следени во период од 13 години. Биле анализирани и нивоата на одредени нутриенти и метаболити во крвотокот на околу 700 мажи.

Научниците октриле дека одредени присутни соединенија (метаболити), некои произведени од нашата микрофлора, го зголемуваат ризикот за појава на рак на простата. Создавањето на овие соединенија од страна на нашата цревна микрофлора е директно поврзано и зависно од исхраната. Дел од ваквите метаболити се: фенилацетилглутамин, холин и бетаин. Овие три метаболити биле поврзани и со посериозни и поагресивни форми на рак. Тие се создаваат при разградбата на одредени типови храна, а се внесуваат и директно преку некои намирници. Присуството на овие метаболити го зголемило ризикот за рак за дури 2 до 2,5 пати во одредени случаи.

Бидејќи ваквите соединенија се природно присутни и во одредени типови намирници, се смета дека интеракциите и начинот на кој цревната микрофлора ја метаболизира храната е клучно за зголемениот ризик за рак на простата. Воглавно, научниците сметаат дека дел од ризикот може да се намали со намален внес на месо и месни производи, но проблемот не лежи само во овие намирници бидејќи ваквите метаболити е тешко да се елиминираат. Се смета дека црвеното месо и процесираните месни производи се главните намирници кои треба да се избегнуваат или да се консумираат во мали количини и што е можно поретко.

Здравата и избалансирана исхрана која се фокусира на употребата на свежи намирници (првенствено зеленчук и овошје, јатки, мешунки, полнозрнести житарки, семиња, риба и сл.) може да помогне при превенција, но и при самиот процес на третирањето на ракот на простата. Дополнително, физичката активност и одржувањето на телесната тежина исто така може да има значително позитивни бенефити во поглед на ризикот за појава на овој тип канцер. Покрај тоа, важно е да се прават редовни лекарски прегледи, особено доколку постои одреден симптом кој може да јави загриженост.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор