fbpx

А што вели науката за вкусните јагоди?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Јагодите се омиленото овошје на многумина од нас, но освен што се превкусни, тие ни нудат и низа на корисни дејства за здравјето.

Јагодата (Fragaria ananassa) потекнува од Европа, од 18 век, односно е хибрид од два диви вида на јагоди од Северна Америка и Чиле.

Има интензивна црвена боја и е меѓу најслатките и сочни овошки.

"“Online”/

Овие бобести овошки се најпознати по својот екстремно богат антиоксидативен состав на кој всушност и се должат повеќето корисни влијанија, како: срцево здравје, контрола на шеќерот во крвта итн.

Освен како свежо овошје, тие се јадат често во различни комбинации на салати, џемови, како додатоци на различни десерти итн.

Во продолжение неколку од најважните здравствени бенефити на јагодите кои произлегуваат од нивниот импресивен состав.

Fibro Gel

Нутритивно-густа храна!

Дефиницијата за нутритивно-густа храна гласи: секоја храна која има висок процент на вода и хранливи материи, а ниска енергетска концентрација. Јагодите се токму такви овошки. Имаат 91% вода, 7,7g јаглехидрати(од кои 5g прости шеќери) и нешто под 1g протеини и масти.  Значи само 30kcal на 100g.

Покрај ова, јагодите содржат и 2g растителни влакна и низа на микронутриенти и антиоксидативни компоненти.


Витамини и минерали

Најзастапените витамини и минерали кај јагодите се:

Витамин Ц – јагодите се одличен извор на витамин Ц, кој покрај антиоксидативната улога има и имуностимулирачка, а значаен е и за кожата.

Манган – овој минерал е еден од најзначајните ,,минерали во траги” кои се есенцијални за организмот.

Витамин Б9 (фолна киселина) – клучен за нормалниот раст на ткивата и функционирањето на клетките, а особено значаен кај бремените жени.

Калиум – есенцијален минерал, со повеќе значајни функции во организмот, помеѓу кои и регулирањето на крвниот притисок.

Во помали количини јагодите содржат и железо, бакар, магнезиум, фосфор, витамин Б6, витамин К и витамин Е.


Фитохемикалии и нивнато антиоксидативно и антивоспалително дејство

Јагодите се богат извор и на други растителни антиоксидативни компоненти, како:

Пеларгонидин – главен антоцијанин на јагодите, компонента која е одговорна за сјајната црвена боја.

Елагична киселина – полифенолен антиоксидант со низа на корисни дејства.

Елагитанини – компоненти кои во дигестијата преминуваат во елагична киселина.

Процијаницини – антиоксиданти пронајдени во семето и обвивката на јагодите, со низа потврдени корисни дејства.

Антиоксидантите се компоненти кои превенираат оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и внесените антиоксиданти. Дисбалансот може да води кон оксидативен стрес, тоа кон хронични воспалителни процеси, главен ризик-фактор за повеќето хронични заболувања.

Имајќи предвид дека телото постојано продуцира слободни радикали, внесот на антиоксидантите преку храната треба да биде исто така постојан.

Антоцијанините кои се одговорни за сјајната црвена боја на јагодите, студиите пред сé ги поврзуваат со корисни дејства на кардиоваскуларното здравје. Додека, полифенолните антиоксиданти, како елагичната киселина, се поврзуваат со антиканцерогено дејство.

Јагодите се сметаат за најдобар извор на полифенолни антиоксиданти од целата достапна храна.

Кардиоваскуларно здравје

Најглавната причина за смртност, во глобални рамки се срцевите заболувања. Како што и претходно споменавме, антоцијанините од јагодите силно се поврзуваат со намалувањето на ризикот од срцеви заболувања.

Огромен број на студии го потврдуваат ова, но и следните неколку позитивни влијанија:

• го подобруваат антиоксидативниот статус на крвта

• го намалуваат оксидативниот стрес

• го намалуваат воспалението

• го подобруваат здравјето на крвните садови

• придонесуваат за оптимизирање на липидниот профил на крвта

• го намалуваат ,,лошиот” LDL холестерол

Регулирање на шеќерот во крвта

Јагодите имаат релативно низок гликемиски индекс, односно не прават силни глукозни пикови во крвта, по самата консумација.

Дисбалансот во нивоата на шеќер во крвта и исхраната богата со прости шеќери, се поврзува со зголемен ризик од гојазност, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Студиите консеквентно покажуваат дека јагодите делуваат на успорување на дигестијата и намалување на пиковите и на глукозата, но и на инсулинот по оброците, во споредба со јаглехидратни оброци кои не содржеле јагоди.

На тој начин, јагодите можат да бидат корисни во превенирањето на метаболитичкиот синдром и дијабетесот тип 2.

Превенција од канцер

Формирањето и прогресирањето на канцерот многу често се поврзува со оксидативниот стрес и хроничните воспалителни процеси.

Низа на студии покажуваат дека бобестото овошје може да превенира од неколку типови на рак, преку својата способност силно да се бори со оксидативниот стрес и хроничното воспаление.

Главното, овој потенцијално заштитен ефект на јагодите главно се должи на елагичната киселина и елагитанините, за кои повеќе истражувања утврдиле некакво антиканцерогено дејство.

Сепак, на оваа тематика се потребни повеќе истражувања.

Нутритивно-густата храна која е богата со растителни влакна, помага при процесот на слабеење

Имајќи предвид дека јагодите се густо-нутритивна храна, односно храна која е сиромашна со калории, но особено богата со хранливи материи, очекувано е да допринесе во процесот на слабеење.

Дополнително, сé повеќе студии укажуваат на значајноста на растителни влакна, со кои се исто така богати јагодите, за слабеењето, намалувањето на шеќерот во крвта, но и за добрата дигестија.

Тие допринесуваат за слабеењето и контролата на шеќерот преку попречувањето на работата на дигестивните ензими и врзувањето на водата, што може да промовира чувство на ситост. На тој начин и апсорпцијата на глукозата во крвотокот е намалена.

Fibro Gel

Фиберот исто така представува храна за присутната природна, корисна микрофлора. Во последно време, балансот или здравјето на цревната микрофлора сé повеќе студии го поврзуваат со општото здравје.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X